На прво место

Антонио Милошоски: ЗАЕВ се обидел ДА ЈА ИЗЛАЖЕ Венецијанската комисија!

zzz

AntonioАнтонио Милошоски

ЗАЕВ се обидел ДА ЈА ИЗЛАЖЕ Венецијанската комисија!

Премиерот во заминување Заев “транспарентно” криел од јавноста дека во врска со контроверзниот закон за јазици, кон крајот на ноември направил обид за манипулативно влијание врз Венецијанската комисија, со испраќање на писмо од име на владата. Писмото изобилува со политикантство и правни манипулации, што укажува на тоа дека Заев го третирал претседателот на Венецијанската комисија на ниво на претседателот на Кривичниот суд во Скопје, на кого може да му наложува барања, ургенции и да му праќа СМС пораки.

Прво, Заев сугерира Венецијанската комисија да не ја третира (не)уставноста на Законот за употреба на јазиците, бидејќи, замислете тоа можело да влијае на резултатите на закажаните избори. Со ова, свесно или несвесно, Заев ја потврдува неуставноста на Законот за јазици, а исто така, јасно му е дека голем дел од јавноста не го одобрува ваквото негово пазарење со законитоста во Македонија.

Второ, Заев ја лаже Венецијанската комисија дека Законот за јазици бил дел од европската регулатива, а ниту во предлог законот ниту во материјалите немаше наведено никаков извор на правото на ЕУ (директива, број, одлука) со кој треба да се усогласи македонското законодавство. И понатаму Заев продолжува да ја манипулира Венецијанската комисија тврдејќи дека Законот не се донел по скратена постапка, иако и домашната и меѓународната публика добро знае дека злоупотребата на европското знаменце кое беше прикачено на Законот за јазици ја прави можноста за дебата по истиот поскратена и од скратената постапка.

На крајот Заев бара од Венецијанската да ги преправи своите заклучоци по однос на неприменливоста на Законот за јазици во судството и штетата што истиот ќе ја предизвика врз владеењето на правото и нарушувањето на правото на ефикасна правда. И епилогот од ова е веќе познат, Венецијанската комисија си остана на своите правни стојалишта засновани на меѓународни стандарди, не земајќи ги во предвид манипулативните и политикантски “аргументи” на премиерот во заминување Заев !

80432458 2945262698826510 5330804234021502976 n

79926532 2945262772159836 5702426038789734400 n

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top