Дијаспора

Разговор со повод: СТЕФО НАНЦУ и театарската престава „ИЗНЕНАДУВАЧКА ЗАБАВА“

stevo-nancu

stevo-nancu

Разговараме со Стефо Нанцу, драматург и режисер, за неговата најнова театарска престава „Изненадувача забава“ која на сцена ја поставува Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Инаку Стефо е еден од најпознатите, спрема творештвото што досега го има остварено, и најплоднотворен театарски работник во Австралија кој зад себе има напишано над четириесет пиеси кои исто ги има режирано, а и повеќе улоги има толкувано во истите. Неговите драми се имаат изведувано на сите континенти во светот и повеќе пати добивал и интернационални награди за театарска уметност.

. Стефо со каква цел и повод ја напишавте ова драма?

Сакав да напишам нешто посебно за помладите гледачи кои доаѓаат да ги гледаат нашите престави. Во минатото, нашиот Театар воглавно даваше продукции за постарата публика и поради тоа сакав да напишам престава за сите генерации, постари и помлади, со цел да биде гледана од сите членови на семејствата.

. Која е главната тема на преставата „Изненадувачка забава“

Има повеќе теми но воглавно е околу младите лица и за тоа тие како се снајдуваат во средината околу нив, ефектите што влијат врз нив поради конфликтите во семејството, културната изолираност, психичкото и физичкото насилство и за животот воопшто кој еден ден изгледа дека е многу мизерен и лош, а другиот ден е убав и фантастичен.

. Покрај глумците од Македонскиот театар, настапуваат и други глумци?

Претходно ја направивме многу успешната драма „Ограда“ во која беа вклучени, покрај македонските, глумци и глумици од либанксата заедница и од други националности вклучувајќи и Абориџанец. Преставата привлече нова публика и за преставата добивме признанија од пошироката јавност, влучувајќи и национална награда за култура. Со „Изненадувачка забава“ сакам да одам еден чекор понапред и да направам повеќе врска со локалните групи и глумци, посебно со помладите лица.

. Изгледа дека оваа престава ќе го промовира македонскиот јазик и култура?

Сакам работата што ја работиме во театарот како Македонци да биде дел од австралјанската културен пејсаж, не само да ги истакнеме нашите искуства и животни приказни туку да бидеме дел од универзалната приказна на емигрантското искуство во ова мултикултурна земја. Сакам луѓето да знаат кои сме и дека нашите искуства што ги имаме во Австралија се слични на повеќе луѓе од други култури, а исто да знаат дека имаме уникатна историја и јазик и јас токму би сакал да ја промовирам оваа наша гордост меѓу помладата гледачка публика.

. Повеќе години работите во АМТ и ги пренесувате своите интернационално здобиени искуства. Какво задоволство понесувате со себе што работите во Македонскиот театар?

Кога го слушам македонскиот јазик, македонските песни, македонските приказни, моето срце чука од голема страст а тоа е во мојата крв и во мојата душа. Јас сакам и сум добар раскажувач на приказни но тогаш кога ќе бидам дел од македонската приказна, уделот мој е поголем како и ризикот е поголем бидејќи целата продукција е дел од мене, искуството што го споделувам не е само дел од мојот живот туку е и дел од мојата кариера во театарот. Во стварност тоа е како поголем надоместок во мојата животна кариера како глумец/писател/режисер да работам со луѓе кои се дел од мојата оставштина и од мојата животна приказна.

. Што е вашата цел – што е следното што би сакале да го направите за македонскта заедница?

Ние имаме илјадници приказни да раскажеме и верувам дека гледачите се жедни да ги слушнат. Луѓето сакаат да бидат разонодени од работи кои се релевантни на нивните животи од карактери преку кои можат да се препознаат, со искуства кои им се блиски на нив, и верувам дека АМТС ќе продолжи да ја следи оваа традиција. Приказните не се секогаш убави и весели, има многу паѓања во животот и треба многу работи да се земат во обзир и меѓусебно да се дискутират, а се надевам дека ваквата дискусија која ќе се земи во обзир ќе доведе до подобар живот за сите нас.

Театарот може да ги експлоатира нашите најдлабоки чувства и мисли и прикаже во сигурна и заедничка атмосфера каде гледачите ќе го споделуваат своето искуство и се чувствуваат дека нивниот живот е важен, почитуван и се претставува нивниот начин на живеење со почит.

И доколку младите луѓе ќе можат да се инспирираат и да ги земат предизвиците и придонесат кон нашите патувања низ животот, тогаш иднината е посветла за сите нас.

Душан Ристевски

„Изненадувачка забава“ ќе се прикаже во:

Рогдаел – Rockdale

Ilinden Macedonian Cultural Centre

65 Railway Street

Петок 28 април, 19 часот

Сабота 29 април, 19 часот

Бенкстеон – Bankstown

Bankstown Polish Club

11 East Terrace

Петок 5 мај, 19 часот

Калтон – Carlton

Shopfront Theatre

88 Carlton Pde.

Недела 7 мај, 18 часот

Волонгонг – Wollongong

Sun Lounge Function & Reception Centre

14 Stewart Street

Сабота 13 мај, 19 часо

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top