Дијаспора

АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ ВО ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА (4)

1kr11

1kr11

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА   МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА

Во Македонија во античкиот период кралот го викале по име, секој можел да зборува со кралот но требало да ја извади капата, ако носел. Кралот немал специјална служба за храна. Тоа го правеле сопругите со лична рачна работа. 

Сите жители во државата биле Македонци во античкиот период без разлика на верата и националноста. Така што жителите од освоените држави автоматски станувале Македонци, со тоа што тие имале полно право да си го задржат нивниот јазик, вера и култура. Тоа не било така во Атина и државите градови. Само ако е граѓанин по род и крв може да биде граѓанин во тие Градови држави.

Така, Македонија во античкиот период била единствена држава во Европа со развиен национален идентитет и формирана држава со граници, влада, монархиско уредување, комплетна администрација и функционален закон.

Во македонската администрација во античкиот период, во судовите и војската се употребувал само македонски јазик. Во школата на Аристотел, исто така, се учело на македонски јазик. Тоа не било проблем за учителот Аристотел затоа што и тој бил Македонец и живеел во Пела.

Александар Велики и неговиот татко Филип и ако имале симпатии кон античката грчка култура тие биле Македонци, војската и генералите биле Македонци и ширеле македонска култура каде и да биле и ја создале најголемата Македонска Империја на сите времиња.

Друга историска верзија според римскиот историчар Јустан, првиот основач на Македонија бил Каран кој се населил од Аргос–Орестикон, денешен град Рупишта близу денешен Костур со неговото стадо кози во денешен Воден (Едеса) и го нарекол Еѓе што значело кози. Ова место околу денешна Едеса (Воден) било богато, се одгледувало секакво овошје и житарици, имало плодна почва и го нарекувале Градината на Мида. Овде Аристотел Македонецот и еден од најголемите филозофи и научник на сите времиња ја отворил неговата школа. Овде се школувал Александар и сите негови другари како Птоломеј, Филота, Хефастион, Кратер и други кои подоцна станале едни од најверните генерали во неговата војска.

Од овие историски факти и денешните археолошки артефакти со сигурност може да се заклучи следното:

Оригиналното место на живеење на династијата Аргиди, било точно во Еѓе, денешна Вергина, каде се пронајдени и голем број на гробници и артефакти со симболот на сонцето изгравирано на капакот од погребниот златен ковчег од погребните остатоци на Филип II. Е. Борза.

Желбата на големиот антички историчар Херодот да ги поврзе Македонци со античките грчки народи во време на елинизацијата запишал и друга верзија во која кажува да грчките и македонските народи потекнуваат од еден ист народ Пелазги и Бриги со што разликата била – Пелазгите кои живееле на југ, развиле напредни културни навики од Пелазгите кои биле населени на северните планински делови кои се занимавале, претежно, со сточарство и земјоделство. Според Херодот, тоа било природно ако се земе предвид околината каде живееле северните Пелазги – Македонците. Исто така и Пелазгите од северниот дел развиле друг дијалект неразбирлив за Елините (Грците).

Со денешните светски археолошки артефакти, пронајдоци и испитувања, со сигурност може да се донесе солиден заклучок во врска со јасните разлики кои биле помеѓу Македонци и античките Грци. Во однос на етникумот, тие биле различни во културата, јазикот и религиозните обичаи. Македонците ги славеле најповеќе Олимписките богови како Зевс, Херакле, Дионис, Аполо, Деметра и близнаците Кастор и Полидакес.

Иako Филип II и Александар III ја сакале и почитувале античката грчка култура тие секогаш биле свесни дека тие по ништо не се чувствувале како антички Грци и дека тие и нивниот народ се Македонци.

Во денешно време многу грчки националистички настроени историчари и политичари со политички цели постојано пласираат теории во светската јавност како Македонците биле антички Грци по род и по секоја цена издаваат разни книги, брошури ширејќи ги нивните невистини по разни симпозиуми и конференции, докажувајќи дека Македонците се Грци и Македонија е грчка.

Како едни од тие кои ширеле невистини се наведуваат Власидис и Каракостаноглоу на Шестата меѓународна конференција за Македонија во античкиот период во 1996 година во Северна Америка.

Во врска со античката македонска историја ќе ви помогнат следните автори; Tritle 1998, Danforth 1995, Borza 1990, Hoffmann 1906, Hammond 1994.

1kr112

Во времето на IV век пред нашата ера територијата на Македонија била населена со еден од најважните народи за западната цивилизација и историја, тоа биле античките Македонци. (Richard A. Billows – Before & After Alexander – The Legend and Legacy of Alexander the Great).

Со убиството на Филип II во 336 година пред новата ера античката грчка цивилизација и култура почнала драстично да опаѓа а се појавува една нова и најважна цивилизација за Европа, па и за целиот западен свет, тоа била македонската  цивилизација. Подолу ќе наведам неколку факти    кои се познати на пошироката јавност.

На почетокот од основањето на античката македонска  цивилизација Македонците не можеле да бидат сојузници во младата Коринтска лига (градови и држави) затоа што тие не биле сметани за грчки народ, тие биле варвари луѓе кои живееле во калливи мочуришта околу езерото кај денешна Јанина. Од оваа гледна точка Македонците не се антички  Грци по род.

За античките Грци и големиот грчки оратор Демостен, Македонците во античкиот период биле варвари нeкултурни и назадни племиња со наразбирлив јазик за Грците. Тоа може да се види во неговите говори на омраза та канаречени филипики.

И во тој аспект Демостен изгледа бил во право. Македонците не биле антички Грци, како народ, со својата култура и јазикот (говорот) биле различни од Елините (Грците). Македонците никогаш не се сметале за антички Грци, исто така, и античките Грци не ги сметале античките Македонци заантички Грци.

Кратко време по воената победа на Филип и младиот Александар над античките грчки војски кај местото Коронеа во близина на Атина, Филип ја основал Коринтската лига и тој бил прогласен за хегемон на сите окупирани Грци и останатите народи. Но омразата меѓу Грците и Македонците во античкиот период била толку голема така што повеќе од околу 60.000 грчки платеници војувале и загинале борејќи се против Филиповите и Александровите војски на страната на персиската војска. Како Персиски советник бил тогашниот познат антички грчки генерал, Мемнон, кој практикувал горење на сè, пред да пристигнат македонските војски.

Се поставува прашањето од кои причини Александар убил повеќе антички грчки војници во еден ден него што анричките Грци изгубиле во сите војни против персијанците кај местото Маратон, Термопиле, Саламис и Платеа.(Richard Gabriel – Тhe Мadness of Аlexander the Great page 89.)

Продолжува 

1sla2 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top