Дијаспора

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА ДАНА СКЕНДОВА СО НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ БЛЕР СКОТЛАНД (14)

1ski1

1ski1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

Дана Скендова-Скотланд кажано и следното:   Блер и јас решивме дека сакаме да ги подобриме нашите јазични вештини, а ние двајцата учевме француски јазик во средно училиште и навистина јазиците добро ни одеа, па така две години одевме во вечерно училиште и го завршивме Курсот по конверзација на француски јазик каде што учевме француски и ја совладавме конверзацијата. За жал, во нашиот секојдневен живот немаше многу прилики да го користиме францускиот јазик.

Ние имавме голем број пријатели и богат социјален живот, одевме на многу вечери, банкети и игранки со нашите пријатели, главно во Македонската заедница. во лето ние исто така уживавме да одиме на пикници, особено на Илинденскиот пикник и Неволјанските пикници, а едно време имаше два Неволјанскии пикници, еден во јуни и еден во август.

Кога почнаа да се организираат Црковно-народните собири во 1974 година, тие се одржуваа за време на продолжениот викенд за Денот на трудот, секој прв викенд во септември. Ние почнавме да одиме секоја година во различни градови каде што тие се одржуваа, и во Канада и во Соединетите Американски Држави. Во 1980-те години девојчињата исто така одеа и играа со ансамблот Ма- кедонка кога сите играорни групи имаа настап во саботната вечер во текот на викендот.

Ние исто така одевме во разни градови на отворањето на нови македонски православни цркви. Тоа не беа само верски, туку исто така и социјални настани каде што одевме со нашите пријатели од Торонто, а исто така на овие собири стекнувавме и многу нови пријатели.

На 1 март секоја година (или 14 март според стариот календар), јас им ставав на Сузан и Дена

„мартинка“, што всушност претставува црвен и бел волнен конец испреплетени и врзани на рач- ниот зглоб, и тоа се носи повеќе како нараквица во текот на месец март. Тоа е традиција од ста- рата татковина со која што се слави почетокот на пролетта, новиот живот, доброто здравје и просперитетот. На крајот на месецот „мартинката“ се вади.

Тогаш оној кој што ја носи си замислува желба и потоа ја фрла на некое дрво или на грмушка за да ја најдат птиците и да ја земат за да си направат гнездо. Јас го продолжив овој обичај со моите внуци, но со текот на годи- ните, како што тие растеа само неколкумина од нив продолжија да ја носат.

Она што е интересно да се спомне е дека, пред неколку години ние имавме птичје гнездо над нашата веранда и јас се изненадив кога видов дека еден црвено-бел волнен конец е дел од гнездото. Направив многу слики кои што подоцна им ги покажував на моите пријатели кои сега се големи верници.

Кога девојчињата беа мали, ние го славевме Велигден со традиционални вечери во домот на моите родители, но како што тие станаа возрасни, а семејството се зголеми, Блер и јас почнав- ме да организираме Велигденска вечера. Мене ми причинуваше посебно задоволство секоја година да ја поставувам свечената велигденска трпеза на која што секогаш имаше велигденски украси со цвеќиња, вапцани велигденски јајца и велигденско лебче (козинак), за чија подготовка јас набргу се усовршив со помош на мојата мајка која што беше одличен пекар. Со раѓањето на нашите внуци, ние почнавме со нова традиција, потрага по велигденското јајце во нашиот двор со разнобојни корпи и голем број скриени бонбони.

Покрај ручекот и огромните чоколадни велигденски зајчиња, тоа набргу стана главниот настан на денот и момчињата со нетрпение истрчуваа надвор во потрага по бонбони. За најмалите момчиња кои што не беа доволно брзи за да ги најдат скриените слатки, ние секогаш имавме резервни така што секој добиваше ист број слатки во својата корпа.

Тоа стана наша долгогодишна традиција сѐ додека тие не пораснаа и сега тие добиваат само Линд чоколадно зајче. Се разбира, сѐ уште се кршиме со вапцани јајца и сите, и младите и старите, даваат сѐ од себе за да го имаат победничкото јајце кое што останува нескршено. Сепак, тешко беше да се закажат ручеците заради променливите стилови на живеење и пренатрупаните работни распореди. Се надевам дека ние можеме да продолжиме да го славиме Велигден како семејство бидејќи тоа е најважниот верски и најзначајниот празник во нашата православна вера.

1ski12

Во Канада ние го славиме Денот на благодарноста кој што се слави вториот викенд во месец октомври, во понеделникот, на Денот на благодарноста, кога семејството и пријателите се собираат за ручек во знак на благодарност што можеме да бидеме заедно и благодарност на Господа за нашата храна и добро здравје. Шкотското семејство го славеше Денот на благодар- носта заедно со нас во нашиот дом, дури и откако нашите деца се венчаа и подоцна со нашите внуци. Ние, исто така, ги каневме и нашите роднини, а понекогаш и нашите пријатели.

Традиционално на тој ден за ручек се служи печена мисирка но во денешно време, на ручекот често се служат многу мезиња, шунка, печено говедско месо и многу други македонски специјалитети, и секако „зелник и вртена пита“. Откако Сузан и Дена се омажија, секоја од нив учествуваше во подготовката на ручекот. Дена секогаш нѐ изненадуваше со специјални алкохолни пијалаци и ни правеше егзотични пијалаци, додека Сузана, која што е одличен пекар, ги носеше нејзините славни пити со тиква и јаболка.

Откако девојките се омажија и добија свои деца, неколку недели пред Божиќ ние органи- зиравме Божиќна закуска со нашето семејство кога имавме гала појадок организиран како шведска маса кој што Блер и јас го подготвувавме наутро.

Дедо Блер секого го поздравуваше со „ХоХоХо“ и ја носеше неговата специјална капа на Дедо Мраз која што свиреше и на неа имаше сијалички кои што светеа.

За секој од внуците има Божиќни чорапчиња со мотиви од цртаните филмови под дрвото кои што беа наполнети со предмети купени специјално за секое дете. По појадокот беше време Дедо Мраз, кој што се разбира беше дедо Блер, да ги подели чорапите на секое дете. Ние обо- жававме да го гледаме одушевениот израз на нивните лица кога ги отвораа нивните чорапи во кои што имаше видео ленти, книги, слатки, посебни божиќни украси и многу други индиви- дуализирани подароци.

Нашиот најомилен подарок за купување беше вообичаената желба на нашиот внук Томи кој што секогаш бараше една иста работа секоја година, бело гумено глувче со многу долг опаш, кое што тој се чини дека во меѓувреме ќе го изгуби. Беше многу смешно нашето изненадување што секогаш глувчето можевме да го најдеме и да го купиме во една специјализирана образовна продавница наречена „Моето надарено дете“.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top