Дијаспора

ПОЧИНА ЈАНКО ТОМОВ – ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ ВО АВСТРАЛИЈА

1jan121

1jan121

На 11 февруари 2022 година  во Бризбеин, Австралија почина Македонецот Јанко Томов, кој беше познат и признат во македонската заедница на петтиот континент. Тој  беше посветен на македонските прашања и македонската кауза.. Живееше во Австралија, а со својте пишани дела беше бранител на Македонија и македонска вистина.

Јанко Томов беше роден во Струмица, на 4 мај 1938 година, а во 1945 година се преселил да живее во Скопје. Тој беше дипломиран виш спортски тренер по спортска гимнастика, тренер по атлетика и наставник  по физичко и здравствено воспитание. Дипломирал во Белград во 1961 година, на Факултетот за физичка култура при Универзитетот на Белград. Во 1970 година, заминал за Австралија во убавиот Бризбен.

Јанко Томов се бавеше и со пишување и објавување на свои трудови. Уште во далечната 1969 година, во Скопје ја објавил првата стручна книга, од областа на физичката култура на Македонија: „Штафетни игри и полигони“ (исто така, тоа бил прв прирачник за тренери и наставници по физичко воспитание). Томов е автор и на повеќе скрипти, материјали и статии, поврзани со теми од квалитетниот спорт и физичка култура во Македонија.

Меѓутоа, неговата активност во Австралија ги измени координатите и тој од спортски работник премина во еден голем активист во македонското движење. Така, како македонски активист на петтиот континент, Јанко Томов беше еден од основачите на „Тајната народна македонска револуционерна организација (ТНМРО), со огранокот „Група македонски патриоти“ од 1985 година во Перт.

Томов е основач и прв претседател на огранокот (задграничниот Комитет) на ВМРО-ДПМНЕ за Перт, Западна Австралија. Бил член и на Координативниот одбор на ДПМНЕ за дијаспората, со одлука на Драган Богдановски и со одлука на неговите претставници во Австралија.

Јанко Томов беше и еден од главните организатори на македонските демонстрации одржани во Перт на 1 јули 1990 година пред Грчкиот конзулат, каде за првпат пред јавноста на Перт се истакнаа македонските знамиња со шеснаесетзрачното сонце и други одбележја поврзани со античко-македонското потекло. Бил и активен член на Извршниот одбор на Органзиацијата за „Македонски човекови права“ (МЧП) за Западна Австралија, а бил и еден од уредниците на „Македонски патриотски билтен“, кој излегувал во периодот 1989-1990 година, во кој објавувал статии и обработени материјали од национално-политички карактер.

Бројни се активностите на Јанко Томов, меѓу кои: Од 2010 година објавува национално – политички статии и историски материјали од активноста на македонското движење во дијаспората, во порталот на интернет „Македонска нација“ од Скопје, каде беше еден од уредниците.

Во 1996 година, Јанко Томов, заедно со неговата супруга Нина се преселува во Бризбен, во државата Квинсленд, каде на северната страна се наоѓа најпрочуеното туристичко место „Сончевиот брег“ (Саншајн коуст). И таму ја продолжува соработката и контактите со патриоти, а, пред сè, да пишува национални, политички, историски и други текстови за македонските човекови права и слободи и да ги испраќа по различни адреси за живеење на голем број Македонци со кои комуницирал во минатото.

Прво негово дело е „Првиот светски конгрес за македонски човекови права“ (1990),  има уште едно издание во 2015 година. Во него се објавени бројни публикувани статии, особено во порталот „Македонска нација“ и одреден број што авторот ги испраќал околу 600 е-меил адреси, до негови ценети читатели од периодот  2011-2015 година. Потоа во 2000 година ја издаде книгата: „Поткрепа од убавиот Перт“. Таа е напишана на 310 страници и илустрирана со голем број фотографии од првите демонстрации на македонското иселеништво од Перт, пред Конзулатот на Грција. Вториот дел е посветен на основањето на Координативниот одбор на ДПМНЕ за дијаспората, раководен од Драган Богдановски и Панко Стамкоски, во кој членувал и Јанко, како и на основањето на Задграничните комитети во Австралија, за кои беше задолжен Јанко Томов.

Делото „Поткрепа од убавиот Перт“ му даде силен поттик да ја продолжи својата публицистичка дејност и објавување на патриотски текстови, кои, главно, се однесуваа на состојбите во Македонија.

Во тие години, во новата средина во Бризбен ги објави книгите „Солунскиот манифест од 1984 и движењето за човекови права во дијаспората“ (2003) и „Откритија за важни настани во македонската историја“ (2004). Во второто дело објавува одбрани текстови и писма за контактите со бројни активисти во дијаспората. Така, уште на почетокот ги пренесува неговите активности на патриотско поле, неговите видувања за решавање на актуелните прашања и проблеми во иселеништвото и во Република Македонија.

Особена нагласка  имаат материјалите кои се однесуваат за признавањето на уставното име на Македонија, македонската националност, од страна на Федералната  влада и Парламентот. Исто така, има текстови за правилното решавање на верскиот проблем во македонски православни цркви и манастири во Австалија.

Посебен простор во ова дело посветува на голем број текстови кои се осврнуваат на недостатоците и недоследностите на бројни дела од политички, национален, историски, лингвистички и друг аспек, гледано од негов патриотски агол, а воден од љубовта кон својот македонски народ во дијаспората и во татковината – етничка Македонија.

Исто така, Јанко Томов е автор на делото „Мојот придонес за Македонија“ (2014), книгата е отпечатена во одреден број примероци нa 258 страници, а издавач е Печатницата „2  Август“ од Штип. Во книгата се опфатени поединости за првите македонски политички организации, кои ги основаат и со кои раководат лево и десно политички орентирани македонски лидери и членство, од поголемите организации како ДООМ, НМРО, ТНМРО, преку македонските поткомитети за МЧП. Исто така, поместени се текстови за списанијата, весниците и порталите: „Македонска нација“, „Македонија“, „Глас на Македонците“ и други. 

Потоа, подетално се прикажани семакедонските мирни протести и демонстрации пред амбасадите и конзулатите на Грција, Бугарија и СФР Југославија во Австралија, со цел признавање на македонската националност и основните македонски човекови права во окупираните етнички делови на Македонија. Исто така, прикажан е главниот дел на патриотската активност на македонското иселеништво преку челниците – лидерите и нивните најблиски соработници, од крајот на Втората светска војна до осамостојувањето на Република Македонија и основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Посебно детално е документиран мирниот протест, пред Парламентот на Викторија во Мелбурн во 2008 година, каде учествуваа 30.000 македонски демонстранти.

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top