Дијаспора

Македонски радио – часовите – дел од етничката програма на Австралија (29)

radio29-2

radio29-2

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Во 1977 година на државната етничка радиостаница ЗЕА, а во рамките на Југословенскиот радио-час, односно Австралиско-југословенската добротворна заадница, чиј претседател беше Борис Трајков, започна емисијата на македонски јазик. Потоа овој радио-час работеше како Македонска радио-програма, чиј координатор беа Маргарита Василева, која ја уредташе и водеше програмата заедно со Виолета Јовановска, Борис Трајков, Златко Блаер и други.

Македонската радио рограма на Радиостаницата ЗЕА се емитуваше во различно време. Така, во 1977 година се пренесуваше секој четврток и петок од 19 до 20 часот, а во 1978 година и секо!ја недела од 7 до 8 чаоот. Од 1986 до 1989 година се емитуваше од 18,45 до 19,30 часот во четврток, од 7 до 8 часот во петок, а од 1986 година продолжи да се емитува секој вторник, четврток и сабота по еден час, како и секоја четврта недела по еден час.

Емисиите на оваа програма беа подготвени профеоионално и се водеа на македонски и на англиски јазик. Застапени беа вести, разговори, интервјуа, од историјата на македонскиот народ, од културата, од образованието, за црковното живеење, инфор- мации за актуелните настани, забавно-рекреативни програми и други емисии што директно или индиректно ги добиваа од Македонското радио од Скоије, со кое имаа тесни врски и контакти, како и од ооработниците Марјан Велевски и Фиданка Танаскова, новинари од Скопје.

Во 1980 година на Радиостаницата 3 СК 855 АМ (Комјунити радио) започна да се емитува програмата „Македонија зборуваи. Организатор на овој радио-час беше Австралиско-македонската драмска група од Мелбурн, а ја уредуваа членави на поткомитетот на Драмската секција. Во почетокот еден од водителите беше и Џим Томев, а пота оваа програма започна да ја води и уредува Вик Стојков. Таа се емитуваше секој петок од 18,30 до 19,00 часот.  Започнуваше оо македонско народно оро, а се водеше на              македонски и на англиски јазик. Типот на програмата на овој радио-час беше од уметнички карактер, при што беа застапени вести, интервјуа, разговори, радио-драми, поезија, за активностите од македонската заедница и др. Радио-часот повеќе беше наменет за младите Австралијанци од македонско потекло.

Во 1989 годииа, на Етничката радиостаница 3 222 РМ која е сопственост на Владата на Австралија, ФОМАВ (Федерацијата на македонските асацијации во Викторија) во Мелбурн го започна македонскиот радио-час што се емитуваше секој вторник од 17 до 18 и четврток од 16 до 17 часот. На оваа програма на која координатор беше Никола Тасевски беа застапени: музика, спорт, коментари, информации за младите, особено од образо- ванието и други емисии. И оваа радио-програма имаше тесни врски со Македонското радио од Скопје, од кое и се испраќаат снимени материјали, или се вклучуваа директно за одреден број емисии.

Исто така, во 1989 годииа на Радиостаницата 3 СК (Комјунити радио) во рамките на Југословенската добротворна заедница, започна да се емитува секој понеделник од 20 до 21 часот македонската радио-програма што ја уредуваше и вадеше Владо Спировски, а му помагаше и беше спикер Лилјана Симеонова. Оваа програма имаше информативно-забавен карактер, при што се емитуваа најнови вести од Македонија и Австралија, поздрави и честитки, како и информации од секојдневното живеење на македонската заедница во Мелбурн и пошироко.

Потоа, во Мелбурн, на станицата „Лленти Валеј“ 88,6 РМ се започна да се емитува македонска радио-програма што Јанко Горѓиевски ја водеше и ја уредуваше секој вторник од 13 до 14 часот. Потоа секој четврток од 20 до 21 часот, на Радиостаницата 3 СК. 855 АМ се емитуваше македонски радио-час, а исти таков час се емитуваше секоја сабота од 9 до 10 часот на Радиостаницата 3 ШК 96,5 РМ.

Во Австралија можеше да се добијат куси информации и вести на македонски јазик, и на телефон преку Телеком компанијата во текот на целото деноноќие. Спикер и подготвувач на овие емисии беше Лилјана Стојановска од Мелбурн.

Македонскиот збор во Њукасл, пак,  првпат се слушнал на 31 јули 1949 година, по повод 46-годишнината од Илинденското востание, кога се зборувало за ослободителните борби на македонскиот народ. Во текот на програмата се давале и соопштенија, најмногу врзани за прославата на Илинден и се емитувале македонски народни песни и ора.

Меѓутоа, оваа програма била со кус век, а се чини дека таа била поттик за македонските доселениди да покренат иницијатива за радио-час во седумдесеттите години. Тој се активира во 1977/78 година пред изборната кампања на Либералната партија, која вети доколку победи таа партија, оите етнички групи ќе добијат радио-часови на мајчин јазик. Така и се случи. На 22 март 1978 година во 19 часот првпат се пренесе македонскиот збрр, песната и орото низ етерот на Њукасл.

Иницијатори на Македонскиот радио-час биле поголем број македонски доселееици, меѓу кои Раде Ефтимовски, Здравко Цветковски, Мери Гаврилова и Лилјана Саздов кои беа и првите аматери-уредници и водители на радиостаницата 2 МУ- КРМ на бранова должива од 103,7 мегахерци во Њукаел. Во март 1979 година во уредувањето на радио-часот се вклучиле Веса Најдовска, Панде Танчевски и Мица Јосифовска, а по една година од формирањето и Гордана Крекова, Илија Груевски, Блаже Буловски, Јове Јовачевски и Мица Јосифовска. Нојдолг период оваа програма ја водеше и ја уредуваше брачната    двојка Ружа и Јосиф Бендевски, а последните години уредник и водител беше Мери (Марија) Гаврилова на која и помагаше нејзиеиот сопруг Димче.

Времетраењето на овој македонски радио-час во почетокот беше половина час, а потоа еден час, колку што и продолжи да се емитува на Радио станицата 2 М1ЈК. секој четврток од 18,30 до 19,30. На оваа мултикултурална радио-програма за македонската заедница во Њукаол и околината беа застапени вести од општествено-политичкото и културното живеење, од опортот, реклами, поздрави и честитки и други известувања.

Меѓу првите етнички радио-програми во Сиднеј, пак, е македонската. Така Македонскиот радио-час започна да се емитува на 13 јули 1975 година на Радиостаницата 2 ЕА во Сиднеј, кога првпат се слушна македонскиот збор и песната на тие австралиски демократски простори. Во рамките на етничкото радио, покрај јазиците на другите народи во Австралија, одекна македонската песна.

Со тоа австралиските власти им дозволија на македонските доселеници во рамките на експерименталната програма тие сами да подготвуваат пригодни емисии. Д-р Васил Тулевски ја имаше улогата на директор на радио-часот, потоа учествуваа Зага и Борис Добросавлевски и Јонче Кокаловски, спикер беше Ѓорѓи Бушиновски, а музички уредник Перо Кикиреков. Втората радио-протрама беше емитувана на 3 август и се повторуваше три пати во траење од по два чаоа. Започна во 8 часот* а беше посветена на најголемиот од сите големи празници на македонскиот народ — Илинден

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top