Дијаспора

ПРЕСЕЛНИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА КОН ДЕМОКРАТСКА КАНАДА (14)

1ote

1ote

Тешкиот живот во македонските села, главно, поради миграционите движења во земјата, до кои дојде со развојот на градовите no ослободувањето и форсирањето на индустријализацијата, полека ама сигурно доведе до динамизирање и на иселеничките процеси и надвор од државата. Мотивацијата била да се заработи дополнително уште некој долар на покус рок, за потоа пак да се дојде во зеијата и со спечаленото да се поправи куќата, да се огради дворот или да се зголеми бројот на стоката.

Затоа во почетокот на овие иселенички процеси, прво се одело во блиските држави, за потоа тој тренд да продолжи на подолга патека кон богатите држави на другите континенти, какви што се Америка, Канада и Австралија.

Печалбарската треска нашите села ги зафатила уште во XIX век. Првата дестинација и за велушинци бил Истанбул. Кој прв отишол таму не се знае, но набрзо потоа таква цел им станале и Србија и Влашко. Таму тие патувале како бичкиџии. Патувањата биле циклични: секоја пролетна-таму, секоја есен наваму.

Co сите ризици што таквите патувања во  тоа време ги носело поради разбојничките банди на кои налетувале, Затоа се одело групно и вo тајфа се ераќале. Овие луѓе народот ги викал „гурбетчии“, а нивните активности „гурбетчилак”, Патувањата на подолги рокови биле и поболни. Се заработувало подобро. но и трсшоците за пат небиле мали. Еден бротски билет за Америка или Канада чинел цело богатство.

Враќањето на печалбарот било најрадосниот миг во неговиот и во животот на семејството. Најавеното враќање предизвикувало возбуда, радост и неспокој. Кога домаќинот ќе лристигнел дома, жив и здрав и со спечалена пара во џебот, целото семејство било исполнето со радост и среќа. Тој чин бил свечено прославуван, со богат ручек, на кој се канеле сите соседи и пријатели, млади и стари, Овој ритуал бил незаборавен настан за сите во селото. Повратникот добивал благослов со зборовмте: „Жив и здрав да ни бидеш, повторно здрав да одиш и побргу да ни дојдеш, ти нам – Господ тебе!”.

2ote

На свадба кај Јановци 

Циклусот се повторувал. Печалбарот дома престојувал година-две, додека не се родат едно или две деца и повторно заминувал на пат. Семејството останувало дома, во очекување абер, писмо или пари, ангажмрано околу полските и домашните работи. Така, животот течел со децении.

Во почетокот ретки биле случаите, печалбарот, по престојот во странство, да го noвлече кај себе и целото семејство. Но. од втората половина на минатиот век, таа промена станала нормална, така што голем број Македонци – печалбари во земјите во кои престојувале, ги доселувале и своите семејства. Инаку, масовното семејно иселување од Велушина започнало во 60-тите години на дваесеттиот век. Најмногу во Торонто, Канада и Сиракјуз, Америка.

Од ваквата судбина не било поштедено ни семејството Јановци. Приказната за него ми ја раскажа Александар Јановски – Алексо, со кого ја посетив и Велушина на крајот на февруари 2001 година. Алексо е внук на Ѓорѓи Јановски, сега пензионер којшто живее во Битола.

Семејствата на Васил, Марко и Петре Јановски живеат во Канада, во земјата на иднината, како што многумина ја нарекуваат. Педантните аналитичари запишале дека Канада е држава во која живеат над 35 милиони жители, главно од англиско и француско потекло. а има и над сто други националности, меѓу кои и  околу 120,000 Македонци од сите делови на Македонија. Таа е составена од 10 покраини (провинции): Алберта, Британска Колумбмја, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд, Онтарио, островот Принц Едвард и Саскачеван; потоа од две самостојни територии: Јукон и Северозападната област на Арктичкиот (Францускиот) архипелаг.

Службени јазици се англискмот и францускиот. Припадниците на сите народи го зборуваат мајчиниот јазик, имаат свои училишта, цркви, друштва… Главен град е Отава, со околу 800.000 жители и се наоѓа во Онтарио, а важни и поголеми метроплои се; Монтреал, Торонто, Ваккувер. Едмонтон, Хамилтон, Винипек, Квебек. Калгари, Хелифакс, Виндзор и др. Во Канада владее континентална клима, на југ субарктичка и поларна насевер. Најлознати реки се Сент Лоренц, Макензи и Нелсон, а од езерата Горно, Хјурон, Ири, Онтарио, Винипек, Големо Ропско и други, додека најпознати планини се Карпестите Планини што се протегаат на западниот дел на Канада.

3oteДел од активностите на Македонците во Канада 

Во втората татковина на Јановци пред доаѓањето на Европејците, Канада била населена, главно, со Индијанците Ирокези и со Ескими. Се претпоставува дека во XI век за првпат дошле Норманите. Меѓутоа, се смета де-ка во 1497 година прво се откриени источните брегови и полуостровот Лабрадор од Џовани Кобато, италијански мореллоѕец во служба на Англија. Први доселеници од Европа биле Французите, кои ео 1608 година под водство на Самиел Шаплен го основале Квебек.

Во 1620 година Канада е под името „Нова Франција”. Истата година формирана е засебна компанија со задача да се колонизира новата земја и да се користат нејзините големи богатства.

Во текот на XVII век се доселуваат и англиски колонисти кои, исто така, воделе борби против Ирокезите и постепено освојувале простори и се проширувале кон запад, Во почетокот на XVIII век, Француско-англиската војна во Европа предизвикала судири ао Канада. Бидејќи освојувачката политика во Европа, водена од Луј XIV, ја запоставува грижата за Какада, превласта почнала да преоѓа од Французите на Англичаните. Во текот на војните за шпанското наследство, Англичаните успеале да освојат еден нејзин дел и со Утрхтискиот мир во 1713 година им е признато правото на Акадија и областите околу Хадсоновлот залив.

Во текот на седумгодишната војна, Англичаните ја освоиле цела Канада и таа им припаднала со Парискиот мировен договор во 1763 година Во текот на XfX век се вршело големо населување и ширење на колонистите кон запад, што во 1867 година довело до формирање на Канадската конфедерација со статус на доминион.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top