Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (25)

97

97

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – ДЕЛ III

Исто така, Атанас Близнаков напиша:

„Националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада меѓу двете светски војни и особено по Втората светска војна беше многу голема, посебно откако се создадоа сосема нови околности со создавањето на новата македонска држава. 

Јас ни во книгата не можам да ја искажам таа дејност целосно, но толку колку што имам кажано, чувствувам дека го исполнувам својот долг кон моите сонародници, кон моите пријатели и другари со кои заедно работевме во македонските организации и друштва. Меѓу тие мои сонародници во САД јас поминав цели 56 години што значи таму ја поминав сета моја младост и најплодните години од мојот живот. Многумина од моите пријатели и другари денес не се меѓу живите“.

Прашање: Вие како активен учесник сте и најдобар сведок на сите тие процеси што се одвиваа меѓу нашите иселеници. Кои се основните карактеристики на тие процеси и превирања, посебно меѓу двете светски војни?

Одговор:  Идејата за организирање на Македонците и за формирање македонски друштва во САД и Канада како да ја наметнуваше самиот живот. Македонците сакаа и мораа да бидат заедно во новата средина и меѓусебно да се помагаат. Формирањето на одделни друштва се засили посебно по Првата светска војна. Во развитокот на националната и политичката свест на Македонците во САД и Канада голема улога одиграа и македонските просветни клубови. Подоцна овие клубови и друштва се обединуваа во сојузи како посилни и помасовни организации.

Првата досега позната организација на македонските доселеници во САД се појави во Чикаго 1901 година и таа беше еден вид огрнаок на ВМРО. Така и се случи што Илинденското востание беше на организиран начин поддржано и помогнато од македонското иселеништво.

Посебно место во животот на македонската емиграција зазема дејност на Македонскиот народен сојуз (МНС), подоцна МАНС формиран во 1931 година, кој се напојуваше со идеите на ВМРО (Обединета). Македонскиот народен сојуз во САД и Канада не само што ја помагаше борбата на сите свои браќа и сестри во Македонија за национално ослободување, туку во исто време се бореше и против сите неправди што постоеја во новата татковина.

98

Треба да се каже дека меѓу двете светски војни меѓу македонската емиграција се обидуваше да дејствува и организацијата на Ванчо Михајлов, отрвин прикривајќи ги своите вистински цели. Меѓутоа, не остана незабележана антинационалната и реакционерна дејност на оваа групација, така што огромното мнозинство чесни иселеници јавно ја осудуваа.

Прашање:Какво беше определувањето на Македонците спрема НОБ? Како воопшто беше доживувана НОБ и создавањето на слободната македонска држава што дојде подоцна со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година?

Одговор: За време на Втората светска војна, особено по иницијатива на Македонско-американскиот народен сојуз во сите делови на САД беа основани месни комитети од страна на Македонците за помагање на антифашистичката борба. Македонците воспоставуваа блиски контакти со своите во Македонија и во Југославија каде што се водеше жестока борба за ослободување.

Една од позабележителните акции во тоа време беше и Меморандумот за решавање на македонското прашање испратен до американското Министерство за надворешни работи, во кој, покрај другото, се истакнуваше историската вредност на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година и на одлуките на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година.

По ослободувањето, македонските иселеници го поздравија создавањето на новата македонска држава и побрзаа да &  ја упатат својата помош. Најголема акција во таа смисла беше онаа во врска со изградбата на болница во Скопје. Средствата за болницата ги собираа таканаречените болнички македонски комитети.

Прашање: Вие сте основач на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”. Што ве поттикна да ја формирате оваа Фондација, која веќе работи многу години и со нејзина помош Универзитетот го завршија повеќе млади вредни луѓе?

Одговор:  Уште пред 25 години јас почнав да размислувам што е најдобро да направам со својот имот и дојдов до заклучок дека ќе биде најполезно ако му го подарам на својот македонски народ, зашто тој ми е најблизок во срцето. Така мислеше и мојата сопруга Славка. 

Затоа во 1977 година ние ја основавме Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје. При формирањето на Фондацијата работевме јас, Димче – Мире, Томе Буклески, ректорот на Универзитетот и професорот Иво Пухан. Целта на Фондацијата е да дава стипендии на талентирани студенти. Досега повеќе од 35 студенти имаат завршено образовнаие, благодарение на стипендиите што ги добиваат од Фондацијата што го носи моето име. 

Нека мојот подарок, моите мисли и чувства, се вдахнат во душите и срцата на нашиот македонски народ, нека биде така што сите да мислиме и работиме за општото добро на целиот народ како да работиме за себе лично. Само кога мислиме и работиме за народот како за себе, само тогаш ќе има братство и единство меѓу сите нас.

Треба да работиме за доброто на Република Македонија зашто само така ќе го исполниме заветот на нашите постари поколенија, на нашите дедовци и татковци, на сите оние Македонци и други народи што ја пролеаја својата крв, го дадоа својот живот за слободата. Моја голема желба е Фондацијата вечно да продолжи за да им дава наука намладите момчиња и девојки. Во иднина повеќе од двеста редовни студенти ќе се стипендираат од мојата Фондација, се вели во интервјуто.

По  излегувањето од печат на оваа книга, одгласот беше голем и книгата најде свое место и меѓу читателите. Така со оваа проблематика се зсапознати и учениците. Еве едно писмо од ученици, што Атанас Близнаков го прими.           100       

Почитуван другар Атанас Близнаков,

Ние сме ученици од I клас, УСО ,,Јосип Броз – Тито”, културо­лош­ка струка, членови на организационата група која го подготвува XVI-от Барбисов час.

Во изминатиот период работната група на ЏВИ Барбисов час (една група за изложба и една за организација на часот) извршија повеќе подготовки за часот чија тема е ,,Дејноста на Балканскиот комитет за одбрана на жртвите од Белиот терор во Париз”. Така беше посетен Тома Кутурец кој во ИИИ деценија на нашиот век живеел во Париз и соработувал со Ганчо Хаџипанзов. Во наредните месеци групата за организација на часот има задача да организира средба со вас како автор на делото ,,Спомени за дејството на Македонската емигрантска организација во САД и Канада” за што неодамна имаше и промоција.

Ние прочитавме делови од вашата книга и го најдовме податокот дека Барбис се сретнал со група Македонски иселеници 1934 година во Париз. Тоа е од посебен интерес за нас. Желба ни е преку средбата со вас да се запознаеме со активност на македонската емиграција за афирмација на борбата на македонскиот народ за национална и социјална слобода.

Средбата ќе ја организираме меѓу 1.ИВ. и 1.В. за што дополнително ќе ве известиме. Драго ќе ни биде ако сте расположени да дојдете меѓу нас, но доколку поради одредени причини бидете спречени ние ќе ве посетиме.

Средбата можеме да ја одржиме во Матицата на иселениците од Македонија каде што ќе се сретнеме и со д-р Иван Катарџиев, редактор и автор на коментарот на книгата ,,ВМРО Обединета, предавници на македонското дело” во издание на ,,Култура” 1985/86 година. Нашиот класен раководител е Даница Павловска. За евентуални информации телефоните во училиштето се 224-944 и 211-082 кај раководителот“.

Класна заедница I клас во УСО ,,Јосип Броз – Тито” – Скопје, група за организација на часот.

Класен раководител Д. Павловска (потпис)

28.III.1988 г. Скопје

Продолжува

 New Katin

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top