Дијаспора

ТРАДИЦИОНАЛЕН ПИКНИК НА ВОЛИНЦИ

1volin 1

1volin 1

ТРАДИЦИОНАЛЕН ПИКНИК НА ВОЛИНЦИ

И покрај најновите рестрикции во Сиднеј поради Ковид – 19, Волинчани на католичкиот Божиќ (25.12.2020) го одржаа својот традиционален пикник крај брегот на Пацификот на живописниот Stanwell Park. Поради истите рестрикции оаа година само Волинчани од соседниот град Волонгонг не им се придружија.

Како што се практикува, покрај македонска музика, се пиеше и јадеше (одговорен за скарата како и секогаш беше Крсте Илинкоски) и се навратуваше на блиските и далечни средби со Волинчани, се нижеа спомени за детството во Волино и прекрасната Македонија и животот на Волинчани во Австралија, а секако и за сегашната политичка ситуација во Република Македонмија, при што остро се осуди и предавничката политика на владата која го избриша името, а сега е во процес на бришење историјата, јазикот и македонскиот идентитет – го корне најбитното за опстанокот на една нација.

НЕКА НИ Е СРЕЌНА НОВАТА 2021 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ  ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ! АМИН!

Д. Ристевски

Фото:

1volin 1

Групна фотографија на Волинчани

1volin 1

Братска фотографија: Иван, Ангеле и Трпе

1volin 2Крсте Илинкоски и Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top