Дијаспора

ИЛИНДЕН е нашето минато, сегашност и иднина

1ilin1

1ilin1 

                                       (Резолуција од Дијаспората)

                                             Сиднеј, 29 јули 2022

Минатиот петок, 29 јули, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во истоимената библиотека преку поезија посветена на Илинден и Македонија пригодно ја одбележа 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од АСНОМ.

Повеќе членови на Друштвото се преставија со своја поезија со која се искажа љубовта кон Македонија и кон сето она што се има постигнато со Илинденците кои го дадоа животот да се формира Република Македонија за да можеме денес слободно да се гордееме со македонската историја, јазик и нација.

После поезијата следеше дебата за сето она што се случува во Македонија, посебно за барањата на фашистичка Бугарија и предавничката политика на владејачката СДСМ, која им подлегнува на француските барања и уцени за промена на уставот, бришење на македонската историја, јазик и идентитет – потпишување на смртната казна за Македонците и Македонија.

Посебно присутните ја осудија владата на Република Македонија предводена од премиерот Ковачевски кој ја манипулира и потценува македонската јавност и ги одобрува нацистичките тенденции на Европската заедница. Со тоа уште еднаш се покажа дека СДСМ во коалиција со ДУИ се најголемите непријатели на македонскиот народ.

На крајот од средбата присутните ја донесоа следната резолуција:

                                                 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

„Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и Македонците од Австралија и Дијаспората сме крајно разочарани од минатата и сегашната коалициона влада во Република Македонија која се покажа дека е составена од терористи и улични криминалци кои немаат никаква национална свест или пак човечка совест.

Немаат никаква почит кон себе ниту пак кон другите и затоа не ги бранат националните интереси на македонскиот народ. Им подлегнува на повампирените фашистички влади (од оние истите држави кои ја распарчија Македонија) со надеж дека Македонија ќе биде примена во некаква европска заедница.

Со Преспанскиот договор ништо не се постигна, а најмалку ќе се постигне со менување на уставот за задоволување апетитите на Фашистичка Бугарија – сите вакви потези водат кон тотално уништување на македонската нација и држава.

Во Австралија на минатогодишниот попис се декларираа над 111,000 Македонци, а уште толку има во Америка и Канада и многу повеќе во западна Европа. Надвор од Македонија делуваат над 80 црковни општини и стотина други спортски клубови, асоцијации и друштва. Вие не направивте ни најмал обид да стапите во контакт со истите, да се консултирате, да го слушнете нивното мислење и сугестии. Од вашите уништувачки потези се гледа дека тотално ги заборавивте Македонците во Егејскиот, Пиринскиот и Преспанскиот дел на Македонија кои немаат никакви човекови права, јазикот и културата им е забранета, историјата уништена“.

                                                           РЕЗОЛУЦИЈА

„Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и Македонците од Австралија и Дијаспората остро ја осудуваме владата на Република Македонија која е на пат кон уништување на македонската државност и нација. Менувањето на уставот и следење договори на предавство  ќе има негативни и застрашувачки последици за Македонија поради тоа што со вакви измени се распродава идентитетот, историјата, јазикот и државата. Ние бараме да се прекинат какви и да било договарања со Бугарија и Европската заедница и да се прејде кон заштита на македонскиот јазик и култура во Република Македонија и поробените делови на Македонија“.

1ili2

Од членовите на Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“

Душан Ристевски

(Претседател)

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top