Дијаспора

ЖИВОТНАТА СТОРИЈА НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО (1)

1ka1

1kni1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО 

Автобиографијата „Сеќавања” на Дана Скендова-Скотланд, е огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност,  дел од нејзините лични и семејни постигнување, како и дел од иднината на  нејзиното семејство. Тоа е дело на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје во 2015 година, на 220 страници, на англиски и македонски јазик, а го прведе и подготви за печат Славе Катин. 

Во вовеведот на монографијата, меѓу другото, се вели декаживотната приказна на семејството Скендови започнала во познатото револуционерно село Неволјани, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени или имаат потекло плејада македонски интелектуалци, револуционери, бизнисмени и други  кои се бореле и ден-денес се борат за афирмација на македонските идеали и кои постигнале видни резултати на повеќе полиња.

Животот на Дана Скендова-Скотланд, пак, започнал во Битола во 1944 година, во градот на конзулите и градот на културата и образованието, за потоа во 1952 година заедно со родителите да замине во Канада каде што живее и денес. Од родната Македонија таа го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа каде и да живее, на кој и да е дел на земјата.

Нема поблагородна работа од чувството да се осветли историската вистина за едно семејство, за една Македонка и нејзиното поколение како што е Дана Скендова-Скот ланд. Проникнувањето во семејните и индивидуалните хоризонти на семејството Скендови и на Дана ја откриваат сликата за судбината на Македонците од библлиска Македонија, особено за прогонетите од своите дедовски огништа, од егејскиот дел на Македонија.

Судбината на семејството Скендови била да ја напушти Македонија во немир- ните времиња исполнети со прогони, не правди, страв и сè она што може да го донесе војната и недемократските системи. Патот ги однел на повеќе балкански простори, за на крајот да се преселат и да го почнат својот живот во Канада, каде Дана со своето семејство живее повеќе од педесет години. Меѓутоа, иако ова доблесно семејство живее во демократска Канада, нивната втора татковина, тоа остана доследно на својата вековна македонска на- ционална припадност и на своите дедовски корени во Македонија.

Со право може да се каже дека членовите на семејството Скендови се големи приврзаници и почитувачи на нивната втора татковина – демократска Канада и родната Македонија, затоа без сомнение може да се потенцира дека семејството претставува еден вид мост меѓу Македонија и Канада. Сето тоа се потврдува со зборовите на Дана дека треба човек да се бори за својата иднина, да ги чува и негува семејните оби- чаи, традициите, религијата, мајчиниот јазик, културата и сите други придобивки, со цел да остави трајни белези за идните гене- рации, кои треба да ги продолжат древни- те македонски вредности.

Животната приказна на Дана Скендова-Скотланд , истовремено, е еден вид сторија и историска вистина за Македонија, а преку неа и на македонското иселеништво. Со оваа автобиографија за нејзиниот живо- тен пат, сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на една скромна иселеничка која е на распетие меѓу Македонија и Канада. Со тоа значењето на оваа автобиографија ги надминува рамките на обично дело за животот на едно македонско семејство надвор од Македонија. Иселеничката приказна за Дана и за нејзиното семејство Скендови е и иста и единствена и слична и идентична и различна со судбин ските патешествија на бројни Македонци кои талкаат по светот.

Инаку, автобиографијата на Дана Скендова – Скотланд, претставува огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнувања, како и дел од иднината на нејзиното семејство. Затоа може да се каже дека со оваа автобиографија во крат ки црти се проектира еден дел од македонската историја. Таа е интересна и претставува вечно дело на едно скромно македонско семејство од Егејска Македонија.

1kni13

Во оваа книга е даден дел од сликата за Дана и нејзиното семејство Скендови, младото поколение, нејзиниот сопруг Блер Скотланд, нивната животна приказна и судбина, нивниот заеднички живот и постигнувања на секој план. Во автобиографското дело, на многу интересен, наративен начин, на англиски и на македонски јазик се презентирани историскиот, животниот, се- мејниот, иселеничкиот и творечкиот опус, пред сè на Дана Скендова – Скотланд.

Таа, покрај тоа што е вљубеник во Торонто, во канадскиот живот, демократските процеси и слободи, таа е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор, во ма- кедонското духовно живеење и македонската заедница. Истовремено со своето скромно поетско постигнување е позната, докажана и призната во македонската заедница во Торонто, особено преку Лите ратурното друштво „Браќа Миладиновци“ што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Во автобиографијата на Дана Скендова-Скотланд се прави обид да се фрли светлина врз нејзиниот животен пат. Трудот е компониран во неколку дела, во кои секој има по повеќе глави, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина, иако во основа тие меѓусебно се надоврзуваат и се дополнуваат. Во делото се поместени голем број фотографии и други материјали кои треба да придонесат за поцелосно запознавање на нејзината многустрана значајна личност. Дана прави обид да ги прикаже позначајните моменти од нејзиниот живот и дело на еден наративен начин со обични раскажувачки манири.

За авторот на овие редови. Славе Катин од посебно значење е и еден друг факт. Тоа е познан- ството, пријателскиот однос и добрите релации на нашите родители од пред педесетина години до денес. Затоа и мојата лична благодарност кон Дана и нејзиното семејство за укажаното внимание и чест да ја уредам, преведам и отпечатам оваа значајна автобиографија, дело со дел од интересната животна сторија на Дана Скендова-Скотланд и нејзиното семејство, која се чита во еден здив.

Затоа со задоволство на сите читатели ја препорачувам Автобиографијата на Дана Скендова-Скотланд, бидејќи книгата не е само откинат дел од вистината за нејзиниот живот и постигнувања, туку таа е и збир на факти, искажувања и придонес на авторката кон пишаниот збор. Притоа, пораката на делото е тоа нека биде поттик на идните генерации, без разлика каде се наоѓаат, да не ги забораваат корените на прадедовската земја, да бидат продолжувачи на љубовта кон родниот крај, дедовските корени, јазик, црква, култура, обичај, верувања, со што ќе бидат чувари на македонската вистина и дедовската земја Македонија.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top