Дијаспора

СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ – ДЕЛ ОД ЦРКОВНОТО, ДУХОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ – ДЕЛ I (21)

1pravos

1pravos

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада. Затоа, кora ce зборува или се пишува за овој македонски храм, секогаш се мисли на активностите, задолженијата, обврските, честа и гордоста што им припаѓа на свештенослужителите

Изминатиот период, особено од 1962 до 1992 година, е исполнет со се’ поголеми услеси и постигнувања.  Ова прво македонско светилиште од Бога благословен на канадска почва е посветено на основоположникот на Светиклиментовата Македонска православна црква. за да не се заборават спомените од македонскиот Ерусалим – Охрид, древниот град на Свети Климент, со гордост го носи името на Свети Климент Охридскиот Чудотворец.

За да се нахрануваат и да се воспитуваат духовно, верните чеда на Македонската православна црква беа нераскинлив дел и македонските народни пастири со својот народ, кои се радуваа со крштевките и со венчавките во ова Свето место, а тагуваа и се молеа за покојниците за нивните души и преселувањето во Небесната црква.

Co благослов на Мајката црква и на Светиот архиерејски синод во сиот период свештенослужители беа следните македонски духовни водачи:

Протаставрофор   Кирил Стојановски 1962 – 1964; протаставрофор Атанас Попов 1964-1972; протаставрофор Михаил Теохарев 1972-1979; протојереј Бранко Пачемски1975-1977; протојереј Драги Костадиновски 1979 – 1982; протојереј Илија Димитриеѕски   1981 – 1985; како и парохиските свештениците кои служеја во периодот кога беше објавена монографијата и тоа:  Илче Миовски од 1982; прота Јован Босеовски од 1985.

ПРОТОЈЕРЕЈ КИРИЛ СТОЈАНОВСКИ

ПРОТОЈЕРЕЈ СТАВРОФОР АТАНАС ПОПОВ

ПРОТОЈЕРЕЈ СТАВРОФОР МИХАИЛ ТЕОХАРОВ 

Свештеникот Кирил Стојановски е роден на 29 април 1904 година во Прилеп и потекнува од македонско православно семејство. Богословско училиште завршил во Битола, во првата генерација во 1925 година  По завршувањето на богословијата е

ракоположен во свештеник и потоа оди на служба прво во Прилеп. а потоа во Скопје, каде и останува до крајот на животот.

Во текот на бурните времиња меѓу двете светски војни како свештенослужител бил во натрапничките Срп-ската и Бугарската црква. При крајот на ослободителната војна се вклучи во помагањето на Народноослободителното движење и заедно со други свештеници стана еден од членовите на Народноосло-бодителниот одбор на Скопје Подоцна, се повлекува и се оддава исклучиво на црковното и на црковните работи.

Заедно со свештениците денешниот архиепископ на МПЦ Неговото блаженство г.г. Михаил (Методи Гогов) и Никола Апостолски, отец Стојановски беше во Иницијативниот одбор, кој ја форсираше линијата за обнова на Македонската автокефална црква, на што остана до возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

Во 1963 година заедно со тогашниот Злетовско-струмички епископ, митрополитот Наум беше првиот црковно национален мисионер во Торонто и на 12 август истата година првпат извршија богослужба на македонски јазик и прво крштевање. Тоа беше настан што остана во сеќавање и е запишан со големи букви во историЈата на црквата “Св. Климент Охридски.

Свештеникот Кирил Стојановски е прв парох во црквата ‘Св Климент Охридски”. Тој остана времено во оваа црква до 1965 година кога беше заменет со свештеникот Атанас Попов. Во текот на неговиот период е осветена црквата и се преземени бројни активности што претставуваат основа за натамошно црковно, културнопросветно, национално, духовно и друго живеење на Македонците од сите делови на разделена Македонија, кои вложија и време и пари и труд во првиот македонски црковен храм во Канада – “Св. Климент Охридски”. 

Свештеникот Атанас Попов е роден во 1908 година во селото Горно Дупени, Ресенско, во богато селско семејство. Богословија завршил во Битола во 1929 година и беше еден од првите македонски свештеници. По ракоположувањето за свештеник шест години бил на работа во парохија во Кичево, а потоа се враќа во Битола каде останува до крајот на животот. Бил свештеник во поголемиот број цркви во Битола.

Свештеникот Атанас Попов беше еден од поистакнатите свештеници на МПЦ. Тој беше еден од поборниците за автокефалноста на Македонската православна црква. Бил член на разни црковни органи и во раководството на Здружението на свештениците. Учествувал на повеќе црковно-народни собори на кои се поставени темелите на обновената Охридска архиепископија, во лицето на Македонската православна црква.

За редовен парохиски свештеник во “Св. Климент Охридски” беше назначен уште во 1964 година, кога го замени првиот, свештеник Кирил Стојановски. Свештеникот Попов во Торонто остана до 1972 година, потоа се враќа во Македонија, а во негово место дојде свештеникот Михаил Теохарев.

Во текот на повеќегодишниот престој во Канада како парохиски свештеник постигна завидни резултати. Co неговиот добар однос кон луѓето, со неговата мудрост, интелектуалност и духовност остави убав впечаток и како свештеник и како човек – мисионер.

Тој беше поборник да се зголеми бројот на членовите во црквата, да се започнат бројни активности на црковно, културно и просветно поле. Свештеникот Попов беше иницијатор за покренување на списанието “Духовна искра” еден од организаторите на бројни манифестации за различен карактер што значеа афирмација на Македонците во Канада и пошироко Почина во Битола во 1991 година.

Свештеникот Теохаров е роден на 12 мај 1920 година во Пехчево, во Македонија и потекнува од православни родители од татко Никола и мајка Марија. Основно образование заврши во Пехчево, гимназија во Штип, три години православна богословија во Призрен во 1939 година, а потоа други три години заврши на православната семинарија во Софија во 1944 година.

Bo ѓаконски и свештенички чин е ракоположен од митрополитот Неврокопски Борис на 24 и 25 јуни 1944 година во Рилскиот манастир. По ракоположувањето оди на служба во Делчево, каде што останува до 1954 година, а потоа доаѓа во првата беровска парохија и останува до почетокот на 1972 година.

Тогаш, со одлука на Светиот архиереЈски синод на МПЦ е одреден за парох во МПЦ “Св. Климент Охридски” во Торонто, каде што остана до 24 април 1978 година. По враќањето од Канада е парох во Берово.

Активно учествува во подготовките за возобновување на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква во 1958 и во 1967 година и е учесник на двата црковно-народни собири.

Автор е на “Монографија на манастирот Свети Архангел Михаил” од Берово и на публикацијата “Животен пат на Македонската православна црква”. Во Торонто го уредуваше илустрираното списание “Климентов збор” од кој се отпечатени 11 броја, лотоа “Билтенот” кој имаше   интерен црковен карактер, а соработуваше со бројни информативни гласила во Канада и во Македонија.

Како резултат на постигнатите успеси во својата свештеничка и мисионерска работа и учеството во бројни активности, протојереј ставрофор Михаил Теохаров е носител на голем број признанија, пофалници и награди, меѓу кои напрсен крст од надлежниот архиереј на Американско-канадско-австралиската епархија митрополитот г, Кирил. 

      4. ПРОТОЈЕРЕЈ БРАНКО ПАЧЕМСКИ

Свештеникот Бранко Пачемски е роден на 12 јули 1938 година во Берово, од татко Јован имајка Параскева. Потекнува од многу сиромашно работничко семејство. По завршувањето на осумгодишното училиште во Берово, се запишува во Богословијата во Призрен, каде по четиригодишно школување се враќа во родното место

Во 1960 година е ракоположен прво во ѓаконски, а потоа во свештенички чин. Потоа е испратен за парохиски свештеник во Богданци, каде останува три години. Во меѓувреме се запишува на Филозофскиот факултет група руски јазик. Работел како професор по руски јазик во Косово и во Беровско.

Од септември 1969 година до октомври 1975 година работи како професор во Богословското училиште во Скопје. Од почетокот на 1975 година е поставен за втор парохиски свештеник во МПЦ “Св. Климент Охридски” во Торонто. Таму останува една и пол година, а потоа е преместен во Сираќуз во државата Њујорк, во МПЦО “Св. Ѓорѓи” каде останува три и пол години.

Се запишува на постдипломски студии и станува магистер по славистика на Универзитетот во Сираќуз, Во 1980 година се враќа во Македонија, најпрво во црквата “Св Архангел Михаил”, а потоа во “Св. Димитрија” во СкопЈе. Почина во Скопје на 21 декември 1988 година.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top