Саво Костадиновски
МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА
Востанијата на денот
и ропствата на ноќта
ја создаваа македонската историја.
Затоа
во неа гледаме
светлина и мрак –
па колку и да ја колваат
црни птици –
за вечен непокор ќе зборува
древниот јазик
на македонската историја.
Била
и ќе остане
за пример таа
зашто не била
празна чаура
неиспукана
туку со светлозрачни истрели
на многу славни датуми.
Можеби затоа
македонската историја
со светот може
да разменува воиствени светлини –
со мрачни
но и со светли судбини.