Дијаспора

Во Сиднеј премиера на: ИЗНЕНАДУВАЧКА ЗАБАВА

iznenaduvacka-zabava-1

iznenaduvacka-zabava-1

Минатиот петок, 28 април, во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдаел (Сиднеј) се изведе премерата на драмата Изненадувачка забава од Стефо Нанцу во изведба на реномираниот Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Како и што беше најавено, преставата беше наменета за помладата гледачка бублика по повод Неделата на младите, но исто наменета за сите генерации со теми тесно поврзани на македонските семејства во Австралија: културната изолираност, конфликт во семејството, притисокот врз младите, економските тешкотии, гордоста за своето име, јазик и нација… Драмскиот писател и режисер кој исто така се појавува како глумец во повеќе улоги, Стефо Нанцу, донесе свежина на сцената со приклучување на седумнаесет актери од 7 годишна до 60 годишна возраст, актери од македонска и друга националност, само да се долови мултикултурниот дух во кој се живее во Австралија. Во еден мозаик на секојдневни збиднувања се следи животната приказна на Кирил (Антонио Нешковски), неговата сестра Кристина (Стефани Тодоровски) и малиот брат Кристиан (Стефан Нешковски) во семејството каде владее конфликт помеѓу Мариа (Гордана Милошевска) и Луи (Зоран Гулабовски). Во целата таа конфузија на секојдневната „борба“ да се задоволат потребите на сите членови во семејството се појавуваат дедо Борис (Васко Србиновски) и баба Лена (Илдико Кис) кои се обидуваат да ги „решат“ проблемите во семејството.

iznenaduvacka-zabava-2

На прв поглед изгледа дека семејството се распаѓа се додека не се дознае животот на другите семејства, како на Оска (Ребека Осаливан) и траумити на Бинг (Изабел Џордан) низ кои поминуваат некои млади во Австралија и секојдневните семејни разочарувања на Ребел (Софиа Тудмен) и успесите на Даш (Мајкал Кулевски), а и животните сонови на постарите како на Мила (Јаворка Котевска), а сето тоа преку интеракцијата на пешачкиот премин каде грижителот/заштитникот а и набљудувачот на луѓето кои ги делат своите проблеми со Алекса (Валентина Апостоловска) дознаваме дека љубовта кон луѓето во средината во која живееме е битна за нашата егзистенција.

iznenaduvacka-zabava-3

На многу природен и професионален начи ги интерпретираа своите карактери, како пример би ја спомнал наставничката Г-ѓа Стил (Марика Кулевска), Татјана Нешковска во улогата на Заклинда покажа дека е изврсна актерка иако по втор пат е на сцена како и Ан-Марие Вајлс во улогата на Бронвин која после повеќе години се врати на сцена и Илдико Кис со голем професионализам ја изигра/трансформира улогата на баба Лена. Младите Стефани, Стефан, Софиа, Мајкал Ребека и Изабел иако за прва пат се на сцена покажаа дека имаат голем артистички/глумачи потенцијал за кои доправа ќе слушаме, посебно би го спомнал седум годишниот Стефан. Ветераните на АМНТ Стефо, Васко, Валентина, Гордана, а посебно Зоран и Антонио покажаа вистинска професионалност со високи глумачки вештини за кои треба да се гордееме што се дел од овој Театат.

iznenaduvacka-zabava-4

Сценографијата и музиката беше на Стефо Нанцу и Никола Апостоловски кој исто управуваше со светлата.

Честитки до режисерот Стефо и целата екипа на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој за последните девет години од формирањето на сцена успешно има поставено идинаесет драми и две монодрами.

Следните престави на Неочекувана забава се во Bankstown на 5 мај во 19 часот во Bankstown Polish Club, 11 East Terrace, во Carlton на 7 мај во 18 часот во Shopfront Theatre, 88 Carlton Pde., во Wollongong на 13 мај во 19 часот во Sun Lounge Function & Reception Centre, 14 Stewart St.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top