На прво место

ММДЧП ќе поднесе тужби против Заев, Димитров, Ципрас, Козијас и други за промена на името Македонија

ММДЧП ќе поднесе тужби против Заев, Димитров, Ципрас, Козијас и други за нивниот дел во промена на името на Македонија

(8 февруари, 2018)

Во одбрана на името на Македонија и нашето македонско етничко потекло и идентитет, Македонското меѓународно движење за човекови права започнува тужби против Зоран Заев, Никола Димитров, владата на Република Македонија, Алексис Ципрас, Никос Козијас, владата на Република Грција и други поединци непосредно вклучени во преговорите за името.

ММДЧП бара итен, судско нареден крај на незаконските и неуставни преговори за името и тужи за оштета од сите именувани страни во име на Македонците од цел свет за безсрамното прекршување на сите повелби за човекови права на Обединетите Нации и другите меѓународни организации.

Незаконското наметнување нови услови за членство на Македонија од страна на Обединетите Нации го прекршува членот 4 од Повелбата на ОН и ги прекршува членовите 2 и 15 од Сеопфатната повелба за човекови права.

Преговорите и предложеното менување на името на Македонија, идентитетот, јазикот, историјата и етничкото потекло, ги имаат вратено назад за десетлетија успесите во човековите права на Македонците и ги засенува сите стандарди за човекови права кои обвинетите се обврзани да ги поткрепуваат.

Негативното емотивно влијание што Македонците го преживуваат, морајќи да следат како за нивниот етнички идентитет се преговара од страна на именуваните страни – кои се обврзани да ги почитуваат основните стандарди за човекови права – е неизмерно. Гледајќи ги застрашувачките, расно наелектризирани протести во Грција, барајќи искоренување на
Македонија и нашата македонска етничкост, доведе многу Македонци да се плашат јавно да го објавуваат својот македонски идентитет. Понатаму, фактот дека именуваните странки активно учествуваат во отстранувањето на еден цел етнички идентитет на групата, предизвикува тешка емоционална вознемиреност и предизвикува сеќавања на тешките злоупотреби на човековите права – само врз основа на нивното македонско етничко потекло – кои овие лица веќе ги имаат преживеано.

Затоа, ММДЧП нема алтернатива освен да ги користи судовите за да тужи за оштета и да бара итен крај на анти-македонските преговори за името под покровителство на ОН.

Нашето Име Е Македонија.

Бранете го и барајте да се почитува.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.

Најново од: На прво место

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, порача Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава: „Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле […]

To top