Дијаспора

ДАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД БИЛЕ МАКЕДОНЦИ ИЛИ АНТИЧКИ ГРЦИ? (2)

2efr22

2efr22

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА   МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА

Првиот дел од  публикацијата „Вистината за Македонија“ е насловен како „Краток преглед од историјата на Македонија во античкиот период важен за Македонците денес“. Во него е помесместен текстот за потеклото на атичките Македонци, во кои, меѓу другото се вели:

Во раната историја, Македонија во античкиот период се викала Ематиа со главен град Ематион кој се наоѓал во близина на Егејското Море. Заедно со организираните македонски народи живееле и Епироти, Илирци, Ботејци и Тракијски племиња. Исто така, во близина во местото Пиерија кое се протегало од планината Олимп (место на живеење на античките македонски богови), па до Паеониа место кое се протегало околу реката Аксиус денешен Вардар, па сè до реката Струма и излегувало на Егејското Море. Највисокатa планина Олимп припаѓалa во територијата на Македонија.

Полуостровот Халкидики бил населен со племињата; Мигдони, Едони и Ситони кои по извесно време се обединиле и го формирале градот Олинт и Олинтската лига.

На југ, реката Пенеј ја одделувала Македонија од Тесалија и Магнезија. А на север се протегала до реките Халиакмон (Бистрица), и Еригон (Црна Река) на исток до реката Аксиус (Вардар) каде се граничела со Линкесдида (Хераклеја) денешна Битола, Епир,Пелагонија и Пеонија. На исток до реката Струма а на југ кај заливот Терми,  Македонија излегувала на Егејското Море, место кое се нарекувало Пиериа.

Македонија во античкиот период била зголемена и обединета со припојувањето со кралствата на Елимиотите, на север со Орестидите и Линкестидите на северозапад со народот околу езерото Лихнида (Охридско Езеро) и на североисток со Паонија (околу денешен Велес). Значи, Македонија се граничелa  со Епир, Илирија на запад и Тракија на исток.

Македонија во античкиот период била монархија, во која владееле кралеви пред времето на Александар и Филип па и после нив. Жителите се занимавале најмногу со земјоделство, сточарство, одгледување коњи, кози и најмногу овци на номадски начин. Македонија била многу богата со дрво за градежен материјал кој бил претежно извезуван во античка Грција за изградба на бродови и многу од жителите работеле во руд ниците на злато, бакар, сребро и железо.

Тоа не било лесно за Македонците во античкиот период кои повеќе пати биле ограбувани, покорувани со војни од соседите, а најмногу од Илирите. Со овије напади од Илирскиот Крал Бардалис, Македонците претрпувале големи злосторства, загуби и убиства на 4000 македонски војници, население и каде бил убиен братот на Филип, Пердика, а Филип бил тешко ранет.

Со доаѓањето на Филип II, Македонија почнала да напредува на сите полиња на животот. Со интензивниот воен тренинг и дисциплина со новите врсти на воени оружја како каменофрлачи и долгото копје (сариса), Филиповата војска ста-нала значаен фактор во војувањето. Кога илирскиот крал Бардалис им објавил друга војна на Македонците, двете војски се судриле кај денешна Пелагонија помеѓу денешен Лерин и Битола.

2efr223 Пела

Овој пат македонските војски на чело со кралот Филип му нанеле катастрофални загуби на Илирите каде имало убиени повеќе од 7.000 илирски војници и многу заробени кои биле приморани да работат во рудниците во Македонија (Peter Green – Alexander of Мacedon 1970 and Еugene N.Borza 1990). По оваа добиена битка Македонија била на почетокот од стабилноста и растот како воена сила на Балканот. Филип станал еден од најдоминантните војсководители над сите околни народи. Големиот антички грчки оратор Демостен постојано ги советувал Атињаните и нивните сојузници за опасноста од Филип, да бидат многу претпазливи, затоа што античките Грците брзо би паднале под македонска тиранија. Исто така, пред војната со Илирите, Македонците претрпеле еден голем пораз од Тева каде Филип бил предаден како заробеник.

Сите овие големи и трагични порази престанале со доаѓањето на Филип и Александар каде војните и поразите станале чести појави кај нивните вечни соседи и непријатели.

ПОТЕКЛО НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА

Македонија го добила името од митската легенда за богот Зевс, кој со ќерката на Декалион Теа, добил два сина, Македон и Магнес. Така, Македонија го добила своето име по синот на Зевс и Теа, Македон. Постојат и други верувања за името на античка Македонија како, на пример:

Македонците кои живееле во планинските територии и во плодородните полиња, со многу реки и чиста вода, жителите биле големи, високи, силни, горостасни, создадени спрема природните услови и обилната здрава храна и биле нарекувани Македонс (Македонци).

Исто така, името Македонија може да потекнува и од евроиндискиот народ кој се населувал на Балканот околу 2000 година пред новата ера. Македонците не биле од античко грчко потекло и имале посебен македонски говорен јазик кој се нарекувал коине или пелазгиски јазик.

Херодот во својата историја, ги прикажувал Македонците како грчки народи затоа што името Аргиди му звучело многу слично со Аргос, град во Пелопонез, каде била сместена силната кралска фамилија Темениди и од каде потекнувал Херакле. (R.Мalkolm Errington, 1993.)

Според Хесоид, за грчки народи биле сметани само народите кои потекнувале од Даекалион и Пиррха. Тие имале син по име Хелен од кој потекнуваат сите Хелени – Грци. Синовите на Хелен биле Дорус, Aелос и Ксутус а овие имале синови по име Јон и Ахеус. Така, грчките народи се нарекувале како: Дорианци, Еолци, Ахианци и Јонци.Како што гледаме од оваа митска приказна не се споменуваат Mакедонски народи.

Овие историски митолошки факти на славниот антички историчар Херодот денес немаат ло- гика ако се земе предвид географската оддалеченост од Аргос во Пелопонез па сè до Македонија (Воден, Еѓе, Бер и Пела).

Исто така, и случајот со кралот Александар I и неговото учество на Олимпијадата во Грција. Тој како силен и голем спортист имал желба да се натпреварува на Олимпијадата која се одржувала во античка Грција. Александар I бил седма генерација од македонската Аргидска династија. Но организаторите не му дозволиле да учествува затоа што тој не бил од грчко потомство и дека Олимпијадата е само за античките Грци. Кралот Александар I, морал да се докажува и да ги убедува организаторите дека неговите предци се со потекло од Аргос од Пелопонез и по тоа тој е Грк.

Тогаш организаторите поверувале на тврдењето на Александар I при што му било дозволено да учеству- ва на Олимпијадата каде и победил. После оваа Олимпијада Александар бил нарекуван Филхелен. Овој прекар им се давал само на оние кои не се антички Грци по род а се љубители на Грција и Грците.

После сите случувања Александар I бил познат и како човек со нестабилен карактер. Тој играл двојна улога, некогаш се претставувал дека бил антички Грк а некогаш бил со Персијците кои биле најголеми грчки непријатели.

Всушност, неговото потекло било од истоимениот град Аргос, од династијата Аргиди од Орестикон кај денешен Костур во Македонија. (Антоние Шкокљев-Балканот и Македонија, Мalkolm Еrrington, page 2 и на страницата за географскиа карта на Балканот, Richard Gabriel- Тhe Madness of Alexander The Great- notes, Еugene Borza – Оrigen of Мacedonian Royal House).

Продолжува 

1sla2 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top