Дијаспора

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (7)

1rof12

1rof12

ПРОФ. ПИТ (ПАНДО) КОНДОВ – ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ ВО КАНАДА ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Проф. Пит Кондов беше еден од видните Македонци во Торонто, член на повеќе македонски и канадски асоцијации, интелектуалец, професор по занимање, а Македонец по определба. Мери, неговата сопруга, пак, била секретар во неколку поголеми фирми, на Комитетот за помош на настраданите во скопскиот земјотрес од 1963 година, сопственик, уредник и водител на македонскиот радио – час „Македонски глас“, и член на делегацијата на Либералната женска асоцијација

Меѓу големиот број активисти од македонско потекло во Торонто беше, секако, брачната двојка Мери (Марија) и Пит (Пандо) Кондови. Мери е родена во 1923 година во Торонто, каде што нејзините родители Крис и Тина Василеви уште во времето на Првата светска војна се доселиле од селото Жупаниште – Костурско. Пит Кондов, пак, е роден во 1925 година во Детроит, САД, а неговите родители кои, исто така, потекнуваат од Костурско се едни од првите македонски доселеници во „ветената земја“ – Америка.

И покрај тоа што беа родени на северно – американскиот континент, Мери и Пит постојано се бореа за докажување на македонската вистина пред канадското општество и граѓаните на таа демократска земја. Тоа особено го правеа со својата активност во ПМЦО „Св. Климент Охридски“ и националната организација „Обединети Македонци“, афирмирајќи ја македонската вистина, култура, традиција, обичаи и друго. Меѓу бројните активности на тие простори насочени кон зачувување на македонското национално битие, Мери и Пит Кондови заземаат значајно место и бае едни од поактивните Македонци во најголемата колонија – Торонто, во еден долг период.

Врската на овие Канаѓани од македонско потекло со дедовската земја – Македонија беше долготрајна и цврста и значи продлабочување и проширување на сознанијата за Македонија и за македонскиот народ и вистината за нив. Тие врски со Македонија Мери и Пит особено ги прошируваа по Втората светска војна и по конституирањето на Република Македонија, еден од ослободените делови на распарчена Македонија.

1rof123Детроит

Така, во 1947 година, Мери Кондов, како член на Клубот на македонската народна лига, беше испратена како делегат да присуствува на Првиот светски младински фестивал што во организација на Светската студентска унија се одржа во Чехословачка. Тоа беше нејзино прво доаѓање на стариот континент, каде што со група студенти од целиот свет, а во рамките на канадската студентка организација „Дабари“, работеше на изградба на градот Лидице во Чехословачка.

Оттаму отиде во Белград и како гостинка на Густав Влахов остана две недели и се запозна со активностите на Македонците во Беломорска Македонија, а потоа замина на едномесечна ударничка работа на пругата Брчко – Бановиќ. По враќањето на дел од канадските студенти во нивната родна земја Канада, Мери се упатува кон Македонија, земјата на нејзините предци, каде што остана девет месеци.

– На радоста ù немаше крај, – ни рече Мери при нашата средба во нивниот дом во Торонто. – Првпат згазнав на македонска земја, а знаете Македонија постојано беше присутна во нашиот дом во Канада, зашто мајка ми и татко ми никогаш не го заборавија своето родно место, туку често се сеќаваа и ни влеаја љубов кон нивната родна земја. Од Канада донесов радиостаница, – вели Мери, – која беше наменета за борците во Граѓанската војна во Грција. Радиостаницата беше купена со доброволен прилог и беше подарок од Македонците во Канада, со цел да им се помогне на тие наши луѓе кои се бореа за социјални и национални права. 

Најпрвин пристигнав во Скопје, каде што се задржав подолго време, а потоа бев испратена во селото Перово на брегот на Преспанското Езеро за да се запознам со животот на Македонците во Македонија. Таму првпат вкусив леб од фурна и јадев грав од грне, турен во една тепсија од која јадевме сите заеднички. Од Перово заминав и посетив многу места ширум Македонија. Ги видов Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Попова Шапка и други места. Сето тоа што го видов и доживеав беше многу интересно, незаборавно и неповторливо. Затоа посакав, уште на два наврати, пред десетина години да ги посетам тие места, – ни рече Мери, во нивниот убав и топол дом во северниот дел на Торонто

По десетмесечниот престој во Македонија, Мери се вратила во Канада, а потоа отишла во САД, каде што се запознала со Пит Кондов, за потоа во 1949 година да стапат во брак во Детроит. Во почетокот Пит и Мери живееле во Детроит, потоа во Виндзор, а по 1955 година засекогаш се доселиле во Торонто. Мери и Пит Кондов  живеја во убавиот дел Виловдеил и беа среќни со својата ќерка Голаба (Дов), зетот и најмногу со внукот Кристи.

1rof124

Прослава на „Обединети Македонци“

Тие беа едно среќно македонско семејство. Посебно Пит беше активен во организацијата „Обединети Македонци“, а Мери долги години беше активен член на организацијата на Женската секција и нејзин прв претседател, како и долгогодишен активен член на управата на МПЦ „Св. Климент Охридски“.

Исто така, таа беше секретар во неколку поголеми фирми, потоа секретар на Комитетот за помош на настраданите во скопскиот земјотрес од 1963 година, сопственик, уредник и водител на македонскиот радио – час „Македонски глас“, член на делегацијата на Либералната женска асоцијација, претседател на Женската секција на наставниците и др.

Професорот Пит Кондов, пак, сопругот на Мери, беше еден од видните Македонци во Торонто, активен член на повеќе македонски и канадски асоцијации, интелектуалец, професор по занимање, а Македонец по определба. Тој беше еден од најактивните членови на „Обединети Македонци“ во Северна Америка и на Канадско –македонското друштво за наука. Тој беше човекот кој ги презентираше Македонците и нивните асоцијации пред канадските и американските власти и пред бројни институции, пред кои ја презентираше и вистината за Македонија и за македонскиот народ, а настапуваше на бројни манифестации и собири во одбрана на Македонија.

Тој беше факултетски образован човек, искусен професор, педагог и основоположник на многу технички достигнувања во неколку канадски технички училишта и колеџи. Како инженер, во неговиот долгогодишен стаж се докажал и покажал, за што беше добитник на бројни пофалби, награди и признанија.

1rof125

Св. Климент Охридски

 – Многу ми е мило што сум Македонец – велеше Пит, – зашто Македонците се горд народ со своја историја, култура, традиција, сегашност и иднина. Кога ја читам историјата од античко време до денес што ја напишале анgлосаксонци, се наоѓам себе си како дел од тој измачен, разделен, но горд народ. Тоа сум го потврдил кај Македонците овде во Торонто, но и при мојата посета на Македонија кога го посетив крајот на моите предци во Костурско.

За жал, таму се запознав и со судбината на Македонците од егејскиот крај на Македонија кои, поради бројни причини од политички и економски карактер, морале да го напуштат родното огниште и да бараат леб по светот. Но, за голема среќа, тие се нашле место под сонцето и тука претставуваат значаен дел во севкупниот живот на мултикултурно Торонто и значаен дел во мозаикот на демократска Канада, – ни рече на крајот од разговорот познатиот и признат Македонец во дијаспората – проф. Пит Кондов.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top