На прво место

Димитриеска Кочоска: Ветераните ја вградија својата визија, храброст и пожртвуваност во ВМРО-ДПМНЕ

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица упати честитки до членството, симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакнувајќи дека ветераните се меѓу најзаслужните за создавањето и опстојувањето на партијата низ годините.

Во изјава за Телма телевизија, таа упати посебна благодарност до генерацијата која во најтешките времиња ја постави основата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакам да им честитам на сите симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и да ја искористам приликата на ветераните посебна честитка да упатам, бидејќи тие се најзаслужни за основањето на партијата, особено во еден тежок период“, истакна Димитриеска Кочоска.

Таа потсети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за водење на државата, состојбата во јавните финансии била исклучително тешка, со сериозни проблеми во буџетот, ниско ниво на средства на државните сметки и бројни неисплатени обврски кон граѓаните.

Според неа, денес разликата е видлива преку засилен инвестициски циклус и реализација на проекти во повеќе области.

„Во делот на капиталните инвестиции самите граѓани може да направат разлика помеѓу тоа што е денес и тоа што беше во минатото“, нагласи таа.

Димитриеска Кочоска посочи дека низ целата држава се реализираат инфраструктурни проекти, се реконструираат и доградуваат училишта, се инвестира во здравството, а јавните финансии се стабилизираат по долг период на застој и неодговорно управување.

„Денес градиме во инфраструктурата, патиштата се видливи, нешто што последните седум години кај претходната власт немаше никакви движења. Денес имаме реконструкција на училишта, доградби на училишта и инвестиции во здравството. Приоритет беше стабилизирање на јавните финансии, а денес нашиот слоган е ‘Македонија забрзува’“, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа нагласи дека најдобар показател за успешноста на економските политики е континуираниот раст на економијата.

„Бруто домашниот производ е најголем доказ за нашето работење и покажува во континуитет раст од над 3 проценти“, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Од Струмица, каде ВМРО-ДПМНЕ го одбележува својот 36-ти роденден под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, беше испратена порака дека партијата останува посветена на економскиот развој, инвестициите и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, продолжувајќи ја визијата што пред 36 години ја поставија нејзините основачи и ветерани.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top