Дијаспора

ВО ЗНАК НА ПОЧИТ НА БРАНКО РИСТОВСКИ (ГРЕЖЛОВСКИ) ОД ДЕТРОИТ ЗА ДЕДО МУ ЕФТИМ ЈУНАКОТ (2)

1kate121

1kate121

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ ОД  ДОЛНА ПРЕСПА 

Бранко Ристовски (Грежловски) од Љубојно, Преспа кој долги години живее во Детроит и Флорида во Соединетите Американски Држави, во исповедта во скромното издание за дедо му Ефтим Ристов Гржлов, чиј уредник и издавач е неговиот  братучет Славе Катин (Грежловски), го напиша следнoто:

Најкарактеристично за Љубојно е тоа што од секогаш  било расадник на високообразовни кадри, кои работаат како педагози, професори, доктори, новинари, инженери, писатели, правници и други професии. Тие придонесуваат за подобро и посреќно утре за човечкиот род во Македонија и во дијаспората. Сите тие учени кадри го стекнале своето образование најнапред  во централното Осумгодишното училиште ,Димитар Влахов, во Љубојно.

Инаку, училиштето во Љубојно било изградено во втората половина на Х1Х век, кое било малечко и со две училници. Потоа, во 1907 година е изградено денешното старо училиште, кое му пркоси на времето, со надеж дека ќе биде реновирано. Првата настава на свој мајчин македонски јазик започнала во 1908 година, за во 2008 година да се прослават сто години од неговото постоење. А во ова училиште само од Љубојно го добиле своето образование. педесетина лекари, дваесеттина правници, дваесеттина професори, дваесеттина инженери, десетина писатели и поети и многу други интелектуалци.

За жал, преселничките процеси си го направија своето. Слично или идентично како во многу македонски, особено во под пелистерските села голем број се иселија за секогаш или привремено со желба пак да се вратат во родното место. Меѓутоа, во последните години, кога животот во Љубојно пак се враќа, се враќаат печалбарите од сите континенти, се враќаат на својата родна грутка, а извршителот на сите акции што се преземаат е Месната заедница, помогната од Собранието на општина Ресен, како и Црковниот одбор.

Со вредните раце и дарежливоста на селаните во селото и во дијаспората, со помош на државата, се изгради водовод, асфалтен пат до Љубојно кој го поврзува со новиот пат за Долна Преспа и граничниот премин „Маркова Нога“, потоа се асфалтирани улици и завршена е изградбата на други комунални објекти што значат преродба на Љубојно и продолжување на животот на Долна Преспа. 

Во продолжение ќе поместиме дел од биографијата на мојот дедо Ефтим Ристо Грежлов наречен Грежо. Бидејќи бил јак како грежовите на дрвата, селаните му го дале прекарот, „греж“, што значи маж кој бил јак, силен, тврд како орев, маж како пастув, маж нескротлив и здрав како греж. Тој е син на Ристо и Дафина Грежлови, моите прародители и имаше три браќа и една сестра. Дедо Ефтим бил најстар во фамилијата и бил женет со баба ми Митра Паспалова, сестра на Коте Паспалов и Божана Попова.

Тие во бракот имаат три деца и тоа: Јоше, Лазор и татко ми Ефтим. Јоше со Доста има поколение од пет машки, и тоа: Спасе, Владе, Михајло, Борис и Здравко, потоа Лазор со Ристосија ги имаат синовите Славе и Ратко,  а моите родители Ефтим и Зорка, не имаат мене – Бранко и сестра ми Милица. Втор брат беше дедо Петре кој во бракот со баба Јана имат четири сина и тоа: Цветко, Спиро, Славе и Ристо и ќерката Слобода, потоа дедо Крстин со баба Јордана ги имаат: Цвета и Павле, додека дедо Алекса со баба Ката имаат пет ќерки и тоа: Сандра (мајката на Славе Катин), Менка, Спаса, Велика и синот Васил. Цвета, пак, сестрата на дедо Ефтим била мажена за Васил Џајков со кого имаа три сина: Јосиф, Глигур и Стефо, како и три ќерки Ристосија,  Спаса и Зорка.

189321

Ефтим и Зорка, родителите на Бранко

Се разбира од фамилијата на дедо Ристо и баба Дафина сега има големо поколение од кое голем број се познати и признати личности во Македонија и во иселеништвото. Најголем број од семејството претежно живеат во Македонија и во САД, како и во Канада, Австралија и Европската Унија.

Инаку, карактеристично за времето во кое живеел неговиот дедо Ефтим било тоа што Македонците, особено во руралните средини семејното живеење го организирале во поголеми заедници, однесувајќи се со голема почит кон родителите и постарите членови во заедницата. Така и во семејството на Грежлови дедото Ристо бил почитуван како глава на семејството, а потоа таквиот обичај се пренесувал на наредните  генерации. Таков бил македонскиот, а и пошироко балканскиот начин на организирано семејно живеење.

Во фамилијата Грежлови секогаш имале големо почитување кон најстариот, а тоа бил  дедо Ристо. Тој одлучувал за сите работи во фамилијата. Што тој ќе речел, тоа требало да се направи, бидејќи неговиот збор бил закон. Така било се додека дедото Ефтим пораснал, созреал и можел да го води семејството. Тогаш тој постанал глава на семејството.

Во продолжение Банко го забележал следното: Дедо Ефтим, како што ми кажуваше баба ми Митра, бил многу јак човек, не бил голем по возраст, бил лут по табиет, малку и груб по однос. Било многу праведен, искрен, честит и човекољубив, како и маж кој бил многу поврзан и почитуван од  својата фамилија, Тој бил многу решителен, беспрекорен и одлучен за она што го правел. Затоа сите се плашеле од него и се однесувале со респект.

Како што ми кажуваше баба ми Митра, меѓу другото, тој многу ги сакал домашните животни. Така, имал убав бел коњ, што му претставувал одличие и гордост. Не се одделувал од него и често пати со коњот шетал низ селото и полето, изразувајќи ја својата гордост и начин на однесување. Исто така, одлика му била носењето на неговата кубура (пиштолот) што била со бела обоена рачка како бојата на коњот. Дедо Ефтим постојано го држел пиштолот во појасот, за полесно да ракува и, се разбира, другите да го видат дека има огнено оружје.

Исто така и брат му Петре бил јак, нестрашлив и решителен како дедо Ефтим. Бил голем работник, човек кој извадил многу камења од Стара Река и направил многу ѕидови и објекти од камен. Цел живот бил воденичар и казанџија. Своите занаети им ги пренел на синовите Спиро и Славе. И брат му  Крстин имал слични одличија како другите браќа, но сепак тој малку се разликувал од нив. Крстин знаел некогаш да направи кавга, понекогаш бил закачлив, ама не бил јак и силен како браќа му Ефтим и Петре.

Неговата агресивност била плод од сознанието дека зад него стојат неговите браќа. Тој бил таков и во времето како печалбар во Америка, каде се дружел со сомнителни личности од други нации.  Се разбира, јас ги помнам и можам да дадам оценка за дедовците Петре,  Крстин и Алексо, но за жал ни јас ни татко ми не го паметиме дедо ми Ефтим, за кој ги пренесувам само кажувањата.

Што се однесува, пак, Алексо (Алек, дедото на Славе Катин), најмалиот брат на дедо Ефтим, тој бил многу мирен, пријатен и шегаџија, човек кој во животот со никој не се карал. И јас го паметам како таков и живо се сеќавам на него и неговите шеги. Тој беше голем домаќин, добар печалбар и почитуван од семејството и од околината.

1kater12

Алексо и Ката Грежлови

Поголемиот дел од својот живот дедо Алексо го помина во Соединетите Американски Држави, во градот Детроит, каде и нашето семејство сви гнездо. Затоа, не случајно неговиот син Васил напиша на неговиот гроб во Љубојно. „Америка беше твојот завет. Животот, тој суров меч тебе таму те прати, но,  родината пак те врати за на век“, а неговиот внук Славе Катин, кој го носи надимакот Катин, по баба му Ката, напишал повеќе текстови за него и за семејството на Алексо и Ката во бројни македонски информативни гласила во Република Македонија и во иселеништвото.

Продолжува

Пишуваат:

1slav2

Бранко Ристовски          

(Грежловски)  

1slave 3 Славе Катин                 

(Грежловски)

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top