Дијаспора

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СТИХОЗБИРКАТА „РАЃАЊЕ“ ОД БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРКИ

1radj123

1radj123 

Во издание на „Македонска искра“ од Скопје, во 2021 година излезе од печат стихозбирката „Раѓање“  од Бошко Рајчовски-Пелистерски, познат и признат Македонец во Соединетите Американски Држави, чиј рецензенти се Фиданка Танаскова и Славе Катин. Бошко е легендата на радио часот „Оро македонско“ во Детроит кој започнал со работи во 1972 година и се емитува секоја недела по еден час во Детроит и Чикаго 

Стихозбирката  насловена „Раѓање“ на Бошко Рајчовски-Пелистерски е поетско дело  кое сошржи  четириесеттина песни. Во него уште  на почетокот се вели дека страниците аманети и пораки во стихозбирката  ,,Раѓање,, се посветени на стоте години од раѓањето на великанот,  доајенот, академикот, кодификаторот на македонскиот јазик, Блаже Конески, затоа и стихозбирката започнува со песната „Тешкото“.

Потоа, следи песната „Тешкото“ од  Бошко Рајчовски – Пелистерски, инспириран од силината на пораките и речта на стиховите од великанот Блаже Конески, кој ја остави како аманет на генерациите и на иднината, големата вистина, дека јазикот ни е татковината, значи, Бошко, не случајно рекол, дека неговата песна „Тешкото“ е една капка во океанот, крај толку моќната поетска симфонија на Конески.

Стихозбирката „Раѓање“ на Бошко Рајчовски – Пелистерски е сведоштво за неговиот живот и неговиот став кон татковината Македонија, кон иселеништвото, кон неговиот живот кој е позитивен, ведар и инспиративен од љубовта и пошитта на двете татковини, Македонија и САД.. Тој има реалистичен стил на пишување и мислата на читателите им дава искрен, пријатен и смирувачки тон полн со топлина кон поезијата и кон читателите.

Инаку, авторот на стихозбирката „Раѓање“ Бошко Рајчовски-Пелистерски е познат и признат иселеник, новинар, поет и општественик во македонското иселеништво. Тој е роден во 1945 година во печалбарското Љубојно во Преспа, каде го заврши осумгодишното училиште. Потоа, како ученик во Економското училиште во Битола во 1964 година заминува за Детроит, САД, а денес   живее на Флорида.

Тој е автор на тристихозбирки и тоа: „Дамари“ (во  коавторство со Јосиф Грежловски-Гандето), отпечатена во Детроит во 1968 година, како и на стихозбирките  „Блиски сводови“ (1973) и „Тој не се врати“(2000). Бошко Рајчовски-Пелистерски е и прв член на Друштвото на писателите на Македонија од иселениците, а за стихозбирката „Тој не се врати“, ја доби наградата „Македонска веда“, признание на Матицата на иселениците од Македонија. Тој настапувал четири пати на Струшките вечери на поезијата на ,„Мостови“.

Во аналите на иселеничката информативна дејност е запишано дека Бошко е легендата на радио часот „Оро македонско“ во Детроит, кој започнал да работи во 1972 година и се емитува секоја недела по еден час во Детроит и Чикаго. Исто така, во април 1977 година, тој го започна својот ТВ час под името „Македонско ТВ-шоу“. И радио  часот и ТВ-емисијата на Рајчовски беа вистински афирматори на македонската и пошироко на балканската вистина и музички достигнувања. Секако, тие беа прилика и можност за афирмација на новинарските способности на Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Инаку, радио часот „Оро македонско“ во минатото и денес е лозинка, еден вид мост меѓу иселениците од старата и новата татковина со блокот вести и информации за настаните во родната македонска земја. Преку овој радио час македонскиот јазик и песна се слушаат на сите простори во Детроит и пошироко

Радио часот „Оро македонско“ ја прослави својата 50-годишнина, што главниот уредник Бошко Рајчовски-Пелистерски лично  со голем сентимент, го доживеа како многу важен овој радио јубилеј. Програмата има стандардна шема – се емитува секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во период кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку слушањето радио да се пренесат со мислите во родниот крај, во Македонија.

Со неговата активност и посветеност  да се афирмира духовниот живот и православието,  и тој е еден од иницијаторите  за формирањето на  Македонската  православна црква ,,Света Богородица,, во Детроит,  која е  една од најголемите и најубави духовни  храмови на Северно-американскиот континент.

Љубанските  иселенички  илинденски  средби, заедно со Фолк фест Преспа,  наидоа на голем одѕив  не само во Републиката,  туку и среде иселеништвото, благодарение на ангажираноста,  посветеноста и организирањето на Рајчовски. Овие  манифестации, на најубав начин се отсликани за да останат како траен белег за Љубојно, за Преспа и за Република Македонија.

1slave Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top