Дијаспора

Во метрополата на германската вистина – Берлин (4)

berlin4-1

berlin4-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ГЕРМАНИЈА

Речиси секој дојденец во Хамбург, од повеќе причини, задолжително ја посетува железничката станица. Таа е, буквално, подземна железничка станица сместена во строгиот центар на градот и е поврзана со сите делови од градот, со најголем покрив од сите же­лез­нич­­­­ки станици во Германија, којшто е долг 140 метри, широк 120 метри, а висок 35 метри. Под таа железна конструкција има бројни ресторани, киосци, продавници, во кои врие како во кошница, поради нивното работно време.

От­тука, посетителот ги има сите врски со под­зем­на­­та и надземната железница, кои како со нож го се­чат градот и го превезуваат ефикасно најголемиот број од неговите жители и посетители. За жал, околу же­лезничката станица се собираат и најголемиот број корисници и дилери на современото зло на чо­веш­твото – дрогата, во што и се уверивме при нашата посета.

Посебно впечатлива е авенијата „Мон­кеберг“, со многуте стоковни ку­ќи, трговски дуќани и други интересни објекти, какви што се црквата „Свети Јакоб“, во која има три цркви посветени на свети Лука, на свети Петар и на свети Тројца, а ко­ја е изградена во XIV век. Оваа црква е позната и по фамозната Штитгерова органа од XVII век, на која еднаш свирел и Јохан Себастијан-Бах. Во не­по­сред­на близина на центарот е градскиот пазар од кој се пружа прекрасна глетка кон најзначајната и нај­­познатата зграда на Хамбург – Ратхаус (Градското со­брание). Тоа е нај­пре­поз­нат­ливата, најубавата, нај­сли­ка­ната зграда и симбол на гра­дот. Овој значаен и по многу нешта специфичен и ин­тересен објект е из­гра­ден кон крајот на XIX век во нео­ре­не­сан­сен стил. Ратхаусот е симбол на са­модовербата на гра­­ѓаните, како и седиште на Се­натот и на Градскиот пар­­ламент.

Зградата лежи на мочурлива почва. Затоа при из­градбата било потребно да се вложат големи на­пори и средства за денес таа да се вишнее во небото и да £ пркоси на иднината. Кулата што е симетрично по­­ставена во средината на зградата и која е главен влез, од каде се поврзани сите нејзини делови, е ви­­со­ка 112 метри. А таа зграда – убавица на Хамбург, како често ја нарекуваат, има 647 соби, односно шест повеќе од Бакингемската палата во Лондон. Целата е во преубав мермер, украсена со позлатени предмети, вредни умет­нички слики, орнаментика, де­ко­ра­ции, ме­бел и сè што било убаво и значајно во минатиот век.

Хамбург е градот во кој се доселиле жители од европските и другите земји, меѓу кои и неколку ил­јади Македонци, од сите краишта на Македонија. Пр­вите дојденци или „привремено вработени“, како често ги нарекуваме (а кои останаа постојано), се до­селиле околу 70-тите години на минатиот век, кога кај нив  започнал пр­виот процес на организирање во одреден број асо­ци­јации. Меѓутоа, се чини дека Македонскиот клуб „Илинден“ и Македонската православна црква „Свети Ѓорѓи Кратовски“ остануваат да би­дат место со најзначајните активности што ги реа­ли­зираат Македонците во тој дел од Германија.

По Хамбург следната наша дестинација беше Бон, сместен на бре­го­вите на реката Рајна, со околу 200.000 жители. Тоа е род­ното место на Лудвиг ван Бетовен, градот на старата рим­ска тврдина и на други стари и нови зданија. Во минатото во Бон биле смес­тени речиси сите дипломатски претставништва од светот, чиј број изнесувал 150, поради што го на­ре­ку­вале и град на дипломатијата. Меѓутоа, најголемиот број диломатски претставништва се преселиле во Берлин.

По кусата прошетка низ Бон се упативме кон хо­телот „Холидеј ин“, каде се одржа заедничка сред­­­­ба на македонските клубови, друштва и цр­ков­ни оп­ш­тини со претставници на амбасадата на Ре­пуб­ли­ка Македонија во Германија. Средбата беше убаво ос­мислена, органи-зирана и посетена од прет­став­ници речиси на сите македонски асоцијации во Гер­ма­нија.

Го напуштивме Бон и се упативме кон Келн.  Како и Хамбург и Келн е град – пристаниште, но на реката Рајна, во близина на Рур, главен град на Северна Рајна Вест­фалија, со која Република Македонија има многу доб­ри економски односи. Кога го гле­давме Келн, се потсетивме на податокот дека таму е нај­ста­­риот универзитет во Германија, основан во 1388 го­­дина, дека има бројни готски и романски објекти, вклу­чувајќи ја и познатата Келтска катедрала.

Потоа, заминавме за Берлин, главниот град на Гер­манија кој со својата местоположба е исто толку оддалечен од центарот на Германија како и Бон, со тоа што тој се наоѓа во центарот на Европа. Поблиску е до Прага и до Копенхаген, отколку до Бон и одвај да е нешто подалеку од Варшава, отколку од Франкфурт на Мајна. Надежта дека Берлин ќе биде во мож­ност да го добие значењето што го имаше за вре­ме на Вајмаровата Република е оправдана. Интелектуалниот „лонец за топење“ и ковачницата на таленти, кои му ја дол­желе својата привлечност на судирот меѓу Западот и Истокот можат повторно да бидат создадени.

berlin4-2
Берлин

Како и во 20-тите години од минатиот век, Берлин е меѓународен, кос­мополитски град и град на културата, со исклу­чи­тел­но жива квалитетна и разновидна театарска, уметничка и музичка понуда. 

Во Берлин човек во поголема мера се соочува и со германската историја – со објекти и споменици на Прусија и на германското царство, со архитектура на Вајмаровата Република, со докази за Третиот рајх со места од кои се вршени прогони на Евреите со докази за едно поинакво време и настани. Ова соочување со минатото, исто така, може да пре­диз­вика политичарите на новата генерација да бидат предводници на сосема друг курс во модерните текови и предизвици.

Германија, европскиот и светскиот џин и водечката сила во Европската унија, е примамлива дестинација во која се доаѓа, се гледа, се шета или се работи и се замину-ва, а патеписецот останува со извонредни впечатоци за минатите времиња и времињата што доаѓаат.

Се вративме во Франкфурт каде останавме цел ден, бидејќи авионот за Скопје леташе во вечерните часови. На аеродромот имаше многу патници кои ги преплавија фри-шоповите каде купуваа стока од цел свет, и имавме чувство како да сме во некој голем трговски центар. За разлика од прекуокеанските летови кои тргнуваат од аеродромската зграда, ние требаше да одиме со автобус до нашиот авион кој беше на една споредна писта, како и други авиони, особено од источните земји на Европа.

Летот за Скопје беше удобен и безбеден. Слеговме во Скопје каде бевме пречекани од неколку пријатели. Тука се чувствувавме посигурни бидејќи бевме на македонска земја.

Крај

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top