Тука сме каде што стоиме,
и тука ќе опстоиме.
Името на Македонија –
многумина не го досонија.
Со него се гордееме,
и во песни го пееме.
Голема историја напишавме,
и со црвена крв запишавме:
– Никој и во ниедно време –
името нема да ни го земе!
Идентитетот ќе го чуваме,
ќе се гордееме и радуваме!

САВО КОСТАДИНОВСКИ
Мастрихт, 15 март, 1991 г.