На 20 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, на плоштадот Магнолија во Битола ќе се одржи „Вистинска парада на гордоста“, настан што оваа година се организира по петти пат.
Настанот се темели на вредностите што ги сметаат за основа на општеството: домот, семејството, родителите – мајка и татко, како и децата. Овие начела претставуваат трајни вредности кои треба да се негуваат и пренесуваат на идните генерации во духот на православната христијанска вера и традиција.
Од плоштадот Магнолија е предвидено учесниците заедно да се упатат во организиран марш низ Широк Сокак до Градскиот парк, каде што ќе се одржат неколку кратки обраќања посветени на мотивите и целите за организирање на оваа манифестација.
Организаторите упатуваат покана до граѓаните да присуствуваат заедно со своите семејства и најблиски и да бидат дел од настанот.