Култура и туризам

Грк сам го научи македонскиот јазик и на него ја напиша својата прва книга

Сотирис Минас со двојазичната стихозбирка „Раскинување на договорот“ испраќа силна порака за јазикот, идентитетот и слободата

Во издание на „Матица македонска“ наскоро од печат ќе излезе стихозбирката „Раскинување на договорот“ („Λύση Συμβολαίου“) од грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас. Станува збор за негово прво поетско дело, објавено двојазично – на грчки и на македонски јазик.

Она што ја прави оваа книга особено интересна е фактот што авторот нема македонско потекло, но самостојно го научил македонскиот јазик и токму на него ја напишал и препеал својата поезија. Така, македонскиот јазик во ова издание не е само средство за превод, туку рамноправен јазик на творештво и личен избор на авторот.

Во време кога прашањата за јазикот, идентитетот и историската меморија сè уште предизвикуваат дебати на Балканот, појавата на едно вакво дело претставува необичен и значаен културен настан.

Минас во повеќе наврати јавно зборуваше за својата одлука да го изучува македонскиот јазик. Една од неговите најцитирани изјави гласи:

„Ако кај Македонците е посеан страв да го зборуваат својот јазик, тогаш еден Грк ќе го научи и ќе го зборува тој ист јазик по свој избор – и тоа со гордост.“

Токму оваа мисла добива поетска форма во стихозбирката „Раскинување на договорот“, во која авторот зборува за личната слобода, правото на сопствен избор и отпорот кон наметнатите ограничувања.

Во авторската белешка, Минас пишува дека неговата одлука да твори и на македонски јазик е „свесен чин на правда“, а книгата ја опишува како обид да се спротивстави на долгогодишните премолчувања и негирања на различноста.

Самиот наслов „Раскинување на договорот“ е силна метафора за прекин со стравот, тишината и прифаќањето на правила што, според авторот, никогаш не биле доброволно прифатени.

„Денес, тој договор го палам“, пишува Минас во едно од своите програмски обраќања.

Посебна вредност на книгата е нејзината двојазичност. Грчкиот и македонскиот јазик стојат еден покрај друг, како симбол на можноста за дијалог и меѓусебно признавање.

„Помирувањето започнува единствено преку прифаќање на постоењето на другиот“, наведува авторот.

Меѓу песните што привлекуваат внимание е и „Ми го одзедоа јазикот – македонскиот“, инспирирана од поетиката на грчкиот нобеловец Одисеас Елитис. Во неа се појавуваат имиња и простори длабоко врежани во колективната меморија – Кајмакчалан, Вардар, Преспа, Дојран, Воден, Лерин, Вичо и Негуш.

За книгата, македонскиот поет и книжевен критичар Иван Антоновски оценува дека станува збор за поезија во која личната болка се преобразува во чин на самоослободување, а двојазичноста претставува суштински дел од нејзината поетска структура.

„Раскинување на договорот“ е повеќе од стихозбирка. Тоа е културен чин во кој еден Грк избира да пишува и твори на македонски јазик, отворајќи простор за нов дијалог меѓу јазиците, културите и луѓето.

 

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top