Дијаспора

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (12)

1demir

1demir

ПЕЧАЛБАРСКАТА САГА НА СТАМЕВСКИ ОД ОДРИ ДО ДЕТРОИТ – ДЕЛ I 

Страниците на монографијата „Светле – Стив Стамевски“ од авторот на овој текст, Славе Катин му се посветени на животниот летописен колаж,  на исклучително благородниот, вистинољубив, хуманопоклоник и човекољубен американски Македонец, Светле и на долгодецениското стебло на познато семејство Стамевски.

Инаку, корените му потекнуваат од подшарпланинските синори, а гурбетџиско-печалбарските потраги за една поинаква иднина, неговите претци и самиот Светле, ги водат од питомото тетовско Одри, далеку преку океанот, дури до најголемиот автомобилски центар на западната хемисфера, во мичигенскиот град Детроит.

Поминувајќи низ слава, успеси, проблеми, напори, премрежија, Светозар-Светле (Стив) и неговите Стамевски, низ сите овие децении непокорно, многу упорно, отпорно и резултатно го формираат семејниот портрет, кој ја заслужува и пошироката внимателна понуда, како пример на една успешна приказна почната во Македонија а продолжена на северноамериканските простори.

Првата печалбарска нога на Стамевци уште во првите децении на минатиот век, стапнала во “ветената земја”, за пари да заработи и дома да се врати со жолтиците во пазувите. Уште како дете Светозар-Светле со сета детска фантазија и љубопитност ги слушал и ги меморирал во неговата кревка психа приказните на дедо му Крсте, кој цели ноќи и дни, кога ќе се врател, ја прераскажувал таа негова тешка и мачна гурбетџиска сага.

Дедото Крсте од европските пристаништа на параходот се качил во далечната 1919 година и со торбулето в раце, заминал за Америка. Овој горд и стамен Македонец, знаел дека не ќе му се лесни годините во далечната земја без никој никаде, но верувал во себе, во својата сила и моќ да работи и заработи и да се справи со сите искушенија кои ги носи еден таков пат далечен, тежок и непознат.

Токму дедото Крсте ја повлекува ногата и потоа, не случајно семејството Стамевски ги продолжува и ги заокружува печалбарско-иселеничките свои животеци од Одри и засекогаш во Детроит, во Америка.

1demir1Гостивар

Во потшарпланинските раскошни атари весело, безгрижно и интересно детство поминал Светозар-Светле. Уште од тие години, тој постојано слушал и гледал и живеел со тоа дека во нивната куќа, секогаш некој одел и доаѓал од гурбет, заминувал и се враќал од печалба, те во блиските држави, те далеку преку океаните. По тие патишта набргу по замомчувањето ќе киниса, односно, ќе ги продолжи и самиот тој.

Но, најпрво оди на училиште. По осмолетката, решава да го продолжи средното образование во Гостивар, во Средното техничко училиште. Еве, што Светле ми изјави за таа тематика:

 „Татко ми сакаше и навиваше јас да одам во гимназија, но, мојата желба и определба беше поинаква. Сакав да завршам занает, а техникумот ми лежеше повеќе на срце. И плус тоа, со него ќе можам и во Америка, каде што веќе бев решен да заминам, ќе можам побргу и полесно да се снајдам и да почнам нов живот.

Морав нешто да сторам за да куртулам од селските работи од кравите и шталите. Затоа, отидов во Гостивар и отпрво се вселив во интернат. Арноама во интернатот како во хорор. Ни-какви услови, никакво внимание, полошо здравје. Откако не издржав ни цела година, решив да патувам секој ден од Одри до школото. Тоа зн-чеше секој ден да поминувам по педесет и шест километри.

Многу напорно, но стегнав заби и реков ова мора да се издржи по секоја цена. Станував во пет часот наутро a ce враќав дома дури во пет навечер. Во зимно време тоа веќе беа црни темници. Уште нерасонет мораш да газиш долг пат а кога си уморен пак по истата маршрута назад дома. Некако ја туркав науката. Некоја криза ме фати во втората година He дека не сакав да го завршам школувањето, но сепак видов дека не е тоа за мене. Ништо не разбирав. Ништо.

 Можеби ако бев дреар поарно ќе поминев. Ma каков штрафцигер какви бакрачи. Па јас и ден-денес штрафцигер в раце не држам. И ништо не поправам. Тоа за мене е шпанско село. Тогаш дали не умееја да не научат или, пак, нешто друго беше во прашање.

Машинобраварскиот занает беше тој кој го имавме по завршувањето на средното техничко образование, машински отсек. Потоа останав во Гостивар два месеца. Еден ден, решив да оставам се’. Така и сторив, оставив се’ и набргу веќе ги пакував куферите за долгиот пат дури до Соединетите Американски Држави.

Времето си врвеше и почнав многу сериозно да размислувам околу мојата женачка. He дека момчешкиот живот ми бешелош, но, навлегував во години кои сметав оти се таман да застанам на, што би рекол нашиот народ „лудиот камен”.

Лагодниот живот во Америка не го откорнува од неговите родни краишта. Каде да ја бара својата среќа. Низ главата му се вртат многу мисли, идеи, прилики, девојки, предлози, и што се’ не. Ама едно е сигурно, како и секој добар Македонец, решен е да земе мома Македонка.

„Да биде од нашите краишта, и тоа е конечната одлука. Нашите жени се подобри од која било Американка. Сакав да имам жена а не шеф кој постојано ќе ми „трие сол на главата”. Вака своето си е свое. Ама сакав мојата идна сопруга да биде и од голема фамилија, со доста браќа и сестри, за да не ми плаче постојано после, да бара за да се враќа назад за да ги види мама и тато”.

Од толку моми што око му фрлиле на личен Светозар-Светле и во Америка и во Тетовско, тој сепак на крајот ја одбра лична мома Светлана. Средбата била случај-на, познатството, исто така на 26 мај. „Беше премлада. Имаше одвај шеснаесет години, родена е на 28 juli 1963 година. Ама како тогаш било време на земјотресот, таа има три датуми на раѓање, бидејќи немало ни матично.

He ce ни знаеше дали нејзините тројца браќа ќе ја дадат за мене. Јас онака висок, дотеран, измазнет, крцкам целиот, влегов како шериф во Ново Село. Одам кај родителите на Светлана и по сите адети, ја побарав за невеста. Дадовме, збор, наздравивме. Се собраа роднините и комшиите. Село весело. И добив дозвола, да можам да си ја однесам во Америка.

Само по една недела се венчавме. Свадба направивме, исто така, по сите обичаи и среќни задоволни, почнавме да прибираме документи за заминување. Како што мојата невеста имаше неколку датуми на рагање, а немаше уште ни лич-на карта ни пасош, јас морав да се растрчам на сите страни за да ги средиме нејзините патни исправи, и да бркаме виза за Америка. И во Вратница Трпко беше матичар, инаку братучед на татко ми, па во судот во Тетово, исто така, наш човек.

Судијата Петко отпрво малку правеше мајтап со мене, кога виде дека не можам да се сетам кој е тој, иако сме се виделе и во Детроит, ме испопраша како тоа мислам да ја издржувам жена ми, a jac му изнакажав дека имам овде имот, дека во Америка имам бизнис со ресторани итн., и дека нема воопшто проблем да издржувам жена и семејство. расположи и веднашја прати секретарката да купи нешто и, тој наместо мене, да чести.

1demir2Ново Село

Но, пред тоа, некои службени лица кои беа дојдени од Скопје, бидејќи беше малолетна кандидатката за сопруга, па мораше со сведоци да се средат работите, го прашуваа таткото на невестата колку години има таа и уште неколку други теми. Овој целиот се збуни и вели, не знам. Дали 12 или 13. He знам. Имам седум деца, рече и од каде да им ги памтам годините на сите.

Кога јас си помислив дека сега е оплескана работата и дека ништо не правиме,  кога ете таткото не се сети за годините, и дека ако бараме прав пат никогаш нема да сгасаме во Америка, ете, во тој миг, судиите и другите службени и неслуж-бени лица во салата прснаа да се смеат. Оваа комична ситуација траеше кратко, и веднаш ни ја дадоа одлуката дека може да стапиме во брак.

Одтука кинисавме право во Вратница. Во Матичното дојде Трпко. Кога ме виде почна дури и да плаче од радосг. И тој беше во Америка многу време. My беше мило и тој го одврза кесето, сакаше да чести. А, бре чекајте луѓе, велам јас, па нели треба зетот да почести. He, не, ми возврати Петко, и ние се радуваме заедно со вас, и затоа и ние ќе чесгиме“. 

Продолжува

1demir3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top