Дијаспора

ИСЕЛЕНИЦИ ОД ЉУБОЈНО И НИВНИТЕ МАКЕДОНСКИ АСОЦИЈАЦИИ (15)

1cr1

1cr123

Познато е дека за жителите на Љубојно и на цела Преспа печалбарството е стара традиција. Тоа како феномен се појавило уште на почетокот на XIX век. Меѓутоа, овие миграциони процеси што ја зафатија цела Преспа во педесеттите години од овој современ век, не го поштедија ни убавото Љубојно, од каде што голем број семејства се преселија во други градови на Македонија, потоа во САД и Канада и во Австралија, во Европската унија и некои други земји.

Печалбарството како „стар занает“ од Македонија, а со тоа и од Љубојно започнало уште во XIX век. Одењето на гурбет во прекуморските земји, се интензивирало пред и по Илинденското востание, меѓу двете светски војни и особено по Втората светска војна. Затоа, со право се вели дека љубанци биле едни од првите од Македонија кои свиле нови гнезда по светот и се едни од најбројните Преспанци во дијаспората.

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат многу­бројни народи и нации од сите расни групи со различни ре­ли­гии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, зна­чајно место имаат и доселениците од Љубојно кои ги уживаат си­те права и слободи за развивање на своите на­цио­­н­ални чувства, на својата култура, религија и на сè она што  што го донеле и го чуваат од етничка Македонија и ја карактеризира нивната самостојност и са­мобитност.

Македонците во Соединетите Американски Држави и Канада се организирани во македонските православни цркви ицрковни општини и манастири, како и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“, издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2002, на 382 страници, на македонски и на англиски јазик од авторот на овие редови, Славе Катин, е забележано дека во изминатите педесетина години се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД и Канада, од кои одреден број се друштва на иселениците од Љубојно и Преспа.  Овие значајни македонски асоцијации се, всушност, афирматори на македонската вистина и мост на зближување на нивната втора татковина – САД – Канада и Република Македонија. Меѓу нив, треба да се споменат следните: 

Друштвото „Преспа“ во Виндзор кое било формирано во 1976 година од неколку ентузијасти од Преспа. Во него членувале околу 70 семејства од сите делови на Преспа. Тие организирале бројни манифестации, како банкети, вечеринки и музички средби кои се одржувале во црквата Свети Никола.

Друштвото „Преспа“ во Торонто. Македонското спомагателно         друштво „Преспа“ во Торонто било основано во 1961 година, кога се зголемил бројот на доселениците од Преспа. Во 1983 година, друштвото било регистрирано пред канадските власти под името „Македонско спомагателно преспанско друштво”.

Добротворното друштво „Преспа” во своите редови ги собира Македонците кои по- текнуваат од преспанскиот регион, без оглед на тоа на кој дел од Преспа му припаѓале.

1cr1234

Друштвото „Преспа“ во Детроит било основано во 1988 година, како културно-просветна организација, во која членувале македонските доселеници од Преспа. Според неговиот правилник, секој Преспанец може да биде негов член и да биде избран во раководните тела на друштвото. Исто така, во него може да членуваат и Македонци од други делови на Македонија, но без право на избор во управата.

Друштвото „Преспа” било организатор на „Деновите на македонската култура”, манифе- стација која денес не се одржува. Неговиот паричен фонд се збогатувал од доброволни прилози и организираните игранки, концерти и сл. Дел од собраните средства се давани на црквата Света Богородица, а дел и на црквата Свети Ѓорѓи Кратовски од Детроит.

Во друштвото „Преспа“, меѓу другите, активни биле: Мето Јанкуловски, Лазо Шалковски, Бошко Рајчовски-Пелистерски, Јонче Рајчов, Васил и Митре Василевски и други.

Покрај друштвото „Преспа”, доселениците од Љубојно се организирани и во свое селско друштво „Љубојно”, кое е основано во Детроит во 1992 година. Во Мичиген живеат повеќе околу 120 семејства од Љубојно, а ги има и во другите американски држави: Илиноис, Охајо, Калифорнија, Флорида, како и во Канада. Се претпоставува дека на овие простори на Северна Америка има околу 300 семејства од селото Љубојно.

Друштвото “Љубојно” – Детроит. Покрај друштвото “Преспа”, доселениците од Љу­бој­но се организирани и во свое селско друштво “Љубојно”, кое е основано во 1992 година. Во градот Детроит и околните места живеат околу 120 семејства од Љубојно, а, исто та­ка, ги има и во други американски градови, на пример, во Чикаго, околу 20 се­мејства, потоа во Охајо, во Калифорнија и во Канада. Се претпоставува де­ка на овие простори на Северна Америка има околу 300 семејства од селото Љу­бојно. Посебна грижа друштвото води за селото Љубојно. Со негови сред­ства се одржуваат црквите, гробиштата и други комунални објекти во селото.

Во друштвото „Љубојно“ биле активни голем број љубанци, меѓу кои: Бошко Рајчовски, Јонче Рајчов, Љуба Пашариковска, Спиро Масларџиовски, Љупчо Василевски, Славе Шерденковски, Ратко     Милошевски,     Владе     Шерденковски, Мирослав Манивиловски, Бранко Ристовски-Грежловски, Вла-де Видиновски, Јосиф Шерденковски, Митре и Васил Василевски, Гоче Стефановски (Џајковски), Стојче Панчевски и многу други.

Друштвото „Љубојно“ води посебна грижа за селото Љубојно. Со негови средства се одржуваат црквите, гробиштата и други комунални објекти. Во 1993 година е спроведена посебна хуманитарна акција за собирање средства за купување на лекови за амбулантата во селото. Истата година произлезе и идејата да се соберат пари и за изградба на патот од селото до манастирот Свети Петар.

Друштвото   „Љубојно”   еднаш   годишно на празникот Свети Атанас (летен), на 15 мај, (најблиската сабота или недела) организира пикник, како сеќавање на селската слава, која се одржувала во манастирот Свети Атанас. На тој ден се организира и игранка, на која се покануваат сите Македонци доселеници во Детроит, а, исто така, се покануваат и љубанци од другите делови на Америка.

Организацијата „Обединети Македонци“ – Детроит.  Иницијатива за формирање ог­ранок на националната организација “Обединети Македонци” се роди на 16 ноември 1968 година во Торонто, а се реализира на состанокот одржан на  7 јуни 1969 година во Детроит. Овој огранок на организацијата “Обединети Ма­­кедонци” од Северна Америка е единствен кај македонските доселеници кој беше активен во САД.

Новата организација “Обединети Македонци”, пак, е формирана на 5 мај 2000 година, исто така, во Детроит. Таа е самостојна, но соработува со денеш­на­­­­та организација “Обединети Македонци” од Торонто. Целите на оваа орга­ни­зација се меѓу другото, да работи за националното единство на Ма­ке­донците каде би­ло во светот, без разлика на нивното религиозно верување, политичко ми­слење или член­ство.1cr1235 

Публикацијата „Македонците во САД и во Канада“ на Славе Николовски-Катин, е во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2002, 1-380. Во неа е даден животот и активностите на Македонците во САД и Канада за период од 100 години

Организацијата„ОбединетимакедонскиАмериканциодДетроит”(ОМАД), е формирана во март 2010 година. Во почетокот, целта на групата иселеници од сите делови на Македонија била да се обединат македонските цркви во областа на Детроит за снимањето на документарниот филм „Име си е име“. Денес, пак, со својата многузначна мисија и оригиналните, патриотски и благородни иницијативи, работејќи во интерес на македонскиот народ, оваа организација стекнува респектирано име и углед во државата Мичиген и пошироко во Соединетите Американски Држави. Во оваа организација меѓу најактивните љубанци се Мери Василевска со фамилијата и Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Оваа организација е непрофитна асоцијација. Таа креира, приредува и поддржува програми и активности од хуманитарен, образовен, социјален, културен и друг план, во интерес на обединувачкиот дух и прогрес на македонската заедница, со што се позиционира како значаен фактор на тие американски простори.

Продолжувајќи ја својата племенита мисија, организацијата „Обединети македонски Амери- канци од Детроит”, на 3 ноември 2012 година, ја организира својата трета годишна добротворна гала вечер насловена како „Гордост е да си Македонец“. Вечерта беше во организација на љубанците Бошко Рајчовски-Пелистерски, Мери Василевска и други членови. На оваа голема македонска вечер беа доделени награди и при-знанија за особени постигнувања и успеси на неколкумина истакнати Македонци и пријатели на Македонија во Соединетите Американски Држави.. Лауреати за 2012 година беа:

Господин Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, основач на компанијата ,,Мајкрофлекс” на Флорида, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Северна Америка, основач на хотелот „Сонце ГА”, „Жито Прилеп” и Женскиот ракометен клуб „Сонце” од Прилеп, како и основач на медиумите под капата на „Македонско сонце” (весник, телевизиски канал) и голем поддржувач и афирматор на македонското име и народ во етничка Македонија.( наградата за Атанасовски ја прими авторот на овие редови, Славе Катин, бидејќи славеникот присуствуваше на друго место во САД, каде се промовираше неговата Монографија).

Господин Методија А. Колоски, коосновач и претседател на „Обединетата македонска дијаспора”,експерт за меѓународни односи и голем борец за македонската кауза.

Господин Мијкал Симов, доктор по медицина за бронхоскопија и интервентна пулмологија во болницата „Хенри Форд” и автор на делото „Торокална ендоскопија-унапредување во интервентната пулмологија”.

Господин Џејсон Мико, почесен конзул на Република Македонија за Аризона и продуцент на филмот „Име си е име”, пак, е добитник на наградата „Пријател на Македонија”.

Исто така, oрганизацијата “Обединети македонски Американци од Детроит” со признанието ,,Ѕвезда што се издигнува” ги награди Џaстин Василевски и Аманда Костов – Босеоски, основачи на „Македонско – американското студентско здружение” при универзитетот ,,Дирборн” во Мичиген, а бea доделени и четири стипендии за студенти.

На добротворната гала вечер ,,Гордост е си Македонец”, имaшe многу музика, забава, лицитација

Продолжува

1slave 9 Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top