Дијаспора

НА 7 АВГУСТ 1962 ГОДИНА СЕ ОСТВАРИ ИДЕЈАТА ЗА СВОЈА ЦРКВА ВО ТОРОНТО – ДЕЛ II (11)

1mih

1mih

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, за која и на најголемите неверници и противници им беше многу јасно дека враќање нема, колебање ич, и дека решеноста да се изгради храмот е огромна и конечна.

Успехот на оваа акција во “Паладиум хол” ги подгреа и ги зацврсти напорите и истрајноста да се продолжи со уште поголемо темпо. Тоа мошне елегантно го преиесоа и бројните медии – весниците, радијата и телевизијата од Торонто. кои, меѓу другото, го цитираа следниот текст на црковната управа:

“Be известуѕлме дека Македонската православна црква во Торонто е факт со кој се радуваат Македонците. Во најскоро време црковното настоЈателство ќе го реши прашањето за место каде ќе се вршлт богослужбите, Едновремено со ова ќе се преземат чекори за изградба на црква која треба да ги задоволи сите потреби за религиозен живот, а просветување, разонода и друго   и да биде нивиа гордост. 

Примете ги нашите искрени желби за преуспевање на Млкедонската православна црква и нашите длабоки почитувања, кон Вас – високите достоинственици на МПЦ”.

Ha состанокот беше формиран и управен градежен одбор a свештеникот Кирил Стојановски беше назначен за прв парохиски свештеник на новата црква   “Св. Климент   Охридски”.

Втората етапа беше да се изнајде најпогодно место за скорешната градба, но да биде тоа местоположба што ќе биде најдобра и општоприфатена од најшироките маси. Настојателството и не само тоа, трагаа секојдневно, го крстосуваа градот само за да дојдат до локација на која ќе никне катедралниот храм. Дури во 2,500 примероци беше размножено решението од регистрацијата кај канадските власти, со што и официјално “Св. Климент Охридски” влезе на списокот и дека таа е веќе запишана како прва македонска црква  Датумот е 12 декември 1962 година.

2mihМитрополитот Наум со Македонки во народна носијв

Трагањето по местото најпосле вроди со плод. Беше пронајдено, одбрано и купено, а во целиот период духовниот живот се одвиваше во Желевското селско друштво, во слободните простории во салата во “Плазата” на Торнклиф Парк, а понекогаш и во Англиканската црква и на други места.

Во 1962 година веќе масовно започна акцијата за подигнување духовен храм за да продолжи во следната 1963 и онаа година потоа и сите беа исполнети со многу напори, со маки, собирање на пари, непрестајни борби со разните проблеми, изработка на плановите и со што ли уште не. Мора да им се оддаде големо признание на сите ентузијасти кои не се штедеа ни себе си, ниту своето слободно време за да ги завршат оние куп обврски што стоеја на патот до изградбата на светиот дом.

Задоволство беше да се гледаат луѓето, како доаѓаа на купеното место за да стапнат, како што велеа, на парче македонска земја во Канада. Тоа место тие навистина го чувствуваа како свое. А како ли ќе изгледа утрешната црковна градба? Се прашуваа и прашуваа сите.

Се’ беше тајна до денот кога по три месеци упорна работа (сега покојниот) желевчанец, академскиот сликар Петре (Питер) Стојанов не и ги даде ликот и обликот на “Св. Климент Охридски” и не ја изложи макетата во “Плазата” (Трговскиот центар) Торнклиф Парк.

Претходно, дедото Петре ги покани на муабет и кус договор дел од оние што најмногу трчаа за црковните работи, па на крајот од средбата во неговиот дом да им ја покаже макетата на повеќето присутни пријатели. Сите беа воодушевени А заедно со чашка здравица ја споделија радоста: Павле Базел – Тупурковски. Мајк Нешевиќ, Коста Ендрус, Питер Илијас, Пит Кондов, Спиро Базел Тупурковски, Ван Петров, Луј Џорџ и свештеникот Кирил Стојановски. Сите останаа со отворени усти од големото и пријатно изненадување.

3mihМитрополитот Наум и свештеникот Кирил Стојановски со грула Македонци во 1962 година

Ho, толкаво големо изненадувањето беше и во “Плазата” во Торнклиф Парк кога река од луѓе поминуваа и уживаа, гледајќи ја макетата, па не само што ветуваа, дека ќе даруваат пари, туку за релативно кусо време беа собрани 110.000 долари доброволно и од срце. Се давани од 5 до 5.000 долари, се разбира секој според џебот и волјата да помогне.

Времето од 2 август 1962 година до 5 април 1964 година е време на организирање и на собирање финансиски средства во Торонто, купување место, одредување на локацијата, приготвување планови и дотур на материјали за да може црквата да се изгради поевтино, побрзо и посолидно.

Оној ден кога макетата на сегашната Македонска православна црква “Свети Климент Охридски” беше истакната во плазата на Торнклиф парк на луѓето им стана јасно дека црква не се прави само со пари, туку и со искрена љубов и вера дека делото што си го поставиле како цел пред себе, ќе се оствари.

Исто така, во серијата културни настани поврзани со денот на ослободувањето на Скопје, посебно место зазема изложбата на Петар Стојанов од Торонто, Канада. Овој македонски иселеник роден во 1900 година во големото македонско село Желево во Костурскиот краЈ, Македонија, на Уметничката галерија во Скопје и подари еден дел од своето ликовно творештво: шест уметнички слики и графики, со скромна желба, неговите уметнички остварувања да ги видат сонародниците во Македонија

И во 1963 годмна по јулскиот катастрофален земјотрес, кој многу ја разурна престолнината на Македонија и однесе многу скапи човечки животи, испрати уште 50 свои уметнички дела со една единствена и искрена желба, како што е речено во писмото, тие да им бидат разделеии на сите уметнички галерии во поголеуите градови од Републиката

Продолжува

1Slave Katin 3Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top