Дијаспора

Весникот „Денес“ – најтиражното информативно македонско гласило во Австралија (27)

vesnik-denes-avstralija

vesnik-denes-avstralija

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

На 2 август 1992 година во Томастаун, предградие на Мелбурн, се појави првиот број на весникот „Денес“, кој е отпечатен на 24 страници, на формат 41×30 см., на македонски   јазик со кирилица и на англиски јазик, чија цена на чинење е 1,20 австралиски долари. Излегува секој понеделник, како неделник, го подготвува заедничка редакција по име „Македонско-австралиско пријателство“ од Викторија, Нов Јужен Велс и Западна Австралија, а се дистрибуира на петтиот континент и насекаде во светот каде што живеат Макадонци.

Во воведната статија, покрај другото, се вели: „Да се задаволат зголемените потреби од добро и сестрано информирање, ќе биде првата задача на гласилото. Да се негува и унапредува австралиско-македонското пријателство, ќе биде втората задача рамна на првата. Како во некој мозаик, ќе се води беспрекорна грижа за хармонична застапеност на сите вредности, како во бизнисот, така во социјалниот, културниот, спортскиот и верскиот живот на заедницата.

„Денес“ ќе се труди да обезбедува свежи прилози од авторитетни соработници во Македонија и во Европа, да ги толкува сите нови процеси што ќе го зафатат тамошното општество и за кои дијаспората е заинтересирана. Гласилото ќе се дистрибуира малку пошироко и затоа треба да биде огледало на многу настани, што ќе се случуваат на планетата.

Гласилото ќе вложи напор за двојазичност, односно ќе се почитува јазикот на соработниците и особено ќе се внимава она што го публикува „Денеси да биде исклучителна вредност на македонската заедница, која во дијаспората ќе добие и други неделни и месечни изданија. Има место за сите да понудат квалитет. Судбината така сакаше, Македонците да имаат повеќе изданија во дијаопората одошто во Републикатаи.

„ДЕНЕС“ („TODAY“) (1992) — МЕЛБУРН

vesnik-denes-avstralija-2

Веоникот „Денес“ е добро технички уреден и содржи бројни материјали од општествениот, културниот, духовниот, социјалниот и спортскиот живот, посебно на Македонците во Австралија, како и на другите простори и во Македонија. Тој претставува аден од најиздржаните неделни весници во иселеништвото што ое печати на македонски јазик.

Денес ованајтиражното информативно македонско гласило во Австралија, излегува повеќе од 28 години како  „Австралиско-македонски неделник„ и 24 години „Австралиски неделни Денес“.

Така, на одбележувањето на 28-та годишнина и по повод излегувањето на 1.500-от број уредникот Игор Павловски ќе напише: „Нашата судбина е нашиот јазик и денес нема да најдете друг пример на македонски периодичен весник каде било во светот, вклучувајќи ја и Македонија, со толкав континуитет и целосно на слободниот пазар – без каква било субвенција, од првиот ден до денес. Во сите изминати години се трудевме да бидеме коректни партнери со читателите, со цел да ја изградиме и да ја одржуваме меѓусебната доверба и симбиоза. Така и ќе продолжиме да им служиме на нашите во дијаспората“.

vesnik-denes-avstralija-3

МАКЕДОНСКИ СТРАНИЦИ ВО ПЕЧАТОТ НА ДРУГИНАЦИИ

Во последната деценија и половина на дваесеттиот век, во одредени глаоила што се печатеа на хрватско-српски јазик (српско-хрватски), се јавуваа и македонски страници, на кои беа застапени куси вести и информации од активностите во македонските колонии, од кои поголемиот број беа преземени од некои гласила шта се печатат во Република Ма- кедонија. Тоа се правеше, пред се’, од економски причини, како дел од југословенското заедништво, како и од тоа што македонските доселеници чиј број е значително поголем од многу други народи на Балканот, играат значајна улога во општествениот, економскиот, културниот и политичкиот живот во новите средини.

Овие гласила наидуваа на прифаќање кај македонските доселеници, од кои и не мал број биле претплатници јна тие весници, кои во одреден период кога немало автентично македонско гласило во дотичната средина, ги задоволуваа читатетелските потреби кај македонските доселеници. Ваквиот однос и симпатии кон хрватски или српски гласила биле поизразени кај македонските доселеници што дошле од Република Македонија.

Еден од таквите весници беше „Ново доба“ од Сиднеј, во кој од 1975 година цели дваесет години се печатеа и македонски страници, во почетокот само една,; потоа две и три. На овие макодонски страници, кои ги уредуваше Снежана Митревска, поранешен новинар во скопски ,,Вечер“, се поместуваа куси вести од општествениот, културниот и стопанскиот живот во Република Македонија, што најчесто се преземаа од гласила што се печатат во Реоубликата или агенциски вести и информации. Меѓутоа, се чини дека преовладуваа вестите и информациите од активностите во македонските заедиици во Сиднеј и пошироко. Од поактивните соработници на овие страници беа доселениците покојниот Јован Кокаиовски, потоа Кире Циревски, Иван Трповски, Душан Ристевски и други.

Од јануари 1978 година, секој понеделник започна да се печатат македонски страници и во весникот „Наше новине“ од Сиднеј. Тој има формат на скопски „Вечер“, во кој покрај другите соработници беше и Георги Бушиновски.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top