Дијаспора

„Македонска нација“ – најзначаен весник на македонската емиграција во Европа (5)

makedonska-nacija-vesnik-180

makedonska-nacija-vesnik-180

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Информативните гласила во македонската дијаспора во голем број случаи го носат името “Македонија”, кое јасно говори за нивната силна врска со нивната дедовска земја, етничка Македонија, додека одреден број гласила носат имиња на некои историски настан или личности.

Само за илустрација ќе споменеме дека, во изминатите педесеттина години под името “Македонија” во македонската дијаспора има педесеттина гласила во чии содржини се вклучени културни и историски настани. Тие настојуваат да ги разбудат патриотските чувства кај читателите и, уште поважно што тоа се едни од начините за поддршка на дедовската земја – етничка Македонија.

Публикацијата “Македонскиот иселенички печат” е прв обид за дело од ваков вид во Македонија и има за цел да ја пополни празнината во историската анализа на печатот на македонските иселеници, во еден дел во Европа, денес Евроска Унија. Оваа дело има за цел да ја збогати новинарската историографија, која во последните неколку децении е широко развиена кај Македонците на стариот континет-Европа.

Инаку, треба да се нагласи дека македонските информативни гласила во дијаспората, имаат посебно значење и играат огромна улога во зачувувањето на македонскиот јазик, тие се поттикнувачи во врска со продлабочувањето на националниот дух и самобитноста, како и продолжувачи на културните вредности на Македонците во новите средини. Во исто време информативните гласила во дијаспората го јакнат единството меѓу иселениците од сите делови на Македонија.

„МАКЕДОНСКА НАЦИЈА” (1971—1990) — МИНХЕН

makedonska-nacija-1971

Гласилото „Македонска нација” беше регистрирано како независно списание за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печатеше во Минхен. Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари—февруари), во почетните броеви како незавионо гласило, а потоа како орган на Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) и на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ).

Се печатеше на македонски јазик, на триесетина страници, на формат како списание на 21 х29 см. Главата на списанието е на македонски јазик, меѓутоа се менува бојата на секое клише. Од шестиот број понатаму се наведуваат уредниците, најнапред е Драги Радински, потоа Драган Богдановски, потоа инж. Танас Ташев, Благој Шамбевски, Ване Самоилов и други.

Во воведната статија од првиот број се нагласува следното: „Само во еден дел од нашата страдална татковина, во Вардарска Македоиија, Македонецот денес може слободно да го изрази своето национално чувство, да каже дека е Македонец. Во другите два дела на несреќна Македонија, нашите сонародници се присилени да бидат викани она што тие не се, па дури да не смеат да зборуваат на својот мајчин јазик. Нашите браќа и сестри под грчкото и бутарското ропство постојано се изложени на систематски денационализаторски режими кои имаат за цел да ги уништат како народ, да ги погрчи и да ги побугарчи, или пак присилно да се иселат од нивните родни огништа..,

Во сеопштиот македонски национален подем живо учествуваат и македонските иселеници и емнгранти во надворешниот свет, како и македонските нови печалбари што се на привремена работа во туѓина, сплотувајќи се во прв ред под топлото мајчинско крило на својата национална автокефална Македонска православна црква. Како одраз на тој национален живот на македонските иселеници, емигранти и привремените печалбари во туѓина, се појави ова скромно списание чие име е „Македонска нација”.

Во продолжвкие се вели дека целите на списанието „Македонска нација”, покрај другото, се да ги заштити националните интереси на целокупниот македонски народ; да води борба за извојување национални права и слободи за Македонците под Грција и Бугарија; да подготвува терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална целина; да работи за побогат духовен, културен и политички живот на Македонците во туѓина и да ја шири во надворешниот свет вистината за Македонија и македонскиот народ, разобличувајќи ги притоа лагите и клеветите што га шират балканските националисти и империјалисти.

Притоа, името на списанието јасно го оцртува неговиот општ македонски национален карактер, односно дека тоа нe e орган на политичка партија, друштво или организација, туку е широка национална трибуна во која може да соработува секој Македонец кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација. Издавачите на „Македонска нација” сметаат дека на македонската нацпонална кауза може да и’ служи секој чесен Македонец без разлика на негавите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност. Списаниего нема цел да биде ни антикомунистичко, ни комунистичко, туку надпартиско, една широка македонска национална трибуна, што ќе работи на постигнување македоиско единство.

Вториот број е отпечатен како двоброј за март и април 1971 годна, на ист формат, на 20 страници, и со променета боја на главата. И наредните четири броеви во 1971 година, се идентични на првиот број како по формата, техничкото решение,  така  и   по  содржината.

Во текот на 1972 година отпечатени се пет броја, од кои од бројот 8 издавач и редактор е Драган Богдановски и се печати во Минхен, Западна Германија, со годишна претплата од 20 ДМ. Од бројот тринаесет како уредник на списапието се јавува  ииж.   Танас  Ташев,   а  подоциа  повторно  Драган   Богдановски.

Од бројот 17 за септември—октомври 1973 година, списанието „Македонска нација” го мени клишсто на главата, со тоа што на левата страна е поместена етничката карта на Македонија. Списанието стана орган на Движењето за обединување на Македонија, дадено и во главата каде што стои слоганот „Македонци обединети за обединета Македонија”. Од бројот 16 пак, како додаток започна да се печати прилогот „Македонска трагедија”, а од бројот 23 списанието „Македонска нација” започна да се печати во Гетеборг и тоа веднаш по смртта на членот Благој Шамбевски.

Содржината на списанието „Македонска нација” обилува со теми кои имаат изразит национален карактер, а кои се претежно од областа на историјата, културата, јазикот, литературата и друго, вклучувајќи ги притоа прашањата и проблемите за обединување на Македонија.

Во наредните дваесетина години „Македонска нација” излегуваше, за жал, со извесни осцилации и прекини, со постојано ривалство, несогласувања и расцеп меѓу лидерите на емигрантските организации. Таков е случајот, покрај другите, со печатењето на бројот 27 од 1975 година и разидувањето мeѓу Драган Богдановски и Ване Самоилов, како и со бројот 90 од 1990 година, во кој е поместено соопштението на Контролната комисија на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОМФ) во кое се коментира наводното одржување на Шестиот конгрес на НОФМ во август 1989 година во Женева, на кој учествувал „само” д-р Богољуб Андоновски (во конфликт со Драган Богдановски). Поради тоа бројот 92 од 1990 година, на „Македонска нација” се јавува како орган на НОФМ и го уредува редакциски колегаум, чиј главен уредник е Диогенес, односно д-р Богољуб Андоновски.

Инаку, Драган Богдановски  беше најинволвираниот во „Македонска нација“ и беше душата на ова гласило. Во исто време, тој беше голем борец против сите оние што го негираа постоењето на македонската нација и македонскиот етнички идентитет. Така, во периодот од 1958 -1977 година најголема битка водеше против „МПО“ на Ванчо Михајлов, бидејќи, по Втората светска војна МПО се обиде своето влијание да го прошири и во Европа.

Драган  Богдановски до својата смрт остана доследен на идејата за самостојна, независна и демократска Македонија. Со таа идеја се градеше како личност, со таа идеја живееше и со таа идеја почина. Иако за таа идеја страдаше и беше прогонуван, сепак, историјата е последниот судија, и денеска, благодарение на демократскиот систем во кој живееме, историјата му го обезбедува заслуженото место.

Покрај Драган Богдановски за „Македонска нација“ треба да се споменат и неговите истомисленици кои за жал не се повеќе меѓу живите, а кои цело време се бореа за самостојна Македонија, а тоа, меѓу другите се: Благоја Шамбевски – Шамбе ( 1921-1974); Панко Стамкоски (1938-2007); Михаил Шариновски – Солунски (1932-1999), Крсто Шкодров (1944-2005), Ристе Блажев – Ристески (1931-2000); Крсто Јенчев – Димитров (1912-2003), Јонче Трајчевски (…-2015) и други

makedonija23

Списанието „Македонска нација”, беше едно од првите демократски и емиграциски  гласила, кое претставуваше голем печатен медиум на Македонците во Европа и Европската Унија. Тоа остави вечни драги во историјата на македонската емиграција и воопшто во историскиот развој и вистината за македонскиот народ и етничка Македонија.

Продолжувач на гласилото „Македонска нација”, кое се печатеше четириесеттина години и беше гласило на македонската емиграција е Мане Јаковлевски. Тој како емигрант во Германија беше голем поддржувач на ова македонско гласило  и контактирал со голем број политички емигранти во светот. Меѓу другото, постојано  бил во контакт со Драган Богдановски кој во тој период живеел во Париз. Тие двајцата како афирматори и бранители на етничка Македонија, покрај личните средби имаат и опширна писмена кореспонденција преку која може да се видат неговите погледи за иднината на организацијата и, воопшто, на македонското иселеништво во Европската Унија и во светот. 

Мане Јаковлевски е продолжувачот и основоположникот на македонската национална слободна мисла со новото електронско издание „Македонска нација”. Денес како Веб-портал „Македонска нација”, претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација и етничка Македонија. Веб порталот, всушност продолжува со потрагата по вистината, толку потребна за одбрана на македонската национална кауза, за македонската вистини во минатото, сегашноста и иднината

Денес, електронското издание „Македонска нација”, со своите над пет илјади статии, претставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, а изнесената вистина која ја шири низ светот претставува вистински браник на македонската национална кауза.

Инаку, познатиот и признат патриот и доблесен Македонец, Мане (Маноил) Јаковлески, со своите соработници го основа  Веб-порталот „Македонска нација” меѓу кои денес е и авторот на овие редови Славе Катин, овој Веб-портал е еден од водечките во Македонија во изминатиот период. Тоа е екипа која нема да отстапи од македонскиот патоказ, нема да престане да истражува и да ги расветлува страниците од македонската историја.

Покрај Мане Јаковлевски како основач на Веб-порталот, во него се вклучени: Горан Митевски, Киро Кипроски, Дејан Донев, Тихомир Каранфилов, Гордана Димовска, Јанко Томов, Емил Јакимовски и авторот на овие редови Славе Катин, како и надворешните соработници: Васил Стерјовски, Бранислав Саркањац, Панде Лазаревски, Виолета Сековска, Жаклина Трпевска, Тодор Петров, Жаклина Петровска, Александар Џеповски и Костадин Керпичоски.

Сите тие го прават Веб-порталот „Македонска нација” да биде македонски хроничар што ги бележи настаните и ја брани и ја чува македонската вистина и Македонија.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top