Дијаспора

ОМД: Сајбер-напад на македонските избори наложува истражување од страна на НАТО

2.5.1

2.5.1

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечки глас на Македонците во странство, изрази голема загриженост во врска со сајбер-нападот, кој веќе трае повеќе од четири дена, на веб-страницата на македонската државна изборна комисија (ДИК) на 15-ти јули.

Македонија е 30-та и најновата членка на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека нападот врз една членка е напад врз сите. Според тоа, овој сајбер-инцидент треба да предизвика акција на член 5 за поддршка на Македонија, под покровителство на „заложбата за колективна одбрана на НАТО.“

Управувањата со сајбер-базирано мешање на националните избори е сè поголема загриженост дури и во најнапредните демократии во светот.

Истрагата на НАТО за инцидентот во Македонија може да послужи како модел за другите западни земји кои би можеле да доживеат нарушување на гласањето засновано на компјутерски мрежи во иднина.

ОМД категорично ги отфрла барањата на албанските малцински политички партии дека следниот премиер мора да биде од македонско-албанско потекло.

После сите избори, албанските малцински политички партии наметнуваат де факто уцена на секоја влада, барајќи сè поголема политичка моќ и „права“. Ова е перверзно, кога во реалноста Македонија обезбедува најмногу човекови права од која било земја во Европската унија. Наместо наметнување на барања во обид на зацврстување на „Тиранската платформа“, чија крајна цел е федерализација на Македонија, албанското малцинство треба да започне да демонстрира најосновна почит кон својата татковина Република Македонија, нејзиното знаме, нејзината химна и даночните закони.

Ставот на ОМД беше дека Македонија не треба да одржува избори во период кога случаите со СОVID-19 секојдневно се зголемуваат. Минатава Сабота имаше 241 позитивни случаи, означувајќи највисок број на случаи и на смртни случаи на милиони население во регионот, до сега.

ОМД ги споделува чувствата на ОБСЕ-ОДИХР за демократски институции и специјална мисија за проценка на изборите, и повторува дека „правната стабилност е поткопана со значителни ревизии на Изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“.

Според ОБСЕ-ОДИХР, препораките на ОДИХР останаа „нерешени, вклучително и оние што се однесуваат на универзалноста и еднаквоста на гласовите во изборната област во странство, ревизија на границите на изборните единици од независно тело, правата на лицата со инвалидитет и ефикасна кампања финансиска ревизија.“

Во 2011 година, македонските граѓани во странство добија право на глас во македонските амбасади и конзулати, меѓутоа, за прв пат од донесувањето на законот, тоа право го одзеде Државната изборна комисија.

Нејзината очигледна партиска природа беше испрашуван од страна на Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР. ОМД веќе долго време се залага за критички подобрувања за системот на гласање во странство, вклучително електронско гласање, поштенски ливчиња и отворање на повеќе гласачки места каде што живеат поголеми македонски заедници.

Пред следните избори, земјата треба да го смени својот систем на шест-изборни единици во една изборна единица, за да им даде можност на повеќе граѓани да се вклучат во демократскиот процес, споредено со сегашните парламентарци кои ги ставаат прво своите партиски интереси, на место на интересите на нивните избирачи. Хегемонијата на сегашниот двопартиски, и етничкиот коалиционен партнерски систем, ја намалува демократијата, владеењето на правото и владините институции во Македонија.

Покрај тоа, додека Државната изборна комисија потврди над 1,8 милиони регистрирани гласачи, Македонија не има спроведано попис од 2002 година, сериозно поставувајќи го прашањето дали гласачките ливчиња можат да бидат изманипулирани од Комисијата, владата, политичките партии и/или локалните власти.

Различни извори, како што е Светската банка, тврдат дека дури 650.000 македонски граѓани се иселиле надвор од земјата во изминатите 20 години.

Успешниот попис мора да биде приоритет за следната влада.

Конечно, ОМД ги повикува сите партии, особено двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да работат заедно за доброто на македонските национални интереси.

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top