Дијаспора

ИГРАОРНАТА ГРУПА „ТОМОВ“ ГИ РАСТЕРА ДОЖДЛИВИТЕ ДЕНОВИ НА БЛУЗОТ (24)

4is1

4is1

Во продолжение го пренесуваме текстот објавен во „Тајмс Херал Рекорс“ (The Times Herald Record) од 7 јули 1994 година, објавен под наслов „Играорната група ги растера дождливите денов“ од Мерилин Шварц (Marilin Schwarts). Во него се вели следното:

„Лок Шелдреик (Loch Sheldrake)– Емотивно и скалдно испеаните песни, инструментите кои произведуваат соло вибрирачки гласови и ората на еден мултикултурен народ беа повеќе од доволни да ги растераат дождливите денови на блузот, во четврток, во текот на настапот на Југословенскиот фолклорен ансамбл “Томов” во Колеџот во Саливан (Sullivan County Community College, SCCC).

Преполнетата публика имаше прилика да ја доживее културата на Србија, Македонија, Хрватска и Словенија со посредство на орото и музиката на првиот ден на отворање на Саливан фестивалот ’84, спонзориран одЅСССиод Sullivan County for the Arts.

Сликата на селскиот живот, со играорците и музичарите во главна улога, ја обезбеди позадина/кулисата за воодушевувачките настапи со полет, а живоста се прошири и на оркестарот кој користи како традиционални жичани инструменти, така и помодерни. Рачно изработените носии само беа додаток кон боите на сцената.

Музички, претставата оживеа со трите “Песни од Македонија и Хрватска”, кои обелоденија хумористични и романтични мелодии. Во една од песните, групата се усклади на еден необично интуитивен, инстинктивен начин. Другите музички главни атракции вклучуваа една жена која изведе брилијантна џипси соло на виолина, додека гајдата ги обезбеди звуците во заднината за играорната изведба.

4is12

Концертот започна со “Ора од Србија”. Играорците започнаа во курогови, потоа се ширеа преку бината. Еден повикувач ги иницираше движењата додека играорците живо удираа со нозете од една до друга страна. Жените потскокнуваа и мавтаа со марамчиња. Играорците, во прави линии, се држеа меѓусебно за појасите/ремените и додека играа, се поставуваа во прави линии и накосо преку целата бина, а на крај формираа коцка. Огнени=ватрени повици ги придржуваа играорците кои одеа напред на своите петици. 

“Невестинското”, ритуал пред свадба, беше засилено со металните парички прикачени на марамите, кои ѕвонеа/звечеа. Чекорите беа умерено одржување на рамнотежа од една на друга нога. Воздржаните движења варираа од рамнотежа до лесно кривулкање до допири на стапалата во вид на круг.

Палави е зборот за да се опишат Влашките ора. На почетокот, една шапка на еден играорец беше украдена од страна на една играорка. Орото ја прикажува неговата збунетост додека се обидува да ја пронајде шапката. Синџир играроки секогаш го спречуваат да си ја земе шапката, сé додека двајца играорци не доаѓаат да му помогнаа да се извлече.

Играорките во редот прикажаа синхронизирано вешто играње со нозете, потоа играорците со лизгање доаѓаат на сцената, викајќи, “Хеј хај, ура”. Групата излгеда дека се забавуваше со ова оро и навистина беше големо задоволство да се гледаат.

Приказот на играорните стилови од целата Европа и Русија беше евидентен во “Буњевачко оро”. Со групи од двајца играорци и една играорка, некои делови од орото беа слични на руската тројка.

Ѕвончињата околу глуждовите врз чизмите на играорците обезбедија необична придружба, засилувајќи ги нивните чекори и штракање со петиците.

“Сплетот од Повардарје” започна со звуците од гајдата во позадина. Со чекори и потскокнувања, кругот стануваше помал и потесен додека играорците се доближуваа до средината. Играјќи со брзи чекори, играорките меѓусебно се држеа за коланите/појасите и мавтаа со марамчиња. Овој македонски сплет докажа дека брејкденсот не е ништо ново, бидејќи едно трио играорци паѓаа за да одоздола си ги удрат нозете додека се исправаа.

Живиот “Сплет од Хрватска” го најави вториот дел од концертот. Играорците скокаа енергично во разни правци. Приказот на центрифугалната сила беше неодоллив кога играорците во кругови ги држеа играорките околу половината под рацете и ги вртеа сî додека тие станаа толку забрзани што нозете ги кренаа од подот.

4is13

„Пиринска“ игра

Кореографот Георѓи Томов, човекот кој вртеше со колковите, играше едно оро со кама/нож во машкото оро “Дупљаја”. Двајца играорци со дршки од метли мафтаа со своите стапови и ги присилија другите да скокаат под и над стапот додека се вртеа наоколу. Сите се чудеа како еден бокал со вино секогаш стоеше врз главата на едне играорец додека тој играше и држеше рамнотежа. Играорците се доближуваа еден до друг со пеење во хор, вртејќи со колковите и играјќи со брзи чекори.

Секогаш кога го гледам “Гламоч” чувствувам стравопочитување поради неговиот мирен, тивок интензитет.  За време на турската окупација, културните настани биле забранети и на народот не му било дозволено да свири на народните инструменти. Поради тоа, орото беше изведено речиси во целосен мрак и тишина. Единствениот звук беше ѕвецкањето на металните парички кои беа прикачени на прслуците од играорките додека тие играа во круг и се вртеа, држеа рамнотежа и вешто одеа на прсти.

Во “Сплетот од источна Македонија” уште еднаш се појави повикувач кој ги извикуваше различните чекори. Играорците и играорките се држеа меѓусебно за коланите, потоа женските линии се пресекуваа меѓу себе и направија формација во вид на ѕвезда. Орото ја водеше вечерта во  радосна завршница“,  пишува Мерилин Шварц.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top