Дијаспора

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (13)

1rad12

1rad12

РАДА РАДЕВСКА ШАПАС – АКТИВЕН ЧЛЕН ВО МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ТОРОНТО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНКИТЕ ВО КАНАДА

Рада Радевска Шапас беше една од активните членови на драмската секција, настапувајќи во “Чорбаџи Теодос”, а од самиот почеток беше активна во Старскиот дом и беше меѓу оние што ги ставија темелите на Литературното друштво “Браќа Миладиновци”. Нејзините поетски стихови се објавувани во повеќе весници и списанија. За својата богата дејност, таа е повеќепати наградувана и пофалувана, меѓу кои и од провинцијата Онтарио. 

Македонците раселени насекаде по светот се едни од афирматорите на македонскиот јазик, култура, обичаи, религија, народ, на македонскиот народ и на Македонија. Една од таквите Македонки е, секако Рада Радевска Шапас по потекло од кичевското село Белмевци. Таа е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор. Во исто време со својата поезија е позната во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци” што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски“.

Рада Радевска Шапас е родена во селото Велмевци, Кичевско, во револуциониот крај во западна Македонија. Уште од раното детство во 1941 година фамилијата Радевци се преселува во Бугарија – Долни Дабник, Плевенско. Таму Рада го завршува основното образование. Во 1945 година семејството Радевски се враќа пак во селото Велмевци, каде што Рада го продолжува своето образование и во 1948 година се доселуваат во Битола. Нивната печалбарска сага започнала во 1959 година кога патот засекогаш ја донесе Рада во Торонто, Канада..

Инаку, две години пред да замини за Канада, во 1957 година Рада запливала во брачните со Александар Шапас, Македонец од големото македонско село. Буф, Леринско, кој се доселил во Канада во 1947 година, но дошол во Македонија  и ја бендисал Рада. Во бракот Рада и Алек имаат два сина Димче и Јован.

1rad123

Женската секција со митрополитот Кирил 

По доаѓање во демократска Канада Рада Радевска се вклучува во работата на патриотската организација “Обединети Македонци” во која и е бирана во раководните тела  Учествува во прославатана Гоцевиот роденден и други манифестации.

Бидејќи нејзината желба и определба била постојано да биде во македонската комуна, па така и се вклучува во работата на Женската секција во која е бирана за заменик благајник. Освен извршување благајник на ООМ во времетраење од две години, како и член на Контролната комисија, та го иницирала формирањето на Женската секција на ООМ, чиј претседате била во еден мандат за претседател на оваа важна гранка од активноста на “Свети Климент Охридски” во 1965 година.

Понесена од желбата секцијата да успева и да постигнува што поголеми успеси, таа со големо одушевување и со голем елан се зафаќа да работи, организирајќи заедно со другите активистки многубројни интересни акции и приредби, а како главна атракција, покрај другите, е изборот на на|млада и најстара мајка и, се разбира многу други активности.

Таа била член на организацијата „Обединети Македонци“ уште од основањето на организацијата, активен член при собирањето на средства и градење на црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Настапувала во Драмската секција „Илинден“, активен член била на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, а објавувала свои песни во повеќе весници: „Печалбари“, „Македонија“, „Климентов збор“, „Духовна искра“, „Македонски глас“, „Наше новине“ и други.

За одбележување е актиноста на Рада во прославите на Илинден како силно национално движење. За тој празник се живееше  неколку месеци однапред, сеʼ беше во знакот на Илинден во сите домови на  Македонци. Женската секција на „Обединети Македонци“ беше вклучена во сите прослави:одржувањето на свечените академии, културно-уметнички и забавни приредби, пикници, спортски натпревари, рецитали, прожектирање на долгометражни македонски филмови, се беше во чест и во знакот на Илинден.

1rad124Дана, Рада, Катин и Рада Шапас

Така, за особено одбелеѓување на Рада е за организирањето на Илинденскиот пикник во 1972 година. Имено, ајсвечениот дел на прославата беше на 6-ти август, на грандиозниот Илинденски пикник во Интернационалниот парк. Осамна сончев, неделен ден и небото над Торонто блескаше во синевина.

Веќе од 6 часот наутро почна да тече непресушната река автомобили во зелените ливади и шуми на Интернационалниот парк, која до 3 часот попладне не престануваше. „Обединети Македонци” можеја да бидат задоволни, зашто ова беше една од најуспешните прослави на Илинден; се собраа ловеќе од 20 илјади Македонци од сите делови на Македонија и нивни канадски пријатели.

Во тој период „македонската метропола”, како што многумина го нарекуваат Торонто, беше најголемата македонска патриотска оаза, чија главна движечка сила беше македонската културно-просветна организација „Обединети Македонци”, која организираше неколку-дневна прослава на Илинден.

Исто така, Рада Радевска Шапас беше активна уште од формирањето на Пензионерскиот дом. Таа учествуваше во неговата работа и во активностите организирани од асоцијацијата „Ќерките на Македонија“. Повеќе пати била учесник на литературни читања во Домот, при што нејзините песни беа со неизмерна љубовта кон родната македонска земја и кон своите македонски собраќа во далечната канадска втора татковина,

Литературното друштво „Браќа Миладиновци” работи во состав на црковната општина „Свети Климент Охридски” во Торонто. Тоа е формирано на 6 март 1987 година. Првата литературна вечер, ја одржало во мај 1987 година по повод 126-годишнината од излегувањето на познатиот Зборник на браќата Миладиновци и во чест на формирањето на друштвото. 

Записничарот ќе забележи дека на тој состанок биле присутни: Вера Петревска, Стефан Букчев, Драгица Белчевска, Никола Белчевски, Благица Дафовска, Ристо Милјановски, Алексо Лозановски, Танас Јовановски, Перса Гиневска, Петар Гиневски, Драгица Димовска, Ратка Шапас, Тони Марковски и Михајло Дафовски.

Поминаа само десетина дена и на 16 март беше избран првиот Управен одбор на друштвото, во состав: Благица Дафовска, претседател, Никола Белчевски, потпретседател, Драгица Димовска, секретар, Ратка Шапас, благајник и Вера Петревска, координатор, кои раководеа со активностите две години.

Tреба да се одбележи дека од мај 1990 година Друштвото е организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на македонската култура”, која стана традиционална форма и содржина во неговата работа и дејствување. Не ретко, нивни гости и соработници биле писатели, културни и научни работници од републиката, а станале и почесни членови: Анте Поповски, Орде Ивановски, Божин Павловски, Блаже Ристовски, Мето Јовановски, Јордан Плевнеш, Вера Стојчевска-Антиќ, Коле Мангов, Славе Николовски-Катин, Љубиша Георгиевски, Петар Темелковски, Петре М. Андреевски, Вангел Божиновски, Ката Мисиркова-Руменова, Илинден Спасе, Раде Силјан и други.

Рада Шапас е автор на стихозбирките „Отаде океанот“, на македонски и „Мајска радост), на макеонски и англиски јазик. Тие се издадени во 2006 година од издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, а се подготвени и уредени од авторот на текстот, Славе Катин. Стихозбирките се голем придонес во иселемичката книѓнина.

Исто така, Рада Радевска Шапас  е автор на делото „Историја на македонското иселеништво во Канада и САД Том I – Организацијата „Обединети Македонци 1959-1999“, издание на „Менора“ од Скопје, 2000, чиј рецензент беше д-р Орде Иваноски. Публикацијата содржи 470 страници текст, проследен со бројни фотографии, кои визуелно го дополнуваат сознанието на читателот.  

1rad125  1rad126

Третиот дел содржи четири наслови, меќу кои за селските друштва од 1906 до 1949 година и Македонскиот народен сојуз во Америка и Канада.  Четвртиод дел е најобемен, Во него се дадени текстови за националната организација „Обединети Македонци“ од Торонто.

Оваа историско дело кое за прв пат е печатено на македонски јазик  е убав пример да осветли дел од  вистината за македонскиот народ и за Македонија  во демократска Канада .Во книгата се третира историскиот развој на македонскиот иселеници  во периодот од Илинденското востание до денешното формирање на македонската независна, демократска ја самостојна држава – Република Македонија.

Продолжува

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top