Дијаспора

ОТВОРЕНА БИБЛИОТЕКА ВО МПЦ „СВ. ПРОРОК ИЛИЈА“ ВО МИСИСАГА

1zgr121

1zgr121Во неделата на 24 октомври 2021 година, во просториите на  Македонската православна црква „Свети Пророк Илија“ во градот Мисисага, во Канада беше отворена Библиотека. Организатор на оваа значајна културна манифестација беше Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое работи во состав на Катедралната македонска православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Мисисага е шестиот град по големина во Канада. Тоа е град кој се наоѓа во јужниот дел на Онтарио, на брегот на езерото Онтарио, западно од Торонто. Името градот го добил од индијански збор што значи „место на река“. Градот по бројот на жителите е голем како Скопје, главниот град на Македонија, меѓутоа, често пати го третираат овој град како предградие на Торонто.

Меѓу осумстотините илјади жители на Мисисага, има  повеќе од десет илјади Македонци од трите делови на Македонија и од Мала Преспа. Но, за жал, според пописот во 2011 година се пријавиле само 1.255 Македонци. Притоа треба да се нагласи дека покрај старите генерации, во последните дваесетина години во Мисисага се доселија и се доселува голем број млади образовани генерации од Македонија, кои, меѓу другото, отворија неколку македонски училиште во состав на канадскиот образовен систем и други институции и приватни бизниси  на територијата на Мисисага кои играат значајна улога во севкупното живеење на овој дел на Канада.

Македонската православна црква „Свети Пророк Илија“ во градот Мисисага, која им служи на Македонците од западниот дел на Торонто има богата историја. Почнувајќи од 1982 година, кога беше купено земјиште од 14-тина хектари кое беше именувано како “Македонски парк” беше и е место за собирање и рекреација на голем број македонски иселеници од Канада и Соединетите Американски Држави.

1zgr1212Ацо Крстевски, прота Илија Донев, Славе Бунтевски и Славе Катин

Во историскиот развој на ова македонска црква е забележано дека на најголемиот христијански празник – Велигден, на 28 април 2000 година, кога после вечерната богослужба на Велики петок, од неодговорни лица, старата црква беше запалена и сосема уништена. Инаку, стара зграда  на црквата во последните 10 години  беше  уметничка галерија, а претходно  прва Римокатоличка црква „Свети Јосиф“, која била изградена во 1853 година, а осветена во 1856 година. Во стихијата изгореја  поголем број икони во олтарот и во црквата, со што беше направена голема материјална штета.

Неопходно беше Црковниот управен одбор да се зафати со изградба на нова црква чии темели беа осветени на 9 септември 2002 година од господин господин Стефан, а во сослужение на митрополитот полошко-кумановски господин Кирил како и бројното свештенство од Торонто и околината. Новоизградената црква беше осветена на 12 мај 2006 година од Неговото блаженство архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан, а во сослужение на епископот Методиј.

Чинот на отворањето на Библиотеката во Македонската православна црква „Свети Пророк Илија“ се изврши во неделата на 24 октомври. Тогаш, во преполниот храм со верници се одржа неделна Богослужба посветена на македонската светителка Света Злата Мегленска. Потоа во една пригодна просторија на Црквата се одржа чинот на отворањето на културното катче Библиотека.

Акцијата за собирање, поклонување и формирање на ова културна манифестација беа членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто. На средбата земаа учество потпретседателката на Друштвото Драгица Димовска и членовите: Вера Вржовска-Петревска, Благица Дафовска, Невена Аџиевска, Весна Карапетрова,  фоторепортерот Зоран Карапанчев и авторот на овој текст, Славе Катин, како почесен член на Друштвото „Браќа Миладиновци“, а кој подари повеќе негови монографски дела за познати и признати личности во македонското иселеништво.

1zgr1213Дел од присутните на отворањето на Библиотеката

Библиотеката ја отворија претседателот на Македонската православна црква „Свети Пророк Илија“ господинот Ацо Крстевски и протаставрофот Илија Донев. Тие од името на Управата и од сите членови на Црквата се заблагодарија за организирањето и отворањето Невена Аџиевска, на Библиотеката во духовно-црковниот и националниот дом во Мисисага.

Исто така, членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, пред неколку недели отворија Библиотека и во црквата „Света Недела“ во Пикеринг, град на источната страна на Торонто. Се очекува и таа Библиотека да биде културно катче за Македонците од сите делови на Македонија што живеат на тие канадски простори.

Инаку, активностите за црквата „Света Недела“ во Пикеринг, чиј претседател е Славе Бунтевски им служи на Македонците во градовите Ајџекс, Вуидби и Ошава, започнаа во март 1993 година. Потоа, на 23 април истата година беше свикано првото генерално собрание на приврзениците и почитувачите на новата црковна општина.  Од повеќето имиња што ги одобрил народот, со ждрепка архимандритот Никодим Царкњас го извлече ливчето со името на света Недела.

Македонската православна општина „Света Недела“ во Пикеринг во која е насликан олтарот и другите делови беше осветена од поглаварот на МПЦ архиепископот Стефан, во сослужение на голем број македонски свештеници од Канада и Соединетите Американски Држави на 8 септември 2002 година.

Овој убав македонски храм за кој со право се вели дека е центар за генерациите е и место на различни активности. Во него, особено во летниот период се одржуваат заеднички пикници и други манифестации во просторот пред храмот, во кој се вршат сите обреди за Македонците од тој дел на Онтарио

Отворањето на Библиотеки во македонските православни цркви е значаен културен настан за Македонците, особено за младите генерации кои се трудат и треба да го негуваат и зачуваат македонскиот јазик, литературата, културата, историјата, религијата и сите други македонски вредности донесени од родната Македонија во демократска Канада. Затоа, Македонците во иселеништвото очекуваат  отворањето на библиотеки и други асоцијации од културата во македонските цркви и манастири во иселеништвото да биде прифатено и акцијата помогната од различни институции во Република Македонија.

1zgr1214 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top