Дијаспора

ИГРИТЕ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“: „ПОВАРДАРИЈЕ“ И „ГЛАМОЧ“ НА БРОДВЕЈ (30)

1zen1

1zen1

Фолклорниот ансамбл „Томов“ од Њујорк имаше успешни турнеи низ Македонија, за кои бројни написи беа објавени во разни информативни гласила. Во продолжение ќе го поместиме текстот што беше објавен  во гласилата „Нова Македонија“ и „Ослобоѓење“.  

Во текстот во „Нова Македонија“ и „Ослобоѓење“ се вели: „За нивниот настап на сцената на њујоршката Риверсајд црква – веднаш покрај Бродвеј, на западанта страна на градот – дури и строгиот критичар на “Њујорк Тајмс” напиша: “Беше тоа една од најбогатите вечери на народни игри видена овде за многу сезони!” Групата се вика Југословенски фолклорен ансамбл на Георѓи Томов, а нивниот висок дострел во изведувањето на игри и песни на народите на Југославија е дотолку посензационален бидејќи со години – се’ додека мината есен не им се придружиле двајца Југословени, братот и сестрата Ненад и Јелена Милинковиќ, средношколци од Севојно – сите музичари, играчи и пејачи на овој Ансамбл беа – Американци. 

Што е тоа што ги привлече кон нашиот фолклор?

– Откако, во 1967 година, дојдов во Америка, во многу контакти – а посебно на овдешните универзитети каде држев часови по фолклор – можев да се уверам дека Американците, а посебно младите луѓе, многу се заинтересирани за културното наследство на другите народи. Покажуваа толкав интерес за нашите звуци и за движењата, носиите и за необичните музички инструменти, што наскоро добив идеја да основам и ансамбл кој ќе ги игра нашите ора и ќе ги пее нашите песни – ни раскажа деновиве раководителот на овој единствен ансамбл Георѓи Томов, некогашен професионален фолклорен играорец во скопскиот “Танец” и загребскиот “Ладо”. 

Две гостувања во Македонија.

Меѓутоа, тој необичен сон на Георѓи Томов, не можеше да се оствари преку ноќ. Требаше – на предавањата ширум Америка – да се заработи доволно пари за да дојде во Југославија и да ги купи првите носии, да се рашири глас по њујоршките танцови студија за раѓањето на овој нов ансамбл, да се соберат првите играорци и да се заинтересираат. – Ова последново беше најлесно – вели Томов. – Тие во нашата музика открија убавина, таа толку ги освои што сами бараа да вежбаме што повеќе, да бидам што построг.

 1zen13

Оркестарот „Томов“

А, кои се членови на овој ансамбл?

Се’ сами професионалци во својата професија. Повеќето од нив имаат универзитетко образование. Тука има и лекари и професори и инженери и компјутерски пограмери, адвокати, уметници од сите професии. Право да ви кажам, во почетокот се прашував како во овој забрзан град – каде многу што се мери со време и пари – ќе најдам термин што ќе им одговара на толку зафатени луѓе. Ми помогнаа тие самите. Вежбаме ора секој четврток од 18 до 23 часот, во понеделник имаме два часа пеење, а пред важни настапи се собираме и работиме, на нивна иницијатива, по неколку часа и во неделите. Тој нивен ентузијазам, таа желба да научат што повеќе и што подобро, беше за мене вистинско откритие.

Колку беше изненаден Живко Василевски, претстедател на Матицата на иселеници на Македонија, кога, во време на неговиот престој во Њујорк, му ги претставија Американците кои толку усогласено играат и пеат наши ора и песни! Така дојде и до поканата Ансамблот да гостува во Македонија: во 1979 учествуваше на Илинденските денови во Битола, а две години подоцна повторно допатуваа.

За тие средби со Југославија, ни раскажува Стив Сејлемсон, компјутерски програмер, кој беше импресиониран од  колку музиката е составен дел на животот во краиштата што тие ги посетија:

И порано не’ освои југословенскта народна музика, но кога гледате како таа живее во македонските села што ги посетивме – тоа е доживување што се памети цел живот. Таму запознавме многу пријателски расположени луѓе, со некои и се допишуваме. Ни се случуваше на забавите, по нашите настапи, сите од местото да се фатат в оро, да заиграат и запеат со нас. Тоа во Америка никогаш не би го доживеале. Танцувањето и овде е општествен настан, но тој не знарчи со таа магија која би можела да крене на нозе цело едно село, цел еден град.

Њујорчанка од Башчаршија

Имаме во ансамблот и една Сарајлика – ни рекоа на една од четврточните проби во танцовото студио на аголот на њујоршката 14. улица и Шестата авенјиа.

Нежна, витка, лепа, тивка девоја ни ја подаде раката за поздрав:

Синтија Хаџсон – рече.

По што е Сарајлика?

– Студирав во вашиот град две години, ’74 и ’75. На Филозофскиот факултет ја проучував вашата литература, а особено делото на Вук Караџиќ.

На што од тие денови најчесто се сеќава?

– На прекрасните луѓе, Башчаршија и на меланхоличната песна “Кад ја поџох на Бембашу”. Таа песна направи – уште тогаш – да се загреам за вашата музика, но не можев ниту да сонувам дека овде, во Њујорк, еднаш и самата ќе пејам и играм ваши песни и ора.

Се сеќава и на своите “цимерки”  од студентскиот дом, двете девојки од Ливно – Садрудина и Емире (“И тие знаеја убаво да запеат”), а потоа и на втората година која ја поминала како потстанар “горе над Башчаршија” и вечерните враќања дома. “Не останував до доцна. Ми се чинеше дека тогаш на тоа, во тој крај, се гледаше со некој благ прекор. Слушнав дека сега во Сараево е поинаку – сите тие кафе ресторани, младите, па дури и Олимпијадата!”

Кога Синтија ги спомна Олимписките игри во Сараево, нејзините пријатели од ансамблот ни рекоа дека најголема желба би им била наредната година – за десетгодишнина од постоењето на груапта – да гостуваат во олимпискиот град.

– Сме биле во Лејк Плесид. Таму, на завршната церемонија, дури го развиоривме и знамето на Југославија како нареден домаќин. Не знаеме колку таа наша желба е реалан, со оглед на големиот број гости што Сараево тогаш ќе ги има, но ако од тоа и не биде ништо, ние токму овие денови ги започнавме првите преговори за турнеја по Југославија по повод десетгодишнината. Би сакале да настапиле и негде надвор од Македонија, можеби во Дубровник, Сплит, не знаеме уште каде – вели Георги Томов.

Мост меѓу културите

За пожртвуваната мисија на овој вљубеник во народните песни и ора, мнгумина во Америка велата дека е “мост меѓу нашите култури”. Какво совршенство постигнал ансамблот на Георѓи Томов во интерпретацијата на нашите игри и песни можеби најдобро ќе посведочи податокот дека настапувал и на толку познатите њујоршки сцени како што се оние во Линколн центарот и во Карнеги хол, дека учествувал во олимписката културна програма во Лејк Плесид и на мнигубројни фестивали. Со задоволство истакнуваат дека по земјотресот на Црногорското приморје веднаш организирале концерт чиј приход е упатен во фондот за отстранување на последиците од стихијата.

1zen14

Катин, Георге и Пљакас

Откривајќи ја музиката на народите на Југославија, тие, како што сами велат, ја откривале и самата наша земја, нејзниот човек и нејзиниот пријателски дух.

– Толку нî засакаа што јас, на шега, ги нарекувам “Југословени од американско потекло” – вели Томов.

Особено привлекува начинот на кој Аамериканците од овој Ансамбл успеале да овладеат и со таквите егзотични инструменти како што се гајдата, зурлата, кавалот и фрулата, како и со пеење на јазик што – не го знаат.

– Се работи за многу надарени и амбициозни музичари. Спремни се со часови и со денови да вежбаат додека не го научат тоа што го сакаат. Кога бевме во Битола и во мојата родна Струмица, нашите луѓе и експерти за фолклор, како што се Живко Фирфов и Ѓорѓи Димчевски, не можеа да веруваат како тие луѓе совршено свират и пеат – раскажува основачот и водачот на Ансамблот.

Тоа изненадување и самите ние го доживеавме слушајќи ја, на пример, Елен Шулман-Линдер како со чувсто пее “Јовано, Јованке… “

Тие педесетина – 24 девојки, 14 момчиња, 9 свирачи и три жени кои водат сметка за носиите, кои и ги нема во доволен број, бидејќи Томов сето тоа сам го набавил – се состануваат така сред возбудливиот град да ја делат убавината од дружењето со музиката на една далечна и на сите ним драга земја. Тие успеаја “Повардарието”, “Гламоч”, “Линџо” и други ора и песни на народите од Југославија да стигнат дури до њујоршкиот Бродвеј и до оние ласкави оценки за нивната умешност на страниците на “Њујорк Тајмс”…

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top