Дијаспора

ВОСТОЛИЧУВАЊЕ НА ПРВИОТ АМЕРИКАНСКО –КАНАДСКО – АВСТРАЛИСКИОТ МИТРОПОЛИТ ГОСПОДИН КИРИЛ (15)

1iust

1iust

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето 

Имено, придобивка за црквата “Свети Климент Охридски“ е и тоа што Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, на големиот Црковно-народен собор, оджран во древниот град Охрид, ода 17 до 19 јули 1967 година, тогашниот викарен епископ Тивериополски Г. Кирил го назначи за епискол на новоформираната Американско канадско-австралиско- македон-ската епархија.

Илјадници, десетици илјади припадници и поклонители на Светиклиментовата црква што живеат во Канада и Америка на тој начин го добиЈа својот духовен архиластир, Под неговото мудро и многузначно, најшироко дејание за релативно кусо време на северноамериканскиот континент македонските вредни иселеници со самопрегорен труд подигнаа десетина православни македонски храмови.

Но, чин на незаборав е оној, секако, запишан во историЈата на Македонската православна црква на 10 август 1969 година, или две лета откако беше назначен г. Кирил за овдешен владика. Тогаш пред олтарот во овие свети македонски порти беше извршено востоличувањето – интронизацијата на Неговото високопреосвештенство митрополитот Американско-канадско-австралиски г. Кирил. На тој ден река од народ се слеваше од многу места и градови, нешто слично како неколку дена пред тоа на Илинденскиот пикник, меѓу кои беше и авторот на овие текстови, Славе Катин. Некои дојдоа дури и два дена порано за да фатат место за многу значајниот настан.

3iustСлово на митрополитот г. Кирил 

Светата архиерејска литургија, во асистенција на сите свештеници   од  македонските   црковни  општини   во   САД  и   во Канада од страна на Дебарско- кичевскиот архиереј митрополитот г. Методиј и митрополитот г. Кирил беше отслужена на најсвечен начин, по што во името на Светиот архиерејски синод на МПЦ, митроплитот г. Методиј го воведе во архиерејскиот трон надлежниот епархиски архиереј.

Веднаш по интронизацијата митрополитот г. Кирил одржа мошне инспиративна, многу топла беседа и заблагодарувајќи се на довербата и задачата што му е доверена, меѓу другото, рече:

“Овој ден е ден на радост и на торжество, но. како и секоја друга радост, и оваа нашата денес, задолжува и обврзува. И јас вашиот архипастир, и свештениците во мојата пространа епархија и вие сите, мили духовни браќа и сестри на Господа, треба да бидеме свесни за големите и за тешки задолженија што се поставуваат пред нас. 

Одговорноста и потешкотиите, со кои ќе се среќаваме, се дотолку поголеми што македонските црковни општини кои ја сочинуваат нашата Богомдарована епархија ги разделуваат големи океански пространства. Сеедно, никогаш нема даја изгубам верата и надежта во Бога, дека со вашата искрена подршка и помошта уште на други наши повеќе од 200.000 браќа и сестри Македонци и Македонки кои живеат во Соединетите Американски Држави и во Австралија, а и тие се составен дел на оваа наша епархија,. 

Затоа ќе можеме да успееме уште со позасилено темпо во остварување на се поголеми успеси, како на нашето културио-просветно национално поле, така и на нашето црковно- патриотско поле. He ја губам надежта дека со сигурност ќе можеме да одиме во целосна афирмација на нашето на Бога угодно справедливо црковно и национално свето дело”, беа зборовите што им ги упати на верниците новиот надлежен владика г. Кирил.

4iust

Банкетво црквата “Св Климент Охридски”

Вечерта вo чест на востоличувањето во големата сала на “Св. Климент Охридски”беше приредена свечеиа вечера, на која покрај четиристотините Македонци, присуствуваа и многу други видни личности, како црковни, така и државни, од градот Торонто и од провинцијата Онтарио. Меѓу нив беа: г. Џорџ Бен, член на Парламентот, претставникот на Англиканската црква г. Вејт, претставниците на Католичката црква господата Томас и Доукер, уште еден член на Парламентот – д-р Шуман, делегати од Матицата на иселениците од Македонија, од македонските црковни општини од Австралија и од Америка, градоначалникот на Торонто г Џонс првиот претседател на МПЦ “Свети Климент Охридски” во То-ронто Спиро Сандѕрс и тогашниот Џим Џуглов и, се разбира, уште многу други личности со кои заедно беше возвишено вечерашното славје.

Следеа поздравни говори, силни пораки, многу ветувања и верувања дека со новиот надлежен архиереј г. Кирил уште похрабро и порешително ќе се оди во нови победи. Ваквите зборови на охрабрување и за поттик наидоа на силно одобрување од страна на сите присутни во големата сала. Радоста беше голема, веселбата исто така, постигнувањата и успесите – секако најголеми. Тоа беше уште еден силен мотив успешно и мудро да се работи и да се придонесува за свое добро, за доброто на својот народ, за добфто на сите заедно.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top