На прво место

Мицкоски: Огромен дипломатски успех – Македонија со 174 гласа избрана во ЕКОСОК

Македонија оствари значаен дипломатски успех откако беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027–2029 година, со поддршка од 174 држави членки.

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени одлуката како историски момент за државата и македонската дипломатија, истакнувајќи дека за првпат од осамостојувањето Македонија е избрана во едно од водечките тела на Обединетите нации.

„Ова е огромен успех за државата и за македонската дипломатија. Изборот во ЕКОСОК е потврда дека Македонија може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека изборот претставува признание за активната дипломатска политика на државата и за довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери.

Премиерот потсети дека во изминатиот период Македонија беше избрана и за членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје, оценувајќи дека членството во ЕКОСОК е логично продолжение на позитивниот тренд на зајакнување на меѓународната позиција на државата.

Според него, целта е Македонија да не биде набљудувач на глобалните процеси, туку активен учесник кој гради партнерства и придонесува во решавањето на прашања од значење за граѓаните и меѓународната заедница.

„Овој успех е резултат на работа, доверба и одговорен пристап. Продолжуваме да ја зајакнуваме позицијата на Македонија, да создаваме нови можности и да покажеме дека со сериозна работа нашата држава може да биде почитуван и активен дел од глобалните процеси“, истакна Мицкоски.

Најново од: На прво место

На Марена во Зубовце во 10.00 часот ќе биде благословен крст осветен во Светиот Гроб во Ерусалим

На 30 јули 2026 лето Господово, во 10.00 часот на празникот Света Огнена Марина – Марена, во истоимениот храм во Зубовце свечено ќе биде благословен крст осветен во црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим. За Зубовце, 30 јули 2026 година ќе остане запаметен како благословен ден – денот кога крстот од Светиот […]

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Полициска акција во Гостивар: Приведени директорот и двајца раководители во ЈП „Комуналец“

Во координација со Основното јавно обвинителство се истражува евентуална одговорност за загадувањето на водата за пиење, а официјални информации за текот на постапката се очекуваат во текот на денот. Во Гостивар е во тек координирана полициска акција поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, при што, според информации објавени од „Курир“, се приведени […]

Владата со поддршка за граѓаните во Гостивар

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода во Гостивар, секој ден ќе се делат по 50.000 литри Поднаслов: Првите количини веќе се доставени на повеќе пунктови низ градот, а дистрибуцијата ќе продолжи секојдневно додека трае забраната за користење на водата за пиење. Владата започна со дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар, како мерка […]

Еве ја вистината: На Бугарија не ѝ пречат реформите, туку постоењето на Македонија

Кога поранешен бугарски разузнавач, дипломат и пратеник јавно ќе каже дека членството на Македонија во Европската Унија би било „голем удар“ за Бугарија, тогаш паѓаат сите маски. Станува јасно дека проблемот никогаш не бил само во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Не бил ниту во реформите, владеењето на правото или таканаречените европски вредности. Проблемот […]

Едмунд Темелко: Додека има вера, ќе има Македонија

Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец во Мала Преспа по падот на комунистичкиот режим во Албанија, заедно со својата мајка запали свеќи во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Зрноско. Во тишината на православниот храм тие се помолија за здравје, за благослов на семејството, за душите на предците и за зачувување на македонскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на гостиварчани

СДС не може да избега од одговорноста за случувањата во Гостивар, бидејќи функционери поддржани од нив, како што се наведува, денес се сомничат дека ја загадиле водата во градот и околината, по што илјадници граѓани побарале лекарска помош. Во соопштението се наведува дека СДС очекува гостиварчани да заборават на коалицијата со Арбен Таравари и ДУИ, […]

To top