Дијаспора

ДОНАТОРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МАНАСТИРОТ „ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО“ ВО ГОСТИВАР (25)

3.2.5

3.2.5

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ

Полог или Полошката Котлина е регионот каде се родил Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски. Покрај Пелагонија и Струмичкото Поле, Полог претставува еден од најразвиените земјоделски региони во Македонија. Тој е историско-географски регион во северозападниот дел  на Македонија, со површина од околу 400 км². Поделен е на два дела: Горен (Горни) Полог (во Гостиварско) и Долен Полог (во Тетовско) и се протега во меридијански правец север – југ.

Полог е котлина сместена помеѓу планините Шар Планина, Сува Гора, Жеден и Буковиќ. Се простира по горното течение на реката Вардар при што Полог ја претставува главната оска, иако делот на областа лево од течението на реката  Вардар е значително поголем од оној на десниот брег.

Гостивар, пак, е општина која е административна, политичка, деловна и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои  само во градското јадро живеат четириесеттина илјади  жители. Градот претставува типична мултикултурна средина, во која живеат, речиси, сите националности во Македонија.

Инаку, сите новоформирани општини, освен Мавровски Анови и Ростуша, кои порано биле во состав на Општината Гостивар, како и самата Општина Гостивар заземаат локација во Полошката Котлина, поточно во Горни Полог.

Општината Гостивар го зазема средишниот дел на Горни Полог, нејзиниот простор се протега на двете страни на реката Вардар. Така, од десната страна на реката општината се шири до југозападните падини на планината Сува Гора, а од левата страна до југоисточните падини на Враца, односно Шар Планина. Северниот и делумно јужниот дел ја зафаќа алувијалната рамнина Вардар.

3.2.6

Таа се граничи со општините: Чегране, Врапчиште, Вруток, Долна Бањица и Србиново, а на потесен простор со Самоков. Преку територијата на општината води главниот пат Скопје – Тетово – Гостивар – Кичево – Охрид, или преку Мавровски Анови за Дебар и Струга.

Во состав на општината, заедно со централното место и седиште на Општината Гостивар се наоѓаат 5 населби и тоа: Чајле, Балин Дол, Мало Турчане, Беловиште и Добреше, кое е најголемо со околу 4.500 жители, а заедно со Гостивар тие имаат околу 46 илјади жители. Само во Гостивар живеат околу триесет илјади жители од кои околу 43 % се Албанци, 39 % Македонци, 13 % Турци, 5 % Роми и други.

За потеклото на името на градот Гостивар постојат повеќе претпоставки и народни преданија и легенди. Така, во едно предание се вели дека во средниот век градот бил многу посетуван од гости од сите краишта, а во летните денови по традиција, секоја година се одржувал голем трговски собир (панаѓур). Ваквата традиција продолжила и за време на Турската Империја.

Поради големата посетеност на населбата од луѓе од други краишта, гости, Турците меѓу себе, на турски, често викале „гостивар“ (гости има). Тогаш во градот имало и многу гостилници, па се претпоставува дека „гостољубивиот град“ односно „градот на гости“ станал -Гостивар.

Во градот постојат повеќе знаменити објекти, пред сѐ, од турскиот период на владеењето, како и неколку џамии и препознатливата гостиварска Саат-кула што се наоѓа во центарот на градот. Исто така, на самиот плоштад, со својата импозантна големина доминира црквата „Света Богородица“. Најзначајното место за културните збиднувања во Гостивар е, секако, Домот на културата АСНОМ.

Во овој дом во текот на годината се одржуваат најзначајните културно – уметнички настани. Позначајни настани се „Ликовната колонија“, која се одржува во Маврово, но главната изложба е во Гостивар, како и програма, рецитали, песни и игри кои се изведуваат на  македонски, албански и турски јазик.

Исто така, во Гостивар функционира Културно-уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“, во кое има  секција за староградски песни, секција за фолклор (играорна секција), како и секција за модерни танци. Библиотеката „Вук Караџиќ“, пак, е сместена веднаш зад Домот на културата. Таа располага со повеќе од 80.000 книги а има и детски оддел, каде се одржува меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“.

 Ја искористивме нашата посета да видиме поголем број знаменитости, да се прошетаме по тесните улици, кои во тоа време беа преполни со автомобили и пешаци и да застанеме во една пријатна кафеана во центарот на градот. Во Гостивар ја посетивме и црквата „Света Богородица“, која е главна и катедрална црква , сместена на самиот плоштад. Изградбата на црквата е започната во 1924 година, а нејзиното осветување е извршено во 1929 година. Во 2003 година на црквата е извршен поголем реставраторски зафат и таа претставува еден од значајните храмови на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во западниот дел на Македонија.

Секоја година во соборната црква „Света Богородица“ во Гостивар се одбележува празникот Собор на сите македонски светители. Тој ден е за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои придонеле за афирмација на христијанството на овие простори на нивната големина и делата кои треба да се паметат и слават.

Во календарот на Македонската православна црква првата недела од октомври е заедничко празнување на сите македонски светители.

3.2.7 

Нашиот престој во Гостивар го искористивме да ја посетиме и да бидеме  гости на донаторската конференција за изградба на манастирот „Преображение Христово“. Треба да се одбележи дека 29 мај 2016 година ќе биде запишан со златни букви за црковно-националното живеење во Гостивар. Имено, на овој значаен ден, во ресторанот „Сајгија“ во Гостивар се одржа донаторска конференција за изградба на манастирот „Преображение Христово“.

Тоа има уште едно големо значење, бидејќи после сто години, беше иницирана изградба на манастирска црква  на подрачјето, која е лоцирна на завршетокот на Полог во Гостивар. Последна црква во Гостивар е изградбата на „Пресвета Богородица” во центарот на градот.

По долг период, гостиварци повторно во последниве години големо внимание почнаа да посветуваат и на обновата, на одржувањето на старите цркви, како и изградба на нови. Тие   посветуваат внимание и на одржување на црковните традиции и обичаи. Така, пред две години, во 2014, беше обновена инцијативата за фрлање на Светиот крст во водите на реката Вардар, традиција која во Гостивар беше прекината пред 70-тина години.

По повод изградбата на манастирската црква „Преображение Христово” во ресторантот „Сајгија” во Гостивар, на донаторска конференција беа присутни митрополитот тетовско-гостиварски, господинот Јосиф, министерот за надворешни работи на Владата на на Република Македонија Никола Поповски, голем видни бизнисмени од гостиварското поднебје и македонски граѓани и жители на Гостивар.

Во таа историска пригода беше присутен и господинот Гојко Делчев Рафкин, (Гојко Јаковлески), кој како голем благотвор, познат и признат Македонец во дијаспората, донираше пет илјади евра, што беше почеток да се вклучат и други донатори кои даруваа за манастирската црква „Преображение Христово”. Затоа со право можеме да кажеме дека овој чин беше за восхит кога бевме во Гостивар на гости.

Продолжува

 1KatiN
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top