Дијаспора

ПОЧИНА ЏАН (ВАНЕ) КУЗЕВ ОД ТОРОНТО КОЈ БЕШЕ ПОЗНАТ И ПРИЗНАТ БИЗНИСМЕН И ГОЛЕМ ХУМАНИСТ И ДОНАТОР

1av231

1av231

Џан (Ване) Кузев беше роден на 05 февруари 1933 година во селото Мрежичко, Кавадаречко. Тој беше познат и признат канадски бизнисмен од македонско потекло, кој во подолг период негуваше и  продлабочуваше деловни врски со бројни претпријатија во Македонија. Исто така, тој беше голем хуманист и донатор, особено на македонските православни цркви во Канада.

Бизнисменот Ване Кузев беше роден во селото Мрежичко, Кавадаречко, од каде што потекнува и неговиот татко Стојан, додека мајка му Кита била  од Воденско, во Беломорска Македонија. Тој одраснал во Горна Бошава, Кавадаречко, каде што и го завршил осумгодишното училиште. По војната се запишал во Медицинското училиште во Битола, за потоа да се префрли во Шумарското училиште во Скопје. По завршувањето на Шумарското училиште, се здобил со знаење од дрводелството и шумарството. Работел како магационер во Кавадарци и како столар во Ѓорче Петров.

Иселеничката приказна на Јован Кузев започнала во 1966 година, кога  заедно со својот животен сопатник Дана, која потекнува од преспанското печалбарско село Подмочани, заминува за Франција, од каде што по две години стасува на канадската почва и се населува во бисерот на Канада – Торонто. Во новата средина работел на разни места и со разни занимања, но најмногу како дрводелец, а Дана како шивачка.

Од 1972 година, Јован (Ване) и Дана  го отовориле дуќанот за стакло под име „Кавадар јунајтед глас инкорпорејшн”, кој подоцна прераснува во фабрика за стакло и алуминиумски производи, за кои имаат добиено бројни пофалби и признанија. Таа канадско-македонска фабрика, како често ја нарекуваа имаше значајни зделки и соработки со бројни фирми во Македонија, особено со поранешна тогашна  „Алумина” од Скопје.

Џан Кузев беше бизнисменот кој успеа прв да го донесе и регуларно да се продава македонското вино во државните дуќани за алкохол во Канада. Но, се чини, најважно од сè беше тоа што Џан беше честит граѓанин, пријатен соговорник, гостопримлив, имаше македонски и канадски манири и навики во бизнисот, а беше вљубеник и поддржувач на сè што е македонско.

Ваквиот патриотки однос на брачната двојка Кузеви се покажа и  докажа во текот на нивниот бизнис во работните простории до самата фабрика на авенијата „Мидланд”. Тоа беше место на средби и разделби и свратилиште на бројни посетители од стариот крај и од македонската колонија во Торонто, најголемата и најзначајна метропола на провинцијата Онтарио.

Затоа, голем број дојденци и случајни намерници од сите делови на Македонија кога пристигнуваа во Торонто, задолжително ја посетуваа фирмата „Јунајтед глас”, чии сопственици беа Џон (Ване) и Дана Кузеви. Потоа нивната македонска куќа во Скарборо стана дом на пензионери и место за средби и другарувања.

Покрај бизнисот Џан Кузев беше дарител на поголеми парични и материјални средства за македонските православни цркви, организации, радио и телевизиски часови, како и весници што се печатат на македонски јазик во Торонто. Тој беше активен во општественото живеење на македонската колонијаво Торонто, а беше  член и во управите на МПЦ „Свети Илија” во Мисисага и на „Свети Климент Охридски” во Торонто, каде беше и претседател на црковната управа. Како пензионер беше активен член и посетител и на македонските православни цркви „Свети Димитрија” во Маркам и на „Света Недела” во Аиџекс.

Фирмата „Кавадар импорт”, чиј сопственик беше Џан Кузев, имаше ексклузивно право да увезува македонски вина и алкохолни пијалоци во Канада. Тој беше единствениот кој успеа „Кратошија” и други вина да станат дел од големото семејство вина во Канада. Од почетокот на формирањето на фирмата, Џан беше претседател на таа увозна корпорација која, поради воените состојби на бившите југословенски простори, имаше застој во увозот на македонското вино подолг период. Меѓутоа, со осамостојувањето на Република Македонија, тој канал меѓу Кавадарци и Торонто се отвори и во специјализираните канадски дуќани за алкохолни пијалоци повторно пристигнаа поголеми количини македонски вина

Во врска со купувањето на македонските вина и жестоките пијалоци, Џан ја посетил Република  Македонија многу пати, при што склучувал нови договори. Така, тој ги посетуваше  винарските визби во Кавадарци, Неготино, Охрид, Демир Капија, Ѓевгелија и во други градови, бидејќи беше заинтересиран за пласман на поголем број македонски вина и алкохолни пијалоци во Канада, каде што државата строго ги контролира и е многу тешко да се пробијат туѓи вина и алкохолни пијалоци на богатите трпези во Канада.

Џан (Ване) Кузев почина на 22 мај 2022 година во Торонто, каде и му е неговото вечно почивалиште. Погребните православни церемонии беа извршени во соборниот храм на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, каде му беше оддадена голема почит на познатиот Македонец и голем хуманист и донатор во Македонската заедница во Канада, Џан (Ване) Кузев.

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top