Дијаспора

ДЕЛ ОД ЕВРЕЈСКО – МАКЕДОНСКА СУДБИНА (38)

1iz1

1park123456

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

И покрај бројните историски контроверзии за вистинските аргументи, факти, документи, фалсификати и што ли уште не за Израел и Македонија, за еврејскиот и македонскиот народ од бројни автори, во ова дело се пренесени историските факти кои се познати и ја даваат вистинската слика на минатото и сегашноста на овие две судбински поврзани земји и народи.

Така, според пишаните документи секој жител на Израел знае дека е директен потомок на еврејскиот народ кој постои откако ја примил Тората (основен текст на јудаизмот) на планината Синај. Според овој мит, Евреите побегнале од Египет и се населиле во Ветената земја, каде што Давид и Соломон го изградиле славното кралство кое подоцна се поделило во кралствата Јудеја и Израел. Двапати биле во прогонство: по уривањето на Првиот храм, во VI век пр.н.е., и по уривањето на Вториот храм, во 70 година од н.е.

Исто така, се знае дека во двете илјади години скитање ги довело Евреите во Јемен, Мароко, Шпанија, Германија, Полска, во Русија, САД, Канада и други земји во светот. Но, ако им се верува на приказните, тие секогаш успевале да ги зачуваат крвните врски со раштрканите заедници. Нивната уникатност секогаш останувала зачувана.

Кон крајот на XIX век почнале да се стекнуваат поволни услови за нивно враќање во древната татковина. Да не се случел нацистичкиот геноцид, милиони Евреи би го исполниле сонот стар дваесет века и повторно би го населиле „Ерец Израел“, библиската земја Израел. Девствената Палестина ги чекала своите првобитни жители да се вратат и да ја разбудат од сонот.

Меѓутоа, овој пат ќе се задржиме на непосредниот повод за публикацијата „Израел и Македонија“. Тоа е повторното отворање на „македонското прашање“ како завереничка концепција на историјата, која не се симнува од дневно-политичката светска сцена веќе 2.500 години, нарушувајќи ги меѓународните односи на овој многу чувствителен простор на Европа – Балканот.

Истражувањата на овој план, како и текстовите за „Светата земја“ и репортажите од посетата на авторот на оваа книга на Израел Славе Катин имаат за цел да придонесат за согледување на историската вистина за автохтоноста на македонскиот народ, неговиот национален идентитет и континуитет, како оној на еврејскиот народ, за придонесот на Македонија и Израел во светската цивилизација, но и за Евреите и Македонците и спротивставувањето на историските злоупотреби на македонското и еврејското прашање.

Делото „Израел и Македонија“  особено е посветено на Македонија и Македонците, односно на прашањето дали издвоените политички ентитети имаат исклучително право на монопол над историското наследство, односно дали денешните млади генерации, родени и израснати во сите политички конфронтирани дела на Македонија, се одраснати и воспитани со убедување дека Македонците немаат доволно сознанија за историскиот факт дека се делови од еден народ и од една земја која се нарекува Македонија.

Како да бидат убедени денешните Грци, чии предци на Балканот дошле во XI век пр.н.е. без ова име, туку дошле како Дорци (Херодот, I, 56), а името не го добиле ни 800 години подоцна во Хомеровата „Илијада“, во VII век пр.н.е.,туку како Ахајци, Аогејци или Данајци, а подоцна како Хелени, Греки или Ромеји (Мпампиниотис, 1998, 596).

Како да се сфати тоа што името Македонија не е најтесно поврзано со она што некои современи историчари погрешно го нарекувале „елинизам“. Елините првпат во својата вековна историја, административно го освоиле јужниот дел на Македонија дури по Првата балканска војна во 1912 година, односно во 1913 година (Букурешки договор, 13 август 1913 година).

Или како да се задоволат денешните Македонци, кои, исто така, не го „колонизирале“ Балканот со сопственото име, во VI век од н.е., дека во својот автономен процес на развојот, географскиот поим Македонија постепено го прифаќале како знак на национална припадност и создавање македонска национална свест? Што со староседелците во Македонија, со потомците на најголемата светска империја на Александар Македонски итн.? 

Значи во прашање е процесот на етнонимите. Се работи за еден сложен проблем, кој во македонскиот случај има драматичен карактер и претставува предизвик кој долго ќе биде експлоатиран за да се докаже овој или оној карактер на Македонија, т.е. за да се дефинира македонската нација.

Значајно е да се нагласи дека поради подобро согледување на проблемот и наследникот на традиционалната македонска култура и наследството воопшто, бројни истражувања и анализи го опфаќаат прво периодот од прастарите времиња на праисторијата на Јужниот Балкан. Тие ја следат огромната улога на домородците и палеобалканската, односно „егејската култура“ на овој простор, селидбата на Елините – Ахајците со развојот на микенската држава и миграцијата на Дорците.

Потоа следи историјата на античка Македонија, македонската окупација на Елада и создавањето Македонска светска Империја и нејзиниот придонес во светската цивилизација, улогата на палеобалканскиот јазик во формирањето на старогрчкиот јазик, македонскиот или Александровиот „коине“, кој денес е основа на официјалниот јазик во Грција и друго.

Интересна е судбината на македонскиот свет под владеењето на Рим и Византија во различни периоди со улогата на македонската династија и Александровиот „коине“ јазик, миграцијата на Словените и создавањето на Самуиловото Царство, словенскиот јазик и писменост, како и културниот придонес на македонските Словени во светското наследство. Многу е интересна отоманската окупација на Македонија и нејзиниот период со преродбата на Македонија.

Инаку, примарните извори за проучување на древната историја на Македонија, претежно се од грчко, потоа од римско потекло, иако во последно време многу историографи покажуваат сè поголем интерес за оваа материја. Благодарејќи на придобивките кои елинската цивилизација ги наследила од претходните култури (палеобалканската, вавилонската, египетската, хетитската, егејската, критската и пелашката), употребата на писмата и доведувањето на Македонија на чело на европскиот културен свет, многу моменти од праисторијата се осветлени не само со дела и остатоци од материјалната култура, туку и со пишани податоци, кои претежно се наоѓаат во грчката литература.

Македонците се родени и живеат од искона на овие простори кои во минатото биле средиште на цивилизираниот свет. Тука никнале култури, се родиле великани со значење не само за историјата на европската култура, туку и за човештвото. Тие ја разбудија свеста кај новите генерации. Често се вели дека тоа што се одиграло во Македонија и во Израел, не може да се спореди со ништо во кој било дел од светот, ниту во кој било период.

Затоа, може да се каже дека книгата „Израел и Македонија“ е дел од хрониката на времето и условите на македонскиот народ на историската сцена. Тоа е дело за Евреите и Македонците кои денес имаат независни и суверени држави и успешно ги потврдија нивниот идентитет пред светот.  

Крај

1sla1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top