На прво место

Двојните аршини на Европската Унија

Македонска Нација

Додека земјите од Западниот Балкан повеќе од две децении чекаат на конкретен напредок кон членството во Европската Унија, Европскиот совет денеска го отвори првиот преговарачки кластер за пристапување на Украина и Молдавија. Веста ја соопшти претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Сите земји членки се согласија да го отворат првиот кластер од пристапните преговори со Украина и Молдавија. На првата меѓувладина конференција во понеделник ќе го отвориме кластерот „Основи“, кој претставува столб на процесот на пристапување“, напиша Кошта на платформата Икс.

Според него, основниот кластер ги опфаќа клучните вредности и принципи на Европската Унија, вклучувајќи ги владеењето на правото, демократските институции и почитувањето на европските стандарди.

Од перспектива на граѓаните од Западниот Балкан, ваквиот потег неизбежно отвора прашања за критериумите и принципите што ги применува Брисел.

Македонија има кандидатски статус од 2005 година и повеќе од две децении го чека следниот голем чекор. Црна Гора преговара од 2012 година, Србија од 2014 година, Албанија е кандидат од истата година, додека Босна и Херцеговина и Косово сè уште се наоѓаат во претходните фази на интеграцијата. За дел од овие држави тоа веќе значи повеќе од дваесет години чекање, без јасен одговор кога ќе станат членки на Унијата.

Токму тука се создава впечаток дека правилата не важат еднакво за сите кандидати. Европската Унија официјално тврди дека процесот на проширување се темели на заслуги, реформи и исполнување на критериумите.

Но, во пракса геополитичките околности очигледно играат значајна улога.

Војната во Украина и безбедносните предизвици со кои се соочува Европа ја направија интеграцијата на Украина и Молдавија стратешки приоритет за Брисел.

Ако геополитиката може да го забрза процесот за едни држави, тогаш сосема оправдано се поставува прашањето зошто земјите од Западниот Балкан со години остануваат блокирани поради билатерални спорови, политички условувања и внатрешни несогласувања меѓу земјите членки на Унијата.

Токму затоа кај граѓаните во Западниот Балкан сè почесто се наметнува впечатокот за двојни аршини. Едни држави добиваат политички забрзана патека поради стратешки интереси, додека други со децении остануваат во европската чекалница и покрај бројните реформи, исполнети обврски и направени отстапки.

За граѓаните на Западниот Балкан, кои повеќе од дваесет години слушаат ветувања за европска перспектива, сè потешко е да поверуваат дека сите кандидати се третираат според исти правила.

И токму тука лежи суштината на проблемот: кога правилата не се применуваат еднакво, довербата во процесот неизбежно почнува да се губи.

Колку подолго Западниот Балкан останува во европската чекалница, толку пошироко се отвора просторот за Русија, Кина, Турција и други глобални сили да го зголемуваат своето политичко, економско и стратешко влијание во регионот. Тоа е простор што Европската Унија сама го остава празен со својата неодлучност и постојаното одложување на проширувањето.

Можеби е крајно време земјите од Западниот Балкан да сфатат дека во меѓународната политика нема вечни чекални и вечни ветувања. Ако Европската Унија не е подготвена да го интегрира Западниот Балкан како што со години ветува, тогаш крајно време е регионот да ги отвори вратите за оние држави што покажуваат поголем интерес за соработка, инвестиции и развој.

Најново од: На прво место

32 милиони евра за вработување: Над 10.000 лица ќе бидат опфатени со Оперативниот план за 2026 година

Младите остануваат во фокусот – предвидени се речиси 6.000 учесници до 29 години, над 2.000 нови работни места преку самовработување и поддршка за вработување на над 1.500 лица. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на справување со предизвикот на невработеноста преку низа мерки и програми насочени кон отворање нови работни места, поддршка на претприемништвото и […]

Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерки насочени кон зајакнување на економијата, отворање нови работни места и намалување на невработеноста, при што посебен акцент е ставен на младите и нивното активно вклучување на пазарот на трудот. Преку Оперативниот план за вработување за 2026 година се предвидени мерки и програми што треба да придонесат за отворање […]

Македонија ги повика турските инвеститори: Продлабочување на економската соработка и нови инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната посета на Истанбул, Република Турција, учествуваше на Бизнис форум посветен на унапредување на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу двата народа. Токму тие односи, како што посочи, претставуваат […]

Додека ЕУ размислува, Западен Балкан не смее да стои во место

Иницијативите како „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес беа претставени како важни механизми за продлабочување на регионалната соработка и подготовка на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Но, и покрај бројните средби, декларации и договори, резултатите останаа далеку под очекувањата. Дел од договореното никогаш не беше целосно спроведено, а политичките несогласувања и недоволната […]

Сите во раководството на СДС носат темни очила и тампони за уши?

За време на посетата на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Софија, македонската страна уште еднаш ја нагласи определбата за градење добрососедски односи засновани на меѓусебна почит, европски вредности и конструктивна соработка. Пораките беа насочени кон иднината, економската соработка, регионалната стабилност и надминувањето на недоразбирањата […]

НАМЕСТО ГРАДЕЊЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ — БЕСКОНЕЧНИ УСЛОВИ!

Се возев со брз, тивок и современ воз кон Пирин. Низ широките прозорци се отвораа прекрасни глетки: зелени полиња, планински падини, мали населби и уредени станици. Возот се движеше лесно, речиси нечујно. Границата како да не постоеше. Немаше долги колони, немаше недоверба, немаше нервоза. На една од станиците здогледав голем натпис на македонски јазик. Никој […]

Сите барања на Бугарија се од 2022 година

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема нови барања од Бугарија, туку станува збор за обврски и услови кои, според него, биле прифатени од претходната влада во 2022 година. Коментарот на премиерот доаѓа по информациите што се појавија во јавноста по вчерашната посета на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо […]

СДС го користи македонскиот јазик за политички маркетинг

Пратеничката на СДС, Бисера Костадиновска-Стојчевска, повторно потврди дека за нејзината партија македонскиот јазик претставува тема за дневнополитички настапи и прес-конференции, наместо поле за сериозна и одговорна институционална работа. Додека таа, како што наведуваат од Министерството за култура и туризам, патувала во странство со државни средства наместо активно да ги извршува своите пратенички обврски, надлежните институции […]

To top