Дијаспора

ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ – ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКИОТ АМЕРИКАНСКИ МЕДАЛ ЕЛИС АЈЛАНД (ELLIS ISLAND) (11)

3.0.0

3.0.0

Медалот на честа „Елис Ајланд“ (Ellis Island) им се дава во спомен и им оддава признание на Американците од какво било етничко потекло кои дале значителен придонес кон американското општество. Тој се доделува еднаш годишно од страна на Националната етничка коалиција на организации (НЕЦО) – покровителна група од повеќе од 250 организации која го опфаќа спектарот на етничките наследства, култури и религии.

Овој медал е прикладно именуван „Елис Ајланд“, бидејќи по многу нешта Елис Ајланд е траен симбол на емигрантските корени и различноста кои ја карактеризираат американската голема нација. Ѓорѓиja–Џорџ Атанасоски е еден од оние кои го примиле овој медал. Америка отсекогаш била засолниште/прибежиште за легалните имигранти од целиот свет кои доаѓаат до американските брегови со еден едноставен сон; ковајќи нов живот во земјата на можностите и слободата – слобода од религиозно, економско, политичко или етничко прогонување.

Кога имигрантската станица на Елис Ајланд, во Њујорк, беше отворена на 1 јануари 1892 го- дина, на 700 имигранти им беше дозволено да поминат низ неа само во текот на тој прв ден. До времето кога овој центар беше затворен во 1954 година, 17 милиони имигранти поминале низ неговите врати. Администрацијата и персоналот на Елис Ајланд просечно дневно процесуираа по 5 009 луѓе.

Многу од овие новодојденци слабо зборувале англиски, речиси немале пари и пристигнувале само со она во што биле облечени. Наспроти таквите предизвици, сите тие биле спремни да ги ризикуваат своите животи за можноста да изградат еден подобар живот за нив самите и за нивните семејства.

3.0.1  3.0.2

Медалот „Елис Ајланд“ е воведен во 1986 година за да им се оддаде чест на оние поединци кои – преку својата лична истрајност, жртвување и успех – помагаат Америка да остане на чело на науката, бизнисот, спортот, забавата, истражувањата во здравството и на безброј други важни полиња. Претставувајќи виножито на етничко потекло, наградените од 2005 година својата награда ја примија на 14 мај (косар) 2005 година, во сенката на историската Голема сала каде милиони имигранти, кои дошле во САД во втората половина на XIX век, ги направиле првите чекори кон еден нов живот.

На 14 мај (косар) 2005 година македонскиот  народ  како  и  сите  Македонци  кои  живеат во светот се гордееја што го носат вековното име. Доказ дека се вреден, трудољубив и способен народ, кој умее да твори и да создава, претставуваше и доделувањето на едно високо одликување, кое го доби наш човек, господинот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, сопственик на компанијата „Микрофлек“ во САД.

Почесниот медал „Елис Aјлaнд“ (The Ellis Island Medals of Honor), е највисоко признание на Националната коалиција на организации во Соединетите Американски Држави, кое им се доделува на Американци од различно потекло, како заслуга на нивната етничка група за придонес и учество во американското општество.

Десетчлена делегација на Македонци иселеници во светот, специјално заминаа за Њујорк за да присуствуваат на доделувањето на наградата на господинот Атанасоски. По тој повод дописникот на списанието „Македонско сонце“ Гоце Дуртаноски, присуствувајќи на оваа манифестација, директно известувајќи за настанот за „Македонско радио“ (ноќна програма), соопшти:

„Денес, сабота на полноќ, по европско време, на свечена церемонија пред околу 2.000 гости од јавниот и од политичкиот живот на Америка, како и поранешните добитници на ова признание, почесниот медал „Елис Ајланд“ на господинот Атанасоски му го предаде извршниот директор на Националната коалиција на организации. 

При врачувањето на медалот, беше истакнато значењето на признанието, кое ги збогатува плурализмот и демократијата во САД, чии добитници покрај својот идентитет, стануваат и интегрален дел од американскиот живот.

3.0.3

Признанието кое го доби господинот Атанасоски претставува уште еден доказ дека Македонците каде и да се наоѓаат во светот, успеваат на високо ниво да се интегрираат во тамошните општества. Воедно, тоа ќе претставува и инспирација и поттик за поголема ангажираност и дејствување на секое поле на македонската заедница во светот.

Престижното признание „Елис Ајланд“ е востановено во 1986 година на 200- годишнината од независноста на САД и 100-годишнината од изградбата на Статуата на слободата. По ранг ова е второ највисоко цивилно одликување во Соединетите Американски Држави. Овој почесен медал досега го имаат добиено поранешните американски претседатели Ричард Никсон, Џералд Форд, Џими Картер, Џорџ Буш, Бил Клинтон, поранешниот државен секретар на САД Медлин Олбрајт, конгресменот д-р Хенри Кисинџер, сенаторката Хилари Клинтон, нобеловецот Ели Вазал, светски познатиот глас Френк Синатра, артистите Кирк Даглас, Ентони Квин, поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани, индустријалци, талентирани уметници, спортисти… “

Непосредно по добивањето на медалот, господинот Атанасоски ја објаснил важноста и големината на признанието, кое тој лично го добил од страна на американската држава што воедно претставува и признание на сите Македонци во светот.

Од 14 мај (косар) 2005 година и името на господинот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски бeше изгравирано и претставено во Американскиот претставниците и американскиот Сенат со неколку резолуции ја поддржуваат  Националната коалиција на организации, односно The Ellis Island Medals of Honor. Со ваквото признание оваа Национална коалиција ја одржува својата работа за доброто на светот, како главна инспирација на американските етнички групи, раси и религии.

Продолжува

 99999 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top