На прво место

Европска кочница за Софија

Обидот на Бугарија преку официјална евро-монета од 2 евра да ја претстави кирилицата како „бугарска азбука“ наиде на отпор во самото срце на Европската Унија.

Според документи на Советот на ЕУ, една земја членка на еврозоната поднела официјален приговор против предлогот за бугарска комеморативна монета од две евра, посветена на таканаречената „Бугарска азбука“, поради што постапката за нејзино одобрување е блокирана. Идентитетот на државата што го поднела приговорот засега не е објавен во јавните документи.

Станува збор за монета што Бугарија ја предложила во мај годинава, а која требало да биде пуштена во оптек во втората половина на 2026 година. Но, бидејќи за ваквите комеморативни евро-монети е потребна согласност од институциите и државите на еврозоната, приговорот практично го стопирал проектот во неговата сегашна форма.

Особено внимание предизвикува фактот што во официјалните документи и комуникации на Европската Унија досега се користел терминот „кирилица“ или „кирилско писмо“, а не „бугарска азбука“. Токму поради тоа, дел од европските кругови го толкуваат спорниот назив како обид за национално присвојување на писмо кое денес го користат повеќе словенски народи.

Кирилицата е едно од трите официјални писма на Европската Унија и претставува дел од заедничкото словенско и европско културно наследство. Нејзиното создавање и ширење е поврзано со делото на светите Кирил и Методиј, како и со нивните ученици во средновековните словенски духовни центри. Затоа, секој обид таа да се претстави како исклучиво национално достигнување неизбежно отвора историски и политички полемики.

Случајот со монетата доаѓа во период кога Софија сè почесто се обидува да наметне сопствени историски толкувања во европските институции. Но овојпат, наместо поддршка, бугарската иницијатива се соочи со европска кочница.

Иако сè уште не е познато која држава го поднела приговорот, самиот факт дека проектот е блокиран покажува дека во рамките на Европската Унија не постои консензус околу претставувањето на кирилицата како „бугарска азбука“.

Најново од: На прво место

Сите барања на Бугарија се од 2022 годин

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема нови барања од Бугарија, туку станува збор за обврски и услови кои, според него, биле прифатени од претходната влада во 2022 година. Коментарот на премиерот доаѓа по информациите што се појавија во јавноста по вчерашната посета на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо […]

СДС го користи македонскиот јазик за политички маркетинг

Пратеничката на СДС, Бисера Костадиновска-Стојчевска, повторно потврди дека за нејзината партија македонскиот јазик претставува тема за дневнополитички настапи и прес-конференции, наместо поле за сериозна и одговорна институционална работа. Додека таа, како што наведуваат од Министерството за култура и туризам, патувала во странство со државни средства наместо активно да ги извршува своите пратенички обврски, надлежните институции […]

Мицкоски: Ако опозицијата сака избори, подготвени сме да излеземе на терен и да победиме

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека партијата е подготвена за парламентарни избори кога и да ги побара опозицијата, нагласувајќи дека во втората половина од мандатот секоја сериозна политичка структура мора да биде подготвена за сите можни сценарија. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на спортската сала „Расадник“ во скопската […]

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлуки за натамошно зајакнување на партиските политики

Продолжува зајакнувањето на партиските структури и реализацијата на реформите Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на одржаната седница разгледа повеќе актуелни политички и организациски прашања и донесе одлуки насочени кон понатамошно зајакнување на партиските структури и реализација на програмските определби. На седницата беше констатирано дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите и реализација на […]

Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби во Министерството за земјоделство

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на денешната собраниска седница оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и неиздржана, нагласувајќи дека министерот со факти и аргументи ги побил сите обвинувања изнесени против него. Стојаноска направи споредба меѓу резултатите од двегодишното работење на Трипуновски и работењето на неговиот претходник […]

Филипче уште ли ќе тврди дека се работи само за Бугарите во Уставот?

Со години Венко Филипче и СДС ја убедуваат македонската јавност дека единствената пречка на патот кон Европската Унија се уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Според нивната политичка матрица, доволно било Македонија да ја направи таа отстапка и европскиот пат магично ќе се отворел. Но, што ќе каже Филипче по последните разговори што […]

Силните идентитети не напаѓаат други идентитети – порака на Муцунски од Софија

Муцунски од Софија порача дека иднината на Македонија и Бугарија треба да се гради врз почитување, доверба и соработка, а не врз спорови околу историјата, јазикот и идентитетот. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Софија испрати јасна порака дека во современа Европа нема место за негирање на идентитетите и за политички […]

Инженерско чудо на Коридор 8: Возовите од Скопје до Софија ќе сообраќаат со брзина до 120 километри на час

По три децении застој, изградбата на делницата Белјаковце – Крива Паланка влегува во најинтензивната фаза, со 29 мостови, 15 тунели и инвестиција вредна стотици милиони евра.

To top