Дијаспора

Македонските гласила „Наш лист„ и „Македонски весник“ во Шведска (8)

svedska1

svedska1

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Улогата на средствата за јавно информирање кај Македонците во Шведска била е и ќе биде од суштинско значење. Информативните гласила се  незаменливи во продолжувањето на културните традиции на македонските доселеници во новиот свет. Тие настојуваат целосно да го запознаат читателот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од Македонија.

Во Шведска се печатени бројни гласила. Едно од нив беше списанието „Илинден 1903“, кое се појави во 1976 година, во Партиле. Тоа беше орган на ДОМ (Движење за ослободување на Македонија). Се печатеше на македонски јазик. со кирилица и на шапилограф. Сгисанието го уредуваше Миле Илиевски, а соработуваа членови од групата на ДОМ. Тоа се печатеше повремено и се излезени десетина броеви. Страниците на ова гласило се исполнети со бројни материјали од областа на историјата на македонскиот народ, со посебна нагласка на делото на Методија Андонов — Ченто.

„НАШ ЛИСТ” (1978) — ГЕТЕБОРГ

nas-list

Списанието „Наш лпст”, всушност е првото име што го носат броевите од 1 до 9, а од број 10 во иднина се печати под новото име „Македонски весник”. Првиот број излезе на 12 февруари 1978 година на 12 страници, на формат 21 х 29 см. на маке-донски јазик со кирилица. Главен и одговорен уредник е Благој Миленковски. Тоа е информативен лист на друштвото на Македонците „Гоце Делчев” од Гетеборг. Клишето на главата е на макeдонски и на шведски јазик, лево е амблемот на друштвото, а во средината ликот на Гоце Делчев.

Во воведната статија на првиот број, покрај другото, се вели: „ Кога се формира нашето друштво се носевме со мисла да издаваме весник, списание или некој друг вид публикација на друштвото. Скоро секоја новоизбрана управа на друштвото го поставуваше тоа прашање како една од најважните точки во програмата за својата работа. Причината што таа умна мисла не беше досега обистинета беше прашањето на економските средства. Сегашната управа на друштвото смета дека условите се зрели и можностите дозволуваат еден скромен почеток. Весникот е замислен како периодична публикацијa и ќе излегува според потребите и можностите, а неговата цел е на јавноста да дава информации за: работата на друштвото и неговите секции, за новостите од заедничкото живеење, законодавството и актуелните прашања во Татковината и во Шведска, за културните и спортските настани и други активпости”.

Првиот и наредните броеви од весникот содржат текстови за бројни активности на Македонците во Гетеборг и пошироко, особено на друштвото „Гоце Делчев”, речиси сите илустрирани со фотографии. Од почетните 12 страници, тој од третиот број излегува на 16 страници, а од осмиот број дури на 20 страници, на кои редовно информира за активностите на Македонците на тие простори.

„МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК” (1979 ) – ГЕТЕБОРГ

mb-vesnik

Поголемо и ангажирано собирање на Македонците во Шведска се почувствува во почетокот на осумдесеттите години. Во тој период се формираа првите друштва „Годе Делчев” во Гетеборг и „Македонија” во Малме, чија основна цел беше, пред се’, омасовување и прибирање на поголем број членови, а потоа обединување на друштвата и клубовите во македонската заедница.

Како резултат на овие активности започна да излегува и списанието „Македонски весник”. Во него е забележано дека тоа е национално гласило на Македонците во Шведска и е хроничар на збиднувањата и на активностите од културата, просветата, фоклорот и спортот во македонските заедници во Шведска. Списанието, истакнува во еден од воведниците дека не се занима со политика, бидејќи не е орган на некоја политичка организација, туку им служи на привремено (постојано н.з.) вработените од Македонија да ги искажат своите литературни способпости и склоности. Целта му е да биде мал гостин во домовите на голем број нашинци во Шведска.

Списанието „Македонски весник” започна да излегува на 12 февруари 1978 година, како информативен весник и периодична публикација на македонското друштво „Гоце Делчев” од Гетеборг под име „Наш лист”, а од двобројот 6 и 7 (септември и октомври) 1978 година, како орган на Интересната заедница на македонските друштва и клубови во Шведска.

Првата година под името „Наш лист” се отпечатени 9 броеви, а од бројот 10 печатен во јануари 1979 година, списанието го менува името во „Македонски весник”. По Второто годишно собрание на Македонската интересна заедница во Шведска, од февруари 1981 година списанието започна да нзлегува како орган на Координациониот одбор на македонските друштва и клубови во Шведска.

geteborg
Гетеборг

Првите броеви на списанието „Македонски весник” се печатени на 12 страници со скромни новинарски и технички можности. Меѓутоа, од број до број списанието се подобруваше и по обем и по содржина, израснувајќи во модерно и современо гласило, паралелно растејќи како што се развиваа друштвата и клубовите на Македонците привремено (времено н.з.) вработени во Шведска.

Заклучно со бројот 18 од ноември 1979 година, списанието го уредуваше Редакциски одбор од македонски активисти претежно од Гетеборг, меѓу кои: Виолета Димовска, Александар Митревски, Пеце Атанасовски, Јордан Стојановски и Трајан Масев, a главен и одговорен уредник беше Благој Миленковски. За време на 14-годишното постоење на весникот се отпечатени околу 110 броја на формат 21×29,5 см. со компјутерска обработка, на кирилица, и во обем од 16 до 36 страници.

Уште на самиот почеток списанието беше замислено како периодична публикација кое ќе излегува според потребите и можностите, а со цел членовите на друштвата и клубовите заемно да се информираат за работата на секциите, фолклорните групи и фудбалските екипи. Настојувањата беа да информираат и за актуелните прашања во Македонија и пошироко, а во тие рамки и за прашањата сврзани со правата и обврските на Македонците во Шведска.

Во исто време, а за поцелосно активирање на најмладата генерација на македонските граѓани во Шведска, почнувајќи од 1979 година, како додаток на „Макодонски весник“ се печати и списанието за деца „Снегулка”.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top