Дијаспора

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ЗА БРАЈЧИНО, ПРЕСПА ОД ВЕРА ВРЖОВСКА – ПЕТРЕВСКА ВО ТОРОНТО

1bra123

1bra123

На 05-ти декември 2021 година, во Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, Канада, беше промовирана  публикацијата „Моето Брајчино, моите корени, мојата Преспа“ од Вера Вржовска-Петревска. Организатор на овој настан беше Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, а промотор беше Драгица Димовска уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“ од Торонто Заради Ковид 19, промоцијата се одржа во присуство на одреден број македонски иселеници од сите делови на Македонија членови на Друштвото и гости од канадското општество во Катедралната македонска православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Авторот на публикацијата „Моето Брајчино, моите корени, мојата Преспа“ Вера Вржовска-Петревска беше првиот претседател, а денес е потпретседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое во рамките на македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто.Друштвото е формирано на 6 март 1987 година. Првата литературна вечер, ја одржа во мај 1987 година по повод 126-годишнината од излегувањето на познатиот Зборник на браќата Миладиновци и во чест на формирањето на друштвото.Тогаш, за првпат пред македонската заедница членовите се претставија со свои литературни творби.

Вера Вржовска – Петревска е позната во македонската заедница во Канада како Македонка, која во период од педесеттина години дала голем придонес во напредокот на општественото живеење. Повеќе децении активно е вклучена во различни македонски асоцијации, особено во македонските православни цркви, каде несебично работи за доброто на Македонците во Торонто и пошироко во Онтарио. Долги години била активна, а во 1986 година била претседател на Женската секција на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Но посебно место  Вера има во Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, а членува е и во „Брајчинското друштво“ и други бизнис заедницо во Онтарио.

Затоа често велат дека таа е позната и призната Преспанчанка во Канада која, меѓу другото, е вљубеник во Македонија и во пишаниот збор, а работи и е многу заинтересирана за модата и духовното живеење на Македонците од сите делови на Македонија. Од секогаш, таа сака да им помогне на младите жени во областа на убавиот изглед и модното облекување.

Публикацијата „Моето Брајчино, моите корени, мојата Преспа“ е нејзино трето дело. Првото нејзино дело е стихозбирката „Далечни корени“ (1996), кое содржи четириесетина песни на македонски јазик, со кое Вера Вржовска се претстави со својата поезија со носталгичен, љубовен и патриотски дух. Второт нејзино поетско дело е „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“)(2018), на англиски јазик. Оваа публикација претставува убав пример и придонес кон иселеничката книжнина.

Инаку, корените на Вера Вржовска – Петревска се протегаат во селото Брајчино, едно од најубавите локации во Долно-преспанскиот регион. Тоа се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се дели со атарите на селото Бистрица, Битолско и со државната граница на јузниот сосед со селото Буф, на надморска височина од околу 1. 000 метри. Брајчино е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од каде е оддалечено 32 километра.

Како резултат на нејзина љубов кон родниот крај излезе и публикацијата „Моето Брајчино, моите корени, мојата Преспа“. За ова дело промоторот Драгица Димовска, меѓу другото,  го кажа следното: „Во книга Вера убаво ја има опишано животната патека на една млада девојка која се преселува во Канада кај нејзината сестра на 16 годишна воздраст. И сето нејзино доживување од нејзината млада воздраст па до ден денес е опишано во ова книга.  

Книгата е едно убаво уметничко дело и достапно за секој еден читател нарочито за младата иселеничка македонска генерација која не чита и пишува македонски а зборува, затоа што книгата е напишана на македонски јазик на латиница. Во книгата е опишано нејзиното село Брајчино, со сета негова убавина и брајчинските преку океански средби за празникот Света Петка. Потоа го опишува животот на нејзините родители, сестри, роднини и пријатели и средбите со познати личности од Македониаји и личности од нашата македонска комуна. Исто така, дава убав опис за Литературното друштво „Брака Миладиновци“, од неговото формирање па до денес. Во книгата не е опишано само Брајчино, опишана е и Преспа со нејзините градови и села. Ги опишува средбите во ,Мала Преспа, а опишани се и градови од цела Мкаедонија со сета нивна живост и убавина.

Вера Вржовска – Петревска, авторот на ова дело низ својот живот имала убави и неубави денови како и сите ние. И сето тоа го отсликала така убаво и едноставно што може секој лесно да го разбере животот на една млада девојка а сега повозрасна жена. Читателот се среќава со разни карактери на личности за да ужива читајки за местата во Македонија како да е на посета таму. Читајаќи ја оваа книга секој еден читател во некои делови од книгата ќе се најде себе си.

Затоа што сите ние сме печалбари и од разни причини сме ја напуштиле нашата Македонија, дедовска земја. Оваа книга би требало да ја има во секоја иселеничка македонска куќа. Читајќи ја книгата читателот некогаш ќе се насмее некогаш некоја солза ќе проролее. Инаку,. М-р Ели Танаскова како рецензент на публикацијата, за авторот Вера Вржовска – Петревска ке напише дека нејзината духовност и чисти размислувања оставаат порака дека животот колку и да е суров и непредвидлив, умееме да го скротиме со своите позитивни мисли и да создадеме поубав живот за живеење за идните македонски генерации. Со тоа се кажува вистината на иселеничката сага“, рече на крајот Драгица Димовска, уредник и водител на Радио часот „Обединета Македонија“ во Торонто. 

1slave  Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top