На прво место

„НЕ СМЕЕМЕ ДА БИДЕМЕ ЗАТЕКНАТИ“

otvoreni-granici

(„Нова Македониа“ од 19 мај 1990 година – А. Шољаковски)

Во процесот на демократските трансформации во Југославија настануваат нови политички констелации кои бараат изградување на сопствено републичко видување на иднинатa. – Иднината на Македонија е најтесно поврзана со се поголемата отвореност кон југословенскиот, балканскиот и европски економски, политички и културен простор.

Извонредно брзите промени во Европа, на Балканот и посебно во Југославија, наметнуваат размисли и за судбината на секој народ или простор посебно. Промените во Југославија, од друга страна пак, наметнуваат и потреба за размисла за новите односи и конституцијата на заедницата.

Во игра се сите можни опции и оние кои претставуваат израз на наметнатата потреба од договарање и градење на новите односи, па сe до оние кои реалноста, иако несакани, ги наметнува како можни. Она што до пред сосема кратко време можеше да биде табу-тема сега е реалност за ќоја не само што треба, туку и мора да се размислува. Па така, не е ништо без основа Размислите за ново конституирање на федерацијата, конфeдеративните модели се до неминовноста од разгледување на можноста за самостојно решавање на проблемот, нe се и не смеат да бидат пренабрегнати во создавањето на сликата за сопствената положба и перспактева.

Од овие причини ,,Нова Македонија” започна анкета во која научни, културни и јавни работници ги изнесуваат своите видувања на Стратешката положба и перспективите на Македонија во рамките на политичките и општествените збиднувања.

ОТВОРЕНИ ГРАНИЦИ 

На Македонија и се потребни отворени и сигурни граници што нема да го ограничуваат протокот на луѓе, стоки, услуги, капитал, знаење, идеи и информации. Тоа е услов за нејзиниот просперитет. Но, мора да се има предвид и тоа дека истото е во интерес и на нашите соседи. Политички, културен и, пред се економски императив што произлегува оттаму е почнувње на процесот за нормализација на односите со соседите, а согласно со нормите на цивилизирано однесување, што светот го познава денес. Секако, една од тие норми е и признавањето и укажувањето на човековите слободи и права во рамките на кои националните слободи и права претставуваат незаобиколен дел.  Нормализација на односите и нивно одржување и унапредување како процес е можен само меѓу субјекти што заемно се признаваат и се прифаќаат. Интегративните текови на Балканот и просперитетот на народите што го населуваат, ќе зависи токму од оваа ноторна вистина. Балканската интеграција не претставува потиснување на националното, напротив, како интензивна културна интеракција, втемелена врз отворена и просперитетна економија, таа е услов за целосна афирмација на националното, во сета негова големина. Во овој контекст, проблемите и отворените прашања што постојат со сите соседи, со кои се граничи Македонија, можат да се решаваат и единствено ќе се решат врз рационална основа, со стивнати емоции што го матат разумот. Националните емоции во балканскиот речник (во кој Балкан се преведува со „буре барут”) значат експлозија. А тоа никому нема да му користи, најмалку на оние што седат врз тоа буре. Едноставно, балканските народи и држави сопствениот интерес ги упатува на заемна соработка.

Европските интегративни процеси се рамка, во која нужно ќе се остварува и процесот на балканската интеграција. Македонија е балканска и европска земја, и како на таква, интересите и судбината најтесно ќе и бидат испреплетени со остварувањето на тие процеси. Само во рамките на обединета и демократска Европа, во која Балканот растоварен од своите предрасуди и конфронтации, ќе претставува интегрален дел, македонското прашање ќе го добие саканиот епилог на полно уважување и духовно обединување на Македонците од трите дела на Македонија.

Националниот духовен (културен) простор, по правило, ги надминува државните граници на повеќето денес постојни нации во светот. Таков е случајот и со македонскиот национален културен простор. Но, за да опстојува, нужно е да биде ослободен од политичкиот авантуризам што, по правило, предизвикува сомневање отпор и репресија на институциите во средината, каде што се пројавил. Во опстојувањето и пулсирањето на националниот културен простор, без сомнение, нагласена е улогата на македонската држава. Република Македонија мора да стане, во вистинска смисла матична држава на снте Македонци, без оглед каде се наоѓаат во светот и од каде потекнуваат. Затоа, во времето :шго претстои, неопходно ќе биде да се доизгради мрежата на институционални и персонални врски како меѓу Македонците што живеат низ светот со Република Македонија. така и меѓу самите нив.

Не може да се надева на блескава иднина народ: што нема историско помнење, став за минатото, изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината.

Нема иднина ниту оној народ што нема свое достоинство, ниту оној што го бара она за себе, а не е подготвен да му го признае и на другиот.

Својата судбина Македонците ја имаат во свои раце. Нивната полна афирмација и просперитет на Македонија можат да бидат, пред се, нивно дело. Другите во тоа можат само да помогнат.

ПАНДЕ  ЛАЗАРЕВСКИ, асистент на ИСППИ

otvoreni-granici

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top