Дијаспора

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА ЗА ТОДЕ КАБРОВСКИ ОД СИДНЕЈ

1toda121

1toda121

Неодамна излезе од печат монографското дело за македонскиот просветител Тоде Кабровски од Сиднеј, Австралија. Тоа е луксузно издание на 164 страници на македонски и на англиски јазик, чиј приредувач е проф.д-р Солзица Поповска, а рецензенти се Славе Катин и Фиданка Танасков 

Публикација “Тоде Кабровски – македонски просветител во Австралија“ е посветене на еден од македонските просветители во иселеништвото кој долг период бил  двигател на мислата за образованието на тамошните македонските генерации и нивната интеграција во новата австралиска средина. Затоа со право се вели дека учителот Тоде Кабровски како благородник и просветител е еден од најголемите и највеличенственеите личности во Сиднеј, Австралија. Тој како учител сериозно ја имаше сфатено поставената задача за децата на Македонците од сите делови на Македонија во Сиднеј да треба да се организираат на образовно поле, да ја сакаат својата татковина Австралија, а да не ја заборават земјата на нивните претци  Македонија.

Токму затоа улогата на неговото монографско дело со својата содржина е пример и патоказ за опфаќање и сплотенос на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји, овозможувајќи задоволување на чувствата и потребите, јакнење на единството среде македонскиот народ, зацврстување на слогата, љубовта, чувството за слобода, разбирањето и заедништвото со сите луѓе во новата средините во која се определиле да живеат.

Она што посебно го одликува Тоде Кабровски, уште од млади години, е неверојатната верност и преданост на македонската кауза, која пред сé се состои во зачувувањето на националната свест на Македонецот, а потоа и во негово издигнување и промовирање на образовен план. Ретко може да се сретне таков човек кој ќе држи исто темпо на своите уверувања, но се разбира ќе биде и постојан во напорот и желбата за практично дејствување и спроведување на зацртаниот план во образовниот систем на мултикултурна Австралија.

Затоа, во својот предговор проф. д-р Солзица Поповска ќе истакне дека секој човек е книга за себе и дека луѓето се поврзани и се’ што прават или доживуваат се одразува на поколенијата. За таквите луѓе како што е Тоде Кабровски вреди да се пишува книга во која се опфатени неговите благородни залагања за создавање врски меѓу Македонците на два различни континенти, но и за продлабочување на поврзаноста на македонскиот етникум со сите останати на петтиот континент. Не случајно во делото се вели дека смислата на постоењето ја пронаоѓаме во посветеноста на негување на поврзаноста и желбата да им се помогне на другите за да ја осведочат поврзаноста на човечен начин.

Во монографијата “Тоде Кабровски – македонски просветител во Австралија“ е раскажана една цела историја не само на еден човечки живот, на неговата фамилија, туку  во неа се дадени и збиднувањата во неговата родна земја и  во новата средина. Оваа Монографија е силен доказ дека Македонците постоеле, постојат и ќе постојат и дека се ценети во нивната втора татковина, демократска и мултукултурна Австралија.

Во оваа монографија дело се видливи постигнувањата на Тоде Кабровски како просветител во новата средина. Тоа е потврдено од неговите колеги, исто така личности вклучени во образовниот систем за македонските генерации во новата средина. Сите тие хумани образовни кадри имале и имаат видлива цел, мудрост и убавина во раководењето во образовниот систем во втората татковина.

Монографијата “Тоде Кабровски – македонски просветител во Австралија“  е поделена на седум поглавја, во кои секое засебе претставува животната сторија на истакнатиот активист и силен роднокраен вљубеник, докажан добротвор и горд родител Тоде Кабровски. Неговата животна приказна е дел од големото стебло на семејството Кабровски во Македонија и во Австралија и со дела кои ја прават неговата лична карта и го воздигнуваат неговиот лик и дело.

Во првиот дел посебно место има текстот за неговото родно место Горно Ореово, Битолско, кое ги отворило ширум портите за генерациите кои таму живеат или ширум светот и нивните потомци, кои се однесуваат со голема љубов кон се’ она што е останато од минатото, а се надградува во иднината. Еден од тие вљубеници, помагател и афирматор на родното Ореово, на Битола и на етничка Македонија е, секако Тоде Кабровски. Исто така, во овој дел се дадени текстови за неговите семејни корени и за животните врвици на просветителот Кабровски.

Вториот дел е посветен на неговото заминување од родната земја во далечна Австралија, додека во третиот дел е даден животот на петтиот континент. Меѓу другото, се дадени текстови за неговиот животен сопатник Нада, нивните постигнувања во бракот и материјали за нивното среќно семејство во Австралија.

Четвртиот дел е посветен на просветителската дејност на Тодо Кабровски, поточно на 40-те години од основањето на Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс. Ова поглавје ги опфаќа четирите децении на неуморната посветеност и на работата на Тоде Кабровски како претседател на Одборот. Преку оваа македонска институција која е призната од австралиските власти, Тоде дал непроценлив придонес во полето на образованието на македонските дечиња во Австралија, како и во други полиња за афирмација на својата прва татковина – Македонија. Тоде Кабровски долго време беше учителот, а  неговата личност беше примерот на кој ќе треба младите генерации да се подучуваат и угледуваат како треба да се сакаат двете татковини.

Петтиот дел е посветен на животна сага на просветителот Тоде Кабровски на двата континенти, притоа посебно место е дадено на интервјуто со овој просветител. Шестиот дел, пак, е посветен на личности – познавачи и пријатели на Тоде Кабровски кои ги изразија своите чувства, мислења, особини, постигнувања, доблести и други карактеристики за просветителот Тоде Кабровски. Меѓу другите, посебно место имаат текстовите од: Мартин Треневски, Димитар Башевски, Ѓуршица Чакар, Тодор Чепреганов, Жаклина Михајлова, Мирјана Дуковска, Георги Сталев, Сотир Најдовски, Сотир Гроздановски и други. Со тоа се збогати широкото и светло огледало кое е дар на животот и делото на Тоде Кабровски, чија монографија, во исто време е и дел од иселеничката одисеја на Македонците во Австралија.

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top