Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Македонска Нација

Македонска Нација

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија.
Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал.

Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна.
Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е идентитет што не се губи и не се брише со времето.

Иако низ историјата била делена, окупирана и оспорувана, Македонија никогаш не била скршена.
Нашите корени не исчезнале – тие живеат во секој македонски збор, во секоја песна, во секој обичај, во секој Македонец.

Ние сме народ со древни и славни корени.
Народот на Филип и Александар Македонски – кои му дадоа визија на светот.
Ние сме народот на Цар Самоил – кој ја бранеше државноста и идентитетот.
Народот на светите Кирил и Методиј – кои ни го подарија писмото и ја раширија светлината на христијанството.
Народот на Свети Климент и Свети Наум – кои од Охрид создадоа духовен и образовен центар за Европа.

Тука, на македонска почва, апостол Павле ја крсти Лидија – првата христијанка на европско тло.
Тука се роди Охридската Архиепископија – една од најстарите христијански цркви во Европа, чувар на нашата вера, писмо и културна самобитност.

Македонија е земја на знаење, вера и култура.
Земја на првите училишта, на духовната и просветителската мисија, на генерации што ја носеле македонската мисла далеку од своите граници.

Денес, кога светот со интернетот е поблизок од кога било, нашата обврска е уште поголема.
Да ја чуваме и пренесуваме македонската историја и култура.
Да ги оживуваме народните песни и ора, обичаите и традициите, приказните и легендите.
Да го зачуваме македонскиот јазик и писмо – како жив мост меѓу генерациите.

Учете ги вашите деца да ја сакаат Македонија.
Да ја познаваат нејзината историја и да ги разбираат нејзините предизвици.
Да ја почитуваат духовната и културната традиција на народ кој опстојувал и кога било најтешко – и никогаш не исчезнал.

Посетувајте ги македонските цркви и културни центри.
Одржувајте ја заедницата жива – каде и да сте.

Ние сме народ што не се откажува.
Народ што не го заборава минатото и не се плаши од иднината.
Нашата историја е сведоштво за издржливост, храброст и достоинство.

Нè делеа.
Нè иселуваа.
Се обидоа да нè избришат.

Пробаа да нè посрбат, да нè погрчат, да нè побугарат.
Да ни го сменат името, јазикот, верата и паметењето.

Но не им успеа.

Затоа што ние не сме од расипано семе.
Ние сме со здрав корен и силен ген.
Со паметење подлабоко од времето и со дух што не се крши.

И затоа опстанавме.
Се исправивме.
И останавме тоа што отсекогаш сме биле – Македонци.

Бидете горди што сте Македонци.
Македонија живее преку секој од вас.
Таа е вашиот корен, вашиот идентитет и вашето наследство.

Македонија не се заборава.
Македонија се живее, се чувствува и се пренесува.

Браќа и сестри, останете поврзани со своите корени.
Негувајте ја македонската култура и традиција.
Каде и да сте – вие сте дел од оваа древна и величествена земја.

Македонија секогаш ќе биде горда на вас – своите деца.

Да се гордееме со Филип и Александар Македонски, со Самоил, со Кирил и Методиј, со Климент и Наум. Со Тодор Александров, Гоце, Никола, Јане, Питу, Ченто, Илинденците, Асномците,…

Да се гордееме со сите оние што ни го втиснаа името, јазикот и духот во историјата.
Да се гордееме со верата, писмото и културата што нè одржаа низ вековите.

Македонија не е само минато.
Таа е наше сегашно и наша обврска кон иднината.

Денес, Македонија чекори напред.
Со крената глава и исправена кичма.
Со јасна волја и достоинство.

Да бидеме и ние дел од тој чекор.
Да придонесеме.
Да изградиме.
Да оставиме трага.

Без Македонија – нè нема.
Со Македонија – постоиме засекогаш.

Македонија е сè што имаме.

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top