Дијаспора

ЉУБОЈНО – РАСАДНИК НА ВИСОКООБРАЗОВНИ КАДРИ – ДЕЛ III (11)

1ras123

1ras123

Од Љубојно потекнуваат околу 150 академски граѓани со различно образование, од кои околу педесетина се лекари, потоа има голем број професори, правници, инженери, агрономи, писатели, културолози и со други професии. Затоа, често се вели дека Љубојно е расадник на интелектуалци.

Значајно е да се одбележи дека има голем број љубанци кои заради своите постигнувања на национално и општествено поле, потоа во политиката, образованието, науката, дипломатијата, културата, публицистиката, спортот и други гранки имаат пошироки општестени заслуги, затоа, одреден број од нив се опфатени во овој дел на текстовите во продолжение. Меѓу нив се:

Д-р  Меланија Шерденковска е родена на 18 јуни 1962 година. Образованието го стекнала во гимназијата „Орце Николов“ и музичко-балетскиот центар во Скопје во 1980/85 година. Таа е инжинер-архитекст а дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1985 година. Магистрирала на архитектонски и урбанистички науки во 1995 година на тема „Можности за економична и рентабилна изградба на објекти за одгледување на прасиња – специфични на градежниот  материјал и системите за греење и вентилација на просторот“.

Таа станала доктор по технички науки на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2010 година со темата „Мијачко станбено градителство – потекло развој и дострели“ Вработена е на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“ од 1986 година.

Учествувала на повеќе проекти во Македонија и други места, меѓу кои на „Архитектонско-урбанистички проект Бошковиќева пољана и Анревиќева палата во Дубровник 1985 година“; „Идеен и главен проект за реконструкција за проширување на Спортско – рекреативниот центар, Крани, 2002 година„; „Димензионирање на светлосните отвори од аспект на осветленост и заштеда на енеријата, 1886-1990 година“; „Архитектонско-урбанистички проект на комплексот Арабати Баба Теќе во Тетово, 1992 година; „ Решавање на ентериери во Етно Село – Скопје, 2012„; „Реконструкција на фасади во централното градско подрачје на Скопје, 2012„ и други.

1ras1234Љубојно. куќата на Марковци

Учесник е на симпозиумот „Заштеда на енергија во архитектурата“ организиран и одржан по покровителство на UNESCO во Белград, 1991 година; Одржлив развој на преспанскиот регион“, Отешево, 2000 година и други.

Автор е на „Реконструкција на станбените објекти од период од V-II век пр. Н.е. археолошки локалитет Вардарски Рид, сесија 2000“

Проф.д-р Сашо Граматниковски е роден na 14 јануари 1975 година во Скопје. Основно образование завршил во 1989 година, а средно образование завршил во 1993 година. Во 1995 година се запишал на студиите за Етнологија на Природно-математичкиот факилтет пти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. По дипломирањето се запишал на постдипломски студии на насоката „ Географски аспекти во планирање на туризмот, исто така на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Љубовта кон Преспа, а посебно кон Љубојно, од каде му се семејните корени му дава мотив своето професионално усовршување да го насочи токму кон овој крај. Затоа  о 2007 година магистрирал на темата „Компаративни вредности на туризмот помеѓу источниот дел на Големото и источниот дел на Малото Преспанско Езеро“.

Визијата Преспа да ја види како развиена туристичка дестинација го натерала да го истражува и популаризира овој крај. Токму затоа во фокусот на неговото академско надградување е повторно преспа. Со титула доктор на науки се стекнува на Универзитетот во Нови Сад во 2010 година на тема „Туристичка валоризација на македонскиот дел на Преспанското Езеро“. Основната цел на овој докторски труд се состои од регистрирање и валоризација на природните и антропогените вредности со кои располага овој простор и нивно туристичко активирање, со цел да се оформи комплетна туристичка понуда.

Учествува на голем број семинари, симпозиуми и научни конференции во Република Македонија, но и надвор од татковината. Автор е на повеќе научни и стручни трудови, пред се’ на областа на туризмот каде повторно во центарот на истражувањето се наоѓа Преспа.

Работи како професор и декан на Факултетот за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје 

Д-р Тони Паспаловски е роден во Битола во 1962 година, а неговите корени се од Љубојно во семејството на Борис и Лена Паспаловски. Тој го заврѓил средното образование во Битола, а Електромашински факултет, отсек енергетика завршил во Скопје. Инженер Паспаловски е доктор на науки од 201 година, кога ја одбранил својата докторска дисертација на тема „Зголемување на моќноста на големи турбогенератори со осврт на типовите ТВВ-200-2А“ со што добил звање доктор на технички науки.

1ras1235

Панорама на дел од Љубојно

Д-р Паспаловски работи како инженер во АД ЕЛЕМ Скопје, работна единица РЕК Битола „Термоелектрани“. Тој бил демонстратор, стручен соработник од стопанството и предавач по менторство на Техничкиот факултет во Битола. Учествувал на научни курсеви и семинари, како и на повеќе проекти во земјата и странство, за што објавил дваесеттина научни трудови од полето на електротехниката.

Д-р. Радмила Чрчева – Николовска е родена на 31. 07. 1974 година во Гостивар. Основно и средно образование завршила во Скопје во учебната 1995/96 година, а  во 1999 година го завршува Факултет за ветеринарна медицина, на Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кога се здоби со звање – Доктор по ветеринарна медицина. Таа е сопруга на Александар Николовски, исто така Доктор по ветеринарна медицина, чиј семејни корени по неговиот татко Славе Катин се од Љубојно.

Во 2009 година Радмила ги заврши постдипломски студии во траење од 4 семестри на катедрата Исхрана на домашни животни, на Факултет за ветеринарна медицина на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кога ја одбрани  магистерската тема: “Ефектот на антидијабетична диета врз биохемиски профил кај лабораториски стаорци со индуциран диабет” и станала  Магистер на ветеринарни науки од областа на клиничка физиологија, биохемија и патофизиологија“.

Д-р. Радмила Чрчева – Николовска стана Доктор на науки од научната област „Ветеринарна медицина, исхрана на домашните животни“. Докторската дисертација на тема: “Типизација на анимални протеини во храна и добиточна храна и компарација на различни методи за нивна детекција”, ја одбрани во 2015 година.

Во нејзината кариера е забележано дека во 2006 година добила звање помлад асистент, потоа, асистент и научен соработник, за во 2020 година да биде избрана за вонреден професор на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде е вработена во Ветеринарниот институт.

Д-р. Радмила Чрчева – Николовска учествувала на голем број научни собири во земјата и странство каде презентирала научни трудови од областа на ветеринарните науки. Автор и коавтор е на неколку научни публикации. 

Продолжува

1slave Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top