Дијаспора

Швајцарија – земјата на федерални контрасти и на зимските спортови (1)

svajcarija1-1

svajcarija1-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШВАЈЦАРИЈА

Многумина во светот мечтаат да ја посетат и видат Швајцарија, земјата која изобилува со богатство, убавина, контрасти, часовници, земјата на алпското сирење, на дивината, на зимските спортови, земјата на напредокот, на иднината. Оваа држава на тајните банкарски влогови, или како луѓето од бизнисот од светот ја нарекуваат „држава трезор“, за патниците, посетителите и намерниците е предизвик и раскрсница на светот, за еколозите – пример од светски размери од чистота, за богатиот свет – место за одмор и рекреација, а за Македонците – второ катче за живеење, за поголем број нашинци кои свиле гнездо привремено или постојано во Швајцарија.

Швајцарската Конфедерација или Швајцарија е европска земја, – без излез на море, како Република Македонија. Земјата која се граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ и Австрија и Лихтенштајн на исток е седиште на голем број меѓународни организации. Швајцарија има вековна традиција на политичка и воена неутралност, но исто така и на меѓународна соработка. Таа е позната како  конфедерација и претставува еден од најдобрите примери за развојот на федeралните односи на територијата на Европа.  

Според пишаните историски документи, Швајцарија уште во 1291 година била поделена на три подрачја. Тие кантони биле формално дел од Германското царство уште од 1339 година. Договорот кој бил постигнат е познат како Bundesbrief, кој во превод значи федерација. Од тогаш, овој сојуз се нарекува и Голем сојуз.

Овој сојуз во текот на 14 век имал огромни успеси, добивајќи независност од Хабсбуршката династија и Германското царство. По победата над германскиот цар Максимилијан II во 1499 година, сојузот уживал во потполна независност, и главно се засновал на принципот на неутралност. Веќе во почетокот на 16 век, сојузот се состоел од 13 кантони, кој како систем на уредување во Швајцарија постоел сè до започнувањето на ерата, на малиот по раст, а голем по сила-Наполеон Бонапарта.

За време на Реформацијата, Швајцарија го избегнала внатрешното разделување и немири, настани со кои биле зафатени соседните европски држави. По падот на Наполеон во 1798 година, Швајцарија го добила својот прв Устав. Така,  конфедералното уредување било укинато, а државата станала унитарна, а кантоните станале обични административни единици.

svajcarija1-2
Берн

Во 1802 година, Уставот бил променет со нов, кој го ублажил унитарниот режим на власта. Во самата држава владееле недоразбирања помеѓу унитаристите и федералците. Наполеон се обидел да донесе т.н. посреднички акт кој го содржал федералното уредување со некои конфедерални елементи кои предвидувале поголеми права и власт на кантоните. Но, системот не се покажал со примена во пракса, затоа во 1815 година, на Виенскиот конгрес, Швајцарија била разделена на 22 кантони со конфедерално уредување.

Исто така, во историските документите се вели дека промената на Швајцарија од конфедерација во федерација била проследено со граганската војна и промената на Уставот. Во 1847 година, католичките кантони формирале свој сопствен сојуз со намера да се одвојат од протестантските кантони. Така започнала и граѓанскатса војна која траела краток период и со мал број жртви. Како последица на тое,  во 1848 година бил донесен нов Устав според кој било забрането било какво делење односно формирање на сојузи.

Швајцарија е интересна земја, особено по своите природни убави. А тоа се должи на климата која е умерено-континентална, на планините – планинска, претежно алпска. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпите, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините, пак, се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повремени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег.

svajcarija1-3
Женева

Инаку, бројот на населението во Швајцарија е околу осум и половина милиони од кои се: Германци 63,7 %, Французи 20,4 % и Италјанци 6 %. Исто така, таму свиле ново гнездо и голем број поранешни македонски жители, од кои најбројни се македонските Албанци. Во Швајцарија службени јазици се: германскиот, францускиот, италјанскиот и ретороманскиот јазик.

Во таа демократска земја нема главен град, но Берн, всушност ја има таа улога. Во него живеат околу сто и триесетина илјади жители, затоа тој е петтиот по големина град, по Цирих, Женева, Базел и Луцерн. Во пошироката урбана зона, пак, таму живеат над 660.000 жители и со тоа Бернската област е четврта најнаселена област во Швајцарија.

Градот Берн веќе со години се наоѓа меѓу неколкуте први места на листата градови по квалитетен живот. Покрај тоа, стариот дел од градот, кој е добро сочуван и извонредно уреден, е ставен на списокот на Светските градови на УНЕСКО. Берн се наоѓа во средишниот дел на Швајцарија, подеднакво оддалечен од Германија, Франција и од Италија.

Најголемиот град во Швајцарија е Цирих и е главен град на кантонот Цирих. Лоциран е во централна Швајцарија на северозападниот крај од Циришкото Езеро. Додека општината брои околу 380.000 жители, областа на циришката метропола е урбанизирана област од меѓународно значење со близу 2 милиони жители. Цирих е раскрсница на железнички, патен и воздушен сообраќај. Циришкиот аеродром и железничката станица се најголемите и најфреквентните во земјата.

Женева, пак, е втор град по население во Швајцарија (после Цирих). Се наоѓа на југоисточниот дел од државата. Градот е претежно населено со французи и се наоѓа блиску француската граница. Во близината на Женева се наоѓа Женевското езеро кое важи за едно од поубавите езера во Западна Европа. Во Женева се наоѓа и едно од седиштата на Обединетите Нации.

svajcarija1-4

Според пописот во 2008 година во Швајцарија христијанството е доминантна религија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46%) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграција го донела исламот во изминатиот век, и денеска бројот на муслиманите е околу 4.26%. Истот се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1.8%. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова Апостолска Црква (0,45%), Хиндуизам (0,38%), Будизам (0,29%), Јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Старокатоличка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарија се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да дадат изјава.

Ете тоа е дел од истористичката документација на позната демократска Швајцарија, земјата на часовниците, на зимските спортови, земјата на напредокот и на федералните контрасти.

Продолжува

slave-katin-svajcarija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top