На прво место

Мора да се брани македонската вистина, не сме дрво без корен

По повод 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, која денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, генералниот секретар на партијата Драган Ковачки порача дека ВМРО-ДПМНЕ претставува мост меѓу историското ВМРО и современата македонска држава.

Во изјава за Сител телевизија, Ковачки истакна дека евроинтеграциите остануваат стратешка цел на Македонија, но притоа мора да се зачува достоинството и да се брани македонската вистина.

„Ние Македонците имаме историска вертикала. Не сме дрво без корен. ВМРО-ДПМНЕ уште во своите основачки документи е евроатлантски определена партија. Ние сме цврсто определени за европскиот пат, но истовремено ги презентираме нашите ставови и ја браниме македонската вистина“, изјави Ковачки.

Тој нагласи дека во изминатиот период е засилена дипломатската активност кон европските партнери и изрази очекување дека ќе се дојде до рационално решение во односите со Бугарија, кое ќе овозможи Македонија да продолжи напред на патот кон Европската Унија.

Ковачки се осврна и на економските резултати, посочувајќи дека државата бележи седум последователни квартали економски раст од над 3 проценти, како и значителни инвестиции во патната инфраструктура, здравството и капиталните проекти.

„Мора да се работи уште повеќе, но почнавме од многу тешка состојба. Токму затоа мотото на нашиот 36-ти роденден е ‘Македонија забрзува’. Резултатите веќе се видливи, а граѓаните ќе ги чувствуваат сѐ повеќе во периодот што следува“, порача Ковачки од Струмица.

Најново од: На прво место

Под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова промовирана иницијативата за зачувување и развој на Галичник

Галичник денеска беше домаќин на значаен настан посветен на зачувувањето и идниот развој на едно од највредните културни богатства на Македонија. Под покровителство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на ова легендарно мијачко село, препознатливо по својата богата историја, архитектура и традиција. […]

Заев на луксузна јахта во Халкидики

Според објавата на Нетпрес, читатели на овој медиум кои престојувале во туристичкото место Миражио Паљури на Халкидики испратиле фотографии на кои се гледа поранешниот премиер и поранешен претседател на СДСМ, Зоран Заев, на јахта во грчкото летувалиште. Нетпрес наведува дека според информациите што пристигнале до нивната редакција, јахтата наводно чини околу 800.000 евра и најверојатно […]

Македонија меѓу најрелигиозните земји во Европа

Мапа открива колку Европејци веруваат во Бог На популарната Фејсбук-страница „Maps Porn“ неодамна беше објавена интересна карта што покажува колкав процент од населението во европските држави верува во Бог. Податоците откриваат значителни разлики меѓу различните делови на континентот, а очекувано, највисоко ниво на религиозност е забележано во Југоисточна Европа и на Балканот. Според прикажаните податоци, […]

Струмица ја покажа разликата: ВМРО-ДПМНЕ со народот, СДС во тесен партиски круг

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС никогаш не била поочигледна отколку денес. Додека десетици илјади граѓани во Струмица заедно со ВМРО-ДПМНЕ го одбележаа 36-годишниот јубилеј на партијата, испраќајќи порака на единство, надеж и верба во Македонија, СДС својот роденден го прославуваше далеку од народот, зад затворените порти на Бихаќка. Тоа не е случајност. Тоа е резултат […]

Мицкоски повика на единство, Филипче повторно застана на спротивната страна

Наместо национално обединување во одбрана на македонските интереси, лидерот на СДС уште еднаш застана на страната на политиките што ги оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историја. За миг се чинеше дека Венко Филипче конечно ќе покаже државничка зрелост и ќе ги стави националните интереси над партиските калкулации. Подадената рака од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, […]

Десетици илјади граѓани во Струмица испратија порака на единство, доверба и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, на денешната прес-конференција се заблагодари на десетиците илјади граѓани кои вчера присуствуваа на одбележувањето на 36-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, оценувајќи дека бил испратен силен сигнал за единство, заедништво и поддршка за политиките на партијата. Ковачки истакна дека присуството на голем број граѓани на стадионот […]

Основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ: Од Струмица ја почувствувавме истата искра од 17 јуни 1990 година

36 години по историското основање на ВМРО-ДПМНЕ, илјадници граѓани во Струмица испратија порака на единство, надеж и верба во Македонија, потврдувајќи дека идејата родена на 17 јуни 1990 година и денес живее со истата сила и енергија. 17 јуни 2026 година во Струмица не беше обичен ден. Тоа беше ден за паметење. Ден исполнет со […]

Македонија не застанува, Македонија забрзува!

На одбележувањето на 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, од Струмица беше испратена силна патриотска, државничка и обединувачка порака: Македонија повторно има надеж, повторно има сила и повторно има народ кој верува во себе. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, во својот говор порача дека овој јубилеј не е само прослава на една политичка […]

To top